[rev_slider_vc alias=”ezerani”]
[vc_empty_space][vc_text_separator title=”Инфо” color=”black”]

ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ЕЗЕРАНИ” НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО ЗА ПАРК НА ПРИРОДАТА Сл. Весник на Р. Македонија, бр.24 од 17.02.2012 година

Резерватот го зафаќа северниот  крајбрежен дел на Преспанското Езеро  и е лоциран на околу 855 м.н.в. Со заштитена површина од 2.080 ha, овој  простор во 1996 година е прогласен за  Строг природен резерват. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро е низок, мочурлив и обраснат со појас од трска.

Повеќе

На просторот на резерватот се гнездат, исхрануваат, одмараат и наоѓаат засолниште речиси сите видови птици кои се  среќаваат на Преспанското Езеро. Од евидентираните 200 видови птици. 104 на групата водни птици. Од вкупниот број на птици, 62 вида влегуваат во Списокот на заштитени видови според Бернската конвенција, а од списокот на 24 најстрого заштитени видом  птици со значење 3 видови се среќаваат и на подрачјето на резерватот (Pelicanus crispus, Pelicanus onocrotalus, Haliaeetus albicilla).  Од Европската црвена листа на глобално загрозени видови животни и растенија издадена од Обединетите Нации во 1995 година, од вкупно 14 Видови, З видови се среќаваат на подрачјето од  резерватот Езерани (PeIicanus crispus,  Phalacrocorah pygmaeus, Haliaeetus albiciIla).  Просторот има научно-истражувачко значење со посебна зоолошка намена. Од орнитолошки аспект најзначаен дел  на преспанското Езеро е северниот, меѓу селата Сир-Хан и Асамати.

Подрачјето Езерани се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, во областа Преспа, поточно Горна Преспа. Го зафаќа крајбрежјето и најсеверниот дел од Преспанското Езеро. ПП Езерани се протега по северниот брег на Преспанското Езеро на надморска височина од 850 до околу 855 m. Границата на Паркот на природата “Езерани”, според Законот прогласување на локалитетот “Езерани” на Преспанско Езеро за Парк на природата, започнува кај месноста Прекоп, северозападно од селото Асамати кај котата од 848 m, по што се протега на северозапад по подобар колски пат во должина од околу 500 метри, кого го напушта и потоа се протега на исток по работ на бедемот на стариот рибник во должина од 400 метри а потоа скршнува и води на север и северозапад по работ на стариот рибник сè до котата од 854 m. Тука границата скршнува и се протега на североисток, избива на лош колски пат по кого се движи на север во должина од 750 m по што остро свртува на запад, а потоа се протега на југозапад по работ на коријата до месноста Старо Село до под манастирот Св. Иван. Оттука границата се протега на запад по работ на појасот со трска над месноста Лолици и во тој правец пресекува лош колски пат и избива повторно на лош колски пат по кого води на север во должина од 250 m, по што остро свртува и води на запад по лош колски пат во должина од околу 400 m до тригонометриската точка од 851 m каде што повторно остро свртува и води на југ во должина од околу 300 метри, потоа свртува на запад и се протега низ појасот со трска над заблатената површина кај месноста Солејица, каде што пресекува подобар колски пат што завршува во блатото и продолжува да води на запад, пресекува уште два лоши колски патишта и продолжува да води по работ на мочурливата површина над месноста Солејнца сè до тригонометриската точка од 852 m. Тука границата остро свртува и води на југ према брегот на Преспанско Eзеро, при што минува низ котата од 846 m. Во тој правец границата води низ водите на Преспанско Eзеро до длабочина од околу 10 m по што свртува на југозапад и се протега низ водите на Преспанско Езеро по линија што означува длабочина од околу 10 m и во североисточен правец избива на брегот на Преспанско Eзеро каде што завршува на почетната точка кај месноста Прекоп. Деталните граници на Езерани се прикажани на картографскиот приказ на во Прилог VIII.3 Во рамките на вака одредените граници, резерватот зафаќа површина од 1917 ha од што 1066 ha се копнена површина, додека 851 ha е водна површина. Односот на копнена и водна површина е релативен бидејќи нивото на Преспанското Езеро значително варира во тек на годината и особено во тек на подолги периоди.

