Дојранско Езеро (грчки: Λίμνη Δοϊράνη) — најмало тектонско езеро во Република С. Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км². Западниот, поголемиот дел (27,3 км²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км²) на Грција.
Повеќе
Дојранско Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Република Северна Македонија. Котлинскиот простор во кој е лоциран овој акваториум е ограничен од север и северозапад со планината Беласица, од запад и југозапад со ограноците на планината Кара Бели и од исток со ограноците на планината Круша. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е 148 м.
Површината на езерото изнесува 42,7 км², од кои 15,6 км² и припаѓаат на Република Грција, а 27,1 км² на Република С. Македонија. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации се сретнуваат различни податоци од 41,9 до 43 км². Податокот од 42,7 км² е податок од Статистичкиот завод на Република С. Македонија од 1996 година. И покрај ваквите разлики, треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина, од трите тектонски езера во Република С. Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км. Овој брег бележи најмала разгранетост, а во него преовладуваат песочни плажи кои имаат позитивен одраз во туризмот. Најголемата длабочина изнесува 10 м. Значи, се работи за многу мала длабочина, посебно во однос на Охридското и Преспанското Езеро, што треба да се прими како негативна околност за одвивање на туристичките активности. Потврда на оваа квалификација е и фактот дека дури на 100 метри оддалеченост од брегот, длабочината изнесува 3 метри. Најголем дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само поизразито наклонетите тераси се песокливи, што е една од причините за заматеноста на водата.
Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без’рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници од ‘рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без’рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици – корморани во огради од трска, т.н. мандри.
Затвори