Национален атлас на заштитени подрачја – nature.mk
Овој успешен проект е од национално значење, бидејќи континуирано работеше да создаде база на информации за секое заштитено подрачје, мапи на заштитени подрачја, промотивни видеа, 360 ° фотографии итн; кои понатака создаваат национални вредности за поимите „природа“ и „заштитени подрачја“ и градењето на нашиот однос кон нив. Oвие придобивки и продукти ќе се користат за подигнување на свеста на национално ниво за важноста на заштитените подрачја, но исто така ќе се користат и за локален економски развој, претприемништво и создавање на зелени бизниси, туристички информации и едукација.
Сите заштитени подрачја ќе имаат корист од добивање на визуелен промотивен идентитет и ќе бидат дел од заедничката комуникациска стратегија за сите заштитени подрачја.

ПРЕДИЗВИК
Заштитените подрачја имаат голем потенцијал како одлична поддршка на одржливиот туризам и локалниот развој. Овие можности, за нив остануваат недоволно искористени и промовирани. Дополнително, општ заклучок е дека локалните жители се многу малку вклучени во управувањето со заштитените подрачја, но делумно ги користат, а неретко свесно или несвесно и ги злоупотребуваат еко-системските потенцијали на овие подрачја за генерирање на личен приход.
Овој начин на искористување на еко-системските услуги не може да иницира локален економски развој, да го поддржува формирањето на зелените бизниси и да го катализира одржливиот туризам и одржливото користење на еко-системските услуги.
Овој проект ќе донесе многу придобивки за локалното население и за животната средина, како и за промовирање на заштитените подрачја преку заедничка комуникациска платформа на едно национално ниво.
Со ова ќе се постигне :
- Комуникација, едукација и подигнување на јавната свест (ЦЕПА)
- Следење на видови и живеалишта
- Создавање национална платформа за други „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ – иницијативи на УНДП во рамките на веб и мобилната платформа ”
- Одржлив развој на туризмот и рекреацијата
- Илјадници жители кои живеат во и околу заштитените подрачја во нашата земја ќе имаат можност да научат поодговорни начини за промоција и искористување.
- Воспоставен е “двонасочен” систем за комуникација помеѓу заштитените подрачја и нивните управители и сите потенцијални посетители и туристи.
- Локалните луѓе ќе имаат корист од овој проект.
- Подобрен квалитет на 24-часовата промоција ќе привлече повеќе туристи.
- Локалните луѓе ќе имаат корист од користење на повеќе одржливи методи и тие ќе заштедат средства со користење на бесплатна платформа за да ги промовираат своите заштитени подрачја.
- Многуте ретки и загрозени видови кои живеат во заштитените подрачја ќе имаат многу подобар соживот во нивното природно живеалиште.
ПАРТНЕРИ:
Министерство за животна средина и просторно планирање на Република С. Македонија,
Проект „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ од Програмата за развој на обединетите нации (УНДП)




ФИНАНСИРАНО ОД:
Европска Унија

Контакт Информации:
Институт за обуки “Коцка” е непрофитна и невладина организација; која нуди обука и консултантски услуги за невладини организации / ГО, меѓународни организации за развој, единици на локална самоуправа (ЛСГ), бизниси, доколку се побара, за / до владини институции.
Забелешка:
Оваа веб-страница е креирана поради едукација и подигнување на јавната свест. Нејзините цели се строго едукативни и некомерцијални во рамките на проектот на УНДП „Национален атлас на заштитените подрачја – природа.мк“ спроведен од Институтот за обука Коцка – Скопје.
При нејзината изработка, се грижевме да ги вклучиме сите извори кои се користени и истите се вклучени во делот „Библиографија“ (поделени во неколку полиња), како и соодветни пренасочувања до веб адреси за понатамошно поопширно запознавање, кои пак се сместени во секцијата – „За нас“. Секое прекршување на авторските права е апсолутно не интенционално и настојувавме да ги следиме Условите за заштита на авторските права на трети лица во однос на слики, текстови и останат материјал. Исто така, вклучивме веб-врски до веб-страници кон трети страни, но не сме одговорни за нивната содржина или понатамошна промена. Сметавме и се водевме од премисата за адекватност и погодност на истите. Ниту еден материјал не смее да се преземе од оваа веб-страница без да се добие дозвола од вклучената трета страна.
Доколку откриете дека ненамерно се прекршени било какви авторски права или ненамерно сме пропуштиле да го наведеме изворот/авторот на одредени информации, би ви биле благодарни и ве молиме за истите да не известите. Исто така, доколку откриете било какви фактографски или технички грешки, ве молиме контактирајте со нас на [email protected], а ние ќе се обидеме да одговориме на вашите барања или коментари што е можно поскоро.