Статус на национално заштитено подрачје – прво прогласување (1996-2012) Езерани е прогласено за Строг природен резерват (СПР) во 1996 година од страна на Собранието на Република Македонија со Законот за прогласување на орнитолошкиот локалитет „Езерани“ на Преспанското Езеро, за строг природен резерват (Сл. весник на РМ бр. 37/96). Површината на прогласениот природен резерват изнесувала 2080 ha. (*****).

Затвори

[vc_empty_space]
Локација

Езерани, неколку километри од градот Ресен

Координати

41°01′26″N 21°01′20″E

Краток опис

Езерани, неколку километри од градот Ресен

Геологија и Геоморфологија

Езерани влегува во склоп на преспанскиот басен кој припаѓа на западно-македонската геотектонска зона. Силикатните карпи преовладуваат во источниот дел од сливното подрачје, додека планините во јужната и западната зона се составени главно од карбонатни маси. Самото заштитено подрачје се наоѓа во најнискиот дел на сливното подрачје. Морфолошката депресија помеѓу планинските венци се протега на надморска височина од околу 900 м во околината на Ресен и на 800 мнв на дното од Преспанското Езеро. Оваа депресија содржи млади седименти составени од езерски плиоценски материјали (стврднат песок, чакал, мил, глина, лигнит) препокриени со квартерни депозити (плеистоценски и холоценски алувијални депозити) со различна длабочина. По должината на патот помеѓу Ресен и северниот брег на Преспанското Езеро при геолошки дупчења достигнато е до базични метаморфни карпи на длабочина од 150 метри. Вкупната длабочина на плиоценско-квартерни и рецентни (пост-глацијални) алувијални седименти најверојатно се зголемува во правец на сегашната брегова линија на Преспанското Eзеро, односно на територијата на ПП Езерани. Во ова подрачје каде што се застапени наведените седименти со голема веројатност се проценува дека постојат околу 8000 до 10.000 релативно плитки бунари кои се користат за наводнување и во најголем дел се распоредени во ресенското поле, на север од Преспанското Езеро. Распоредот на седиментите во ПП езерани е прикажан на картата на Сл. 8. Помеѓу населените места Сир Хан и Волкодери и во околината на селата Грнчари и Подмочани, во близина на територијата на ПП Езерани присутни се колувијални тераси од мали ридови. Овие седименти се формирале од ерозивен материјал од околните планини. Почвите кои се формирале од овие седименти имаат поизразена структура, помала 33 растрошеност и помала густина на обемот, како резултат на тоа што иницијалниот ерозивен материјал не е значително изменет заради краткиот период на педогенеза.

Хидрологија и хидрографија

Сливното подрачје на Преспанското Езеро се карактеризира со добро развиена хидрографска мрежа во источниот и северниот дел. Сите главни водни текови се формираат на подножјето од планините Пелистер, Бигла и Плакенска Планина. Голема Река заедно со нејзината лева притока Лева Река, примаат води од Плакенска Планина и Бигла. Голема Река има најголемо сливно подрачје и затоа има значајна улога во водниот баланс на езерото. Од источната страна на езерото, од планината Пелистер, се вливаат три постојани речни текови од Македонија (Брајчинска, Кранска и Курбинска Река) еден од Грција (Стара Река), како и неколку помали водни текови од Пелистер. Поради застапеноста на карстната структура на теренот, западниот дел од сливното подрачје се одликува со мали капацитети на водните текови. Во ПП Езерани познати се две, не толку јасни хидролошки зони. Покрај водата добиена директно од атмосферските врнежи, главниот дотек на вода во Езерани се обезбедува од сливовите на Голема и Источка Река. Поради карактеристичниот хидрогеолошки состав на целиот регион, дотекувањето на подземна вода е исто така значајно. Проценето е дека вкупниот слив кој придонесува за доток на вода во резерватот (Голема, Источка и сопствен слив) е околу 250 km2 .

Сливот на Голема Река игра најзначајна улога во карактеризирање на хидрологијата на ПП Езерани игра реката Голема Река. Таа важи за најзначаен водотек и за целиот слив на Преспа. Нејзиниот извор се наоѓа во близина на с. Крушје, Плакенска Планина. Изворот е познат како Крушје и обезбедува значаен дел вода за градот Ресен.

