previous arrow
next arrow
Slider

Инфо

Доранската Котлина со Дојранското Езеро се наоѓаат во крајниот југоисточен дел на Р. Северна Македонија, на македонско-грчката граница. Дојранската Котлина е со површина од 228 km2. Од север е заградена со планината Беласица (1887 т.н.в.) и нејзиниот низок разгранок Боска (720 м.н.в.), на исток ниската планина Круша (Карадак 860 м.н.в.), на запад со ниската планина Даб (697 m.Н.В.). Додека на Југ кон Солунското Поле и Солунскиот Залив е затворена.

Co Гевгелиско-валандовската котлина и долината на реката Вардар. Доранската котлина е поврзана преку превалецот Фурка (210 м.н.в). Дојранското Езеро е настанато по тектонски пат со спуштање вдолж раседи и го зафаќа западниот дел на Дојранско – Серската Котлина. Неговите координати се: помеѓу 40° 10`, 17″ и 41° 15′ 10″ северна географска ширина и 22° 12′ 18″ и 22° 17′ 40″ источна географска должина.

Повеќе

Езерото при нормален водостој има  површина од 42,74 km2, од кои 22,7 кm2 и на Република Северна Македонија, а 15,64 кm2 на соседна Република Грција.  Должината на езерото изнесува 8,9 км.  Неговата широчина изнесува 7,1 км,  максималната длабочина е 10,8 м. а средната длабочина 6,7 м. Дното на езерото, односно котлината се нaoѓa на 138 м.н.в., а водното огледало на езерото,  во нормални хидролошки услови, се  нaoѓa на 148 м.н.в.  Во Дојранско имаме преплетување на  благата медитеранска со умерено-континентална клима, што претставува  општа климатска карактеристика на овој простор.

Зимите во Дојранската Котлина се  кратки, релативно благи и ретко со
мразеви и студени денови. Езерото во  историското минато има замрзнато  неколку пати и тоа во 1371/72 г., 1870 г. и  во јануари 1900 година. Просечните  зимски температури се од 5-7 степени. Пролетта доаѓа рано, често на средината на февруари, а летата се најкарактеристични со високите температури, кои просечно се движат од  28-30 степени, а највисоките се качуваат и до 40 степени.

Дојран како град во античко време бил изграден на западниот брег на Дојранското Езеро, кај местото Топлец, каде што денес се наоѓа населбата Нов Дојран, која е изградена врз урнатините на стариот антички град. Според некои непотполни податоци, градот е изграден во IV век пред новата ера и се наоѓал во рамките на државата на Филип и Александар Македонски. Во некои документи се спомнува дека градот бил
разурнат и напуштен некаде во IX век од нашата ера.  Градот на западниот брег на Дојранското Езеро, во својата историја е познат по три имиња:
– Тауријан е досега најстарото познато име од античкиот град, кое се спомнува уште од IV век пред нашата ера, за време на владеењето на македонските (племенски) кралеви;
– Полин е второто познато име на овој град кое останало и до новото време. За тоа кога е променето името на градот Тауријан во Полин засега нема точни податоци. Веројатно тоа станало со мигрирањето на градот од север на југ.
– Дојран е третото и последно име на овој град, кој го добил со доаѓањето на Турците во Македонија во XIV век. Името го добил по легендата во која се кажува за гозба на турскиот аскер покрај езерото, а турскиот збор дојурмак, знаци гозба. Како втора варијанта се споменува турскиот збор „далјан“ што значи место, езеро (природно или вештачко) богато со риба.

Затвори

Легенда за Дојранското Езеро

На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не и давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што била прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добиле името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекле Дојранско Езеро, а градот Дојран.

  • Локација:

    Општина Дојран

  • Координати:

  • Макс. длабочина:

    10 m

[instalink id=”7″]

Воздушно видео

360 Фото

Галерија

Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).