Плавењето на теренот од страна на Голема Река во пролетниот период бил и сè уште е (иако значењето е намалено заради канализирањето на реката) најважен фактор за постоењето на значајни блатни станишта во ПП Езерани. Според последните податоци, сливот на Голема Река опфаќа 182,9 km2 , должината на реката е 26,1 km, со просечна надморска височина од 1102 метри, просечен пад од 0,153 и периметар од 58 km. Вкупниот годишен проток на Голема Река кој дотекува во езерото е проценет на 29,96 милиони m 3 (пресметано од повеќегодишен просек). Главното дотекување во ПП Езерани и во Преспанското Езеро е во периодот декември- мај, со повеќе од 80% од годишниот доток, за разлика од периодот јуни-ноември. Овој однос, во иднина може да биде и зголемен како резултат на зголемување на користењето на површинска и подземна вода во сливот за наводнување во вегетативната сезона. Во овој контекст е важно да се спомене дека коритото на Голема Река е пренасочено во вештачки изградено корито во времето на изградбата на пречистителната станица за отпадни води Езерани. Овој канал се влива во Преспанското Езеро неколку стотини метри источно од оригиналниот влив, додека новото корито на реката тече помеѓу поранешните рибници.

Сливот на Источка Река Втората река која директно дотекува во Езерани е Источка Река. Се карактеризира со непостојан проток, понекогаш се случува да нема проток воопшто. Без разлика на нејзиниот воден потенцијал, сливната површина на оваа река е значајна и мора да биде земена предвид при пресметката на вкупниот воден биланс на  Езерани. Протокот на Источка Река е многу тешко да се одреди поради многуте вештачки промени, поврзувања со системот за наводнување, како и поради рамниот терен кој овозможува постојана интеракција на површинската и подземната вода. Огромниот број приватни бунари за наводнување во регионот, кој постојано се зголемува, оневозможува точна проценка на протокот на оваа река. Вкупен доток на површински води во ПП Езерани Според GFA (2006), северниот дел на сливот Преспа, кој генерално кореспондира со површината која гравитира кон ПП Езерани, е проценет на околу 250 km2 . Коефициентот на дотекување од 14,2 l/s/ km2 (проценка) резултира со повеќегодишен просек на дотокот од 3,6 m 3 или вкупен годишен површински доток од 113,3 милиони m 3 . Доток на подземни води Количеството на подземна вода што дотекува во ПП Езерани не може да се пресмета точно без претходно да се извршат темелни дополнителни истражувања. Ваквото истражување е уште повеќе отежнато поради зголеменото користење на подземните води за земјоделски потреби околу Езерани. Бројот на приватно ископани бунари, како и испумпаната количина на вода не се познати. Постојат литолошки податоци од 4 дупнатини подлабоки од 30 метри (бунари за водоснабдување и истражни дупнатини), од кои три се наоѓаат во близина на Езерани, но недостатокот од геолошки податоци оневозможува да се направат геолошки и хидрогеолошки профили. Бидејќи не постои никаков систем за мониторинг на ваквите дупнатини, не може да се има увид на ситуацијата со подземната вода во регионот. Податоци постојат само од серија 36 на плитки геотехнички истражни процепи, од кои најзначаен е профилот од Ресен до пречистителната станица Езерани: i) Информации за овие процепи се направени во 1988 година, односно во периодот кога нивото на водата во Преспанското Езеро било 3-4 метри повисоко од сега. Ова исто така влијаело и на нивото на подземната вода во јужниот дел на ресенската котлина. Поради ова, наведените податоци се ирелевантни за опишување на сегашната состојба со подземните води во регионот. ii) Во рамките на ПП Езерани на површината се наоѓа слој од 2,5 метри чакал и песок на или непосредно под површината. Најдлабоките истражни процепи (10 метри) укажуваат на постоење на песоклива глина под слојот на чакал. iii) Просечното ниво на подземна вода забележано за време на истражувањата на потегот Ресен-Езерани е 1,5 метри под површината на теренот. Тоа варирало помеѓу 1 и 3 метри длабочина по должината на профилот, во зависност од локалните морфолошки услови. Нивото на вода до крајот на серијата процепи (во рамките на Езерани) допирало до површината на теренот. Хидрауличкиот градиент Δh/L изнесувал 19,8 m/ 6,800 m, односно i=2,9*10-3 .

Ниво на водата во Преспанското Езеро Во последните неколку децении Преспанското Езеро поминало три периоди со драстично намалување на нивото на вода: 1975/77 (1,2 m), 1987/90 (3,7 m) и 2000/02 (2,2 m). Помеѓу овие периоди, нивото на вода или се враќало (во раните осумдесетти години) или стагнирало, како пред 2000 година. Иако овие периоди со изразени губитоци на вода се релативно кратки, во тие периоди ги снемувало дури и сезонските варијации (Чавкаловски, 1997).

Како најприфатливо објаснување за флуктуациите на нивото на водата се карстните феномени, односно промени во хидрауличните карактеристики на подземниот систем на карстни канали, природните варијации на дождовите и површинскиот доток, и веројатно зголемувањето на користењето на водата за наводнување, индустриски и други потреби на човекот.

Клима

Климата во преспанската котлина е изложена на значајни медитерански и континентални влијанија и затоа се карактеризира како континентална или изменета континентална клима. При тоа преспанскиот регион од климатски аспект, слично како и од географско-административен аспект, може да се подели на Долна (или Мала) Преспа и Горна (или Голема) Преспа. Горна Преспа е под посилно континентално влијание, додека Долна Преспа е пд посилно медитеранско влијание. Покрај тоа, климата во овој регион во голема мера е диктирана од водната маса на Преспанското Езеро, која со својата инертна термодинамика влијае врз сливното подрачје на Преспанското Езеро. ПП Езерани се наоѓа во средината на сливот на Преспанското Езеро, на северната страна на езерото, која се карактеризира со умерена континентална клима, спротивно од нај источните и југоисточните региони каде доминира влијанието на Медитеранот.

Средната годишна температура на воздухот изнесува 10,2 °С (1931-1960) и 9,6 °С за периодот 1961-1987. Најтоплиот месец е јули, со просечна месечна температура од 19,2 °С, додека најстуден е јануари, со просечна месечна температура од 0,2 °С. Најраните температури на мрзнење започнуваат во месец октомври, додека последните мразеви завршуваат во мај. Просечниот период на мрзнење е околу 163 дена. Врнежите се најинтензивни во периодот на доцна есен и зима, а најмала количина на врнежи се регистрирани во текот на јули и август. Просечната количина на врнежи за периодот 1961-1991 година изнесува 730 mm (метеоролошка станица Ресен). Се проценува дека долгогодишниот просек на годишни врнежи во целиот слив на Преспа изнесува 704 mm/годишно . Застапени се неколку локални ветрови во преспанската котлина кои се условени од езерската водна маса, поради нееднаквото загревање на воздухот над езерската површина и над копното. Така, во македонскиот дел од котлината, овие локални ветрови се именувани како Стрмец, Деник и Безимен. Според податоците на метеоролошката станица Ресен, која е репрезентативна за ПП Езерани, забележани се следниве климатски карактеристики во периодот кога станицата била активна: – Просечен годишен број на сончеви часови е 2300, со просечно 6,3 часа на ден – Просечна облачност во последните години на годишно ниво е 4,8/10 (48%). Максимална просечна дневна облачност е забележана во јануари и февруари со 6,4/10 (64%), а најниска во август 2,1/10 или 21%. Средна годишна релативна влажност на воздухот е 74%, со максимум од 81% во јануари и февруари и минимум од 66% во јули.

Биодиверзитет

Најголемото значење на Езерани произлегува од значењето на компонентите на биолошката разновидност застапени на неговата територија. При тоа, значењето на Езерани не е ограничено само во национални рамки, туку тоа е и глобално.

Тврди олиго-месотрофни води со бентосна вегетација од реса (Chara spp.)] како значајни станишта (освен подводните клими од реси), додека Бернската конвенција ги оценува сите одделно како станишта со приоритет за заштита: C1.222 Пливачки (Hydrocharis morsus-ranae) сплавови [CoE BC Res. No. 45 1996: 22.412 Сплавови од жабјак] C1.224

Пливачки (Utricularia australis) и (Utricularia vulgaris) колонии [CoE BC Res. No. 4 1996: 22.414 Колонии од водна меурка] C1.225

Пливачки (Salvinia natans) килими [CoE BC Res. No. 4 1996: 22.415 [Salvinia] покривки] C1.25

Подводни килими од реси во мезотрофни водни тела [Annex I: 3140

Тврди олиго- месотрофни води со бентосна вегетација од реса (Chara spp.); CoE BC Res. No. 4 1996: 22.44

Подводни килими од харофитни алги]

Од особено конзервациско значење се и природните речни станишта – C2.3 Постојани бавно течечки водни текови не естуарии [HD Annex I: 3260

Водни текови од низиски до предпланински нивоа со вегетација од сојузите Ranunculion fluitantis и Callitricho-Batrachion], како и влажните ливади: E3.1 Медитерански високи влажни тревести формации [HD Annex I: 6420 Медитерански високи влажни тревести формации од Molinio-Holoschoenion] [CoE BC Res. No. 4 1996: 37.4

Медитерански високи влажни тревести формации] претставени со E3.11 Медитерански низински високи влажни тревести формации.

Шумските и грмушестите врбови станишта и евловите шуми се исто така со приоритет за заштита: F9.1

Крајречни шибјаци со станишниот тип F9.12

Низински и брежести (ридчести) речни врбови шибјаци [CoE BC Res. No. 4 1996: 44.1

Рипариски врбови формации] односно 4 HD – Habitat Directive или Директива на Европската унија за станишта и диви видови 5 CoE BC Res. No. 4 – Council of Europe Bern Convention Resolution No. 4 (Конвенција на Советот на Европа за диви видови и станишта – Бернска конвенција, Резолуција бр. 4) 57 F9.123

Балканси врбови речни шибјаци и G1.1 Рипариски и галериски шуми и шумички со доминантни евли (Alnus), брези (Betula), тополи (Populus) или врби (Salix) претставени со стаништата од G1.112

Медитерански високи врбови галерии [HD Annex I: 92A0 Salix alba and Populus alba галерии] [CoE BC Res. No. 4 1996: 44.1 Рипарчиски врбови формации] – G1.1121

Медитерански галери од бела врба и G1.1122 Шуми од (Salix eleagnos) и љагушка (Salix cinerea).

Флора

Видот алдрованда (Aldrovanda vesiculosa) претставува посебно значајно водно инсективорно растение од фамилијата Droseraceae.

Во национални размери овој растителен вид се води како критично загрозен вид во земјите каде е автохтоно застапен.

Единствените податоци за овој вид во Р. Северна Македонија сведочат дека го има само во Преспанското Езеро и неговото распространување е ограничено во крајбрежната зона на ПП Езерани.

Веќе две децении овој вид не е виден во Езерани. Покрај алдровандата во ПП Езерани се среќаваат и видовите Salvinia natans и Trapa natans кои се заштитени според Директивата на Советот на Европа за станишта и диви видови (наведени во анкесите II и IV) и Бернската конвенција.

ФАУНА Валоризација на инвертебратната фауна Во однос на инвертебратната фауна, 3 видови се вбројуваат во Annex II и 3 видови во Annex IV од Директивата за живеалишта 92/43/ЕЕС. Глобално засегнати видови (IUCN) не се регистрирани, но затоа степенот на ендемизам во ПП Езерани по однос на инвертебратната фауна е висок. Дадени инвертебратните видови кои се значајни на национално и меѓународно ниво. Листата на безрбетници во ПП Езерани кои се под меѓународна заштита, глобално засегнати видови или ендемити (Извор: Smith et al. 2009; дополнето) Вид HD (Аnnex II / IV)* IUCN МК листи++ Ендемизам Spongilla prespensis

– Преспанско Езеро Dendrocoelum prespense

– Преспанско Езеро Dendrocoelum adenodactylosum

– Преспанско и Охридско Езеро Dactylogyrus prespensis

– Преспанско Езеро Dactylogyrus balcanicus

– Преспанско Езеро Dactylogyrus crivellus –

– Преспанско Езеро Malaprespia albanica

– Преспанско Езеро Vinodolia (Prespiana) lacustris

– Преспанско Езеро Prespolitorea malaprespensis

– Преспанско Езеро Prespolitorea valvataeformis

– Преспанско Езеро Pyrgohydrobia

– Преспанско Езеро 58 (Prespopyrgula) prespaensis Bythinella lacustris – – Преспанско Езеро Parabythinella macedonica

– Преспанско Езеро Parabythinella malaprespensis

– Преспанско Езеро Lymnaea pinteri

– Преспанско Езеро Planorbis (Crassiplanorbis) prespensis

– Преспанско Езеро Pisidium maasseni

– Преспанско Езеро Potamothrix prespaensis

– Преспанско Езеро Psammoryctides ochridanus

– Преспанско и Охридско Езеро Spirosperma tenuis

– Преспанско и Охридско Езеро Stylodrilus leucocephalus

– Преспанско и Охридско Езеро Ochridacyclops arndti prespensis

– Преспанско Езеро Candona marginatoides

– Преспанско Езеро Candona paionica

– Преспанско Езеро Typhlocypris prespica

– Југозападен Балкан Leptocythere prespensis

– Преспанско и Охридско Езеро Gammarus triacanthus prespensis

– Преспанско Езеро Lycaena dispar II/IV NT – Zerynthia polyxena IV – Coenagrion ornatum II – – Leucorrhinia pectoralis II/IV

– * Директива за живеалишта 92/43/ЕЕС (Аnnex II /Annex IV) ++ Листи за строго заштитени и заштитени видови (Сл. весник на РМ 139/2011)

Вкупно 23 видови риби се регистрирани во Преспанското Езеро, од кои 13 во Езерани. Ниту еден од овие видови не е вклучен во анексите на ЕУ Директивата за живеалишта, но 8 видови се со висок конзервациски статус и се категоризирани како глобалнро засегнати според IUCN.

Како локални ендемити со ареал на распространување ограничен на Преспанското Езеро се јавуваат 8 видови. Табела 9. Листа на рибите од Преспанското Езеро карактеристични за ПП Езерани што имаат глобално конзервациско значење (Извор: Smith et al. 2009; изменето и дополнето) Вид Македонско име IUCN МК листи.

Ендемизам Alburnoides prespensis Преспанска гомнушка VU** Преспанско Езеро Alburnus belvica Преспанска плашица VU (2006) Преспанско Езеро Anguilla anguilla Јагула CR (2008) 59 Barbus prespensis Преспанска мрена VU (2006) Преспанско Езеро Chondrostoma prespense Преспански скобуст VU (2006) Преспанско Езеро Cobitis meridionalis Преспанска штипалка VU (2006) Преспанско Езеро Cyprinus carpio + Крап; шаран DD (1996); VU** Pelasgus prespensis Преспанско грунче EN (2006) Преспанско Езеро Rutilus prespensis Преспански грунец VU (2006) Преспанско Езеро Squalius prespensis Преспански клен LC (1996) Преспанско Езеро *EN – загрозен, CR – критично засегнат; VU – ранлив; LC – најмалку засегнат; DD – нема доволно податоци + Интродуциран уште од римско време ** Според Kottelat and Freyhof (2007) ++ Листи за строго заштитени и заштитени видови (Сл. весник на РМ 139/2011) Рибната фауна на Големо и Мало Преспанско Езеро заслужува посебно внимание, бидејќи е исклучителна, пред сè поради големиот број ендемични видови риби.

Со исклучок на интродуцираните видови риби, според IUCN повеќето имаат статус на ранливи или критично засегнати. Подетални податоци можат да се најдат во Студијата за Езерани (Smith et al. 2009). Валоризација на водоземци Директивата за живеалишта обезбедува законска заштита за 6 видови (Annex IV), додека видовите како македонскиот мраморец (Triturus macedonicus) и жолтиот мукач (Bombina scabra), се вклучени и во листата на Annex II. Видовите од Annex II се од посебен интерес за Европската Унија, за чија заштита е потребно да се определат посебни подрачја за заштита. Вкупно девет видови водоземци се регистрирани за Езерани и ниту еден не е вклучен во трите IUCN категории на глобално засегнати видови. Водоземците Triturus macedonicus, Bombina scabra и Lissotriton vulgaris се балкански ендемити кои се ‘ранливи’ поради нивниот ограничен дистрибутивен ареал, кој покрива водни екосистеми со дисјунктивна дистрибуција, само во одделни делови на Балканскиот Полуостров.

Меѓународно заштитени и глобално засегнати видови водоземци во ПП Езерани (Извор: Smith et al. 2009; изменето и дополнето) Вид Македонско име HD (Аnnex II / IV)* МК листи++ Triturus macedonicus Македонски мраморец II/IV Lissotriton vulgaris graecus Балкански мал мраморец – 60 Bombina scabra Жолт мукач II/IV Pelobates syriacus balcanicus Балканска лукова жаба IV Pseudepidalea viridis Зелена крастава жаба IV – Hyla arborea Гаталинка IV – Rana dalmatina Горска жаба IV – * Директива за живеалишта 92/43/ЕЕС (Аnnex II /Annex IV) ++ Листи за строго заштитени и заштитени видови (Сл. весник на РМ 139/2011) Валоризација на влечуги Од вкупниот број регистрирани видови влечуги (14) за територијата на ПП Езерани, меѓуанордна заштита уживаат 12 видови кои се вклучени во Annex IV од Директивата за живеалишта, додека видовите како ридска желка (Eurotestado hermanni), блатната желка (Emis orbicularis) и ждрепката (Elaphe quaturolineata) се вклучени и во Annex II (животински и растителни видови кои се од посебен интерес за унијата, и за чија заштита е потребно да се определат посебни подрачја за заштита). Во ПП Езерани не се регистрирани влечуги со висок глобален конзервациски статус, односно ниту еден вид не е вклучен на IUCN листите на засегнати видови. Видовите Eurotestudo hermanni boettgeri, Podarcis tauricus, Podarcis erhardii и Laserta trilineata се балкански ендемити. Табела 11. Меѓународно заштитени и ендемични видови влечуги во ПП Езерани (Извор: Smith et al. 2009; изменето и дополнето) Вид Македонско име HD (Аnnex II / IV)* МК листи ++ Ендемизам Eurotestudo hermanni boettgeri Ридска желка II/IV Балкански Полуостров Emys orbicularis Блатна желка II/IV – Lacerta viridis Зелен гуштер IV – Lacerta trilineata Голем зелен гуштер IV Балкански Полуостров Podarcis muralis Скалеста гуштерица IV – Podarcis tauricus Степска гуштерица IV Балкански Полуостров Podarcis erhardii Македонска гуштерица IV Балкански Полуостров Dolichophis caspius Жолт смок IV – Zamenis longissimus Ескулапов смок IV – Elaphe quatuorlineata Ждрепка II/IV – Natrix tessellata Рибарка IV – Vipera ammodytes Поскок IV – * Директива за живеалишта 92/43/ЕЕС (Аnnex II /Annex IV) 61 ++ Листи за строго заштитени и заштитени видови (Сл. весник на РМ 139/2011) Валоризација на птиците На територијата на ПП Езерани се регистрирани 216 видови птици што укажува на исклучителното значење на ова заштитено подрачје за орнитофауна на Македонија и пошироко. Регионалното значење (во европски контекст) се огледа во тоа што тука се среќаваат 68 видови птици од анксот I на Директивата на ЕУ за птици (2009/147/EC). На глобален план ПП Езерани е значаен заради присуство на 4 видови од ИУЦН листата на глобално засегнати видови. Од нив најверојатно е најзначаен далматинскиот пеликан (заради постојаното присуство). Сепак Езерани за сега нема клучно значење за пеликанот бидејќи овој вид не гнезди во рамките на заштитеното подрачје. Присуството на некои од наведените видови не е потврдено долг временски период, а некои видови многу ретко се појавуваат во ПП Езерани. Сепак, значењето на овој локалитет за орнитофауната е големо.

Меѓународно заштитени или глобално засегнати видови птици што можат да се сретнат во ПП Езерани (Извор: Smith et al. 2009; дополнето) Вид Македонско име Директива за птици* МК листи++ IUCN 1. Gavia arctica Црногушест морски нуркач I / – 2. Podiceps auritus Ушест нуркач I / – 3. Phalacrocorax pygmaeus Мал корморан I строго заш. – 4. Pelecanus onocrotalus Бел (обичен) пеликан I строго заш. – 5. Pelecanus crispus Далматински (кадроглав) пеликан I строго заш. VU 6. Botaurus stellaris Eurasian Bittern I строго заш. – 7. Ixobrychus minutus Мал воден бик; мал букавец I строго заш. – 8. Nycticorax nycticorax Ноќна чапја I строго заш. – 9. Ardeola ralloides Гривеста чапја I строго заш. – 10. Egretta garzetta Мала бела чапја I строго заш. – 11. Casmerodius albus Голема бела чапја I строго заш. – 12. Ardea purpurea Пурпурна чапја I строго заш. – 13. Ciconia ciconia Бел штрк I строго заш. – 14. Ciconia nigra Црн штрк I строго заш. – 15. Plegadis falcinellus Блескав ибис I строго заш. – 16. Platalea leucorodia Чапја лажичарка I строго заш. – 17. Phoenicopterus roseus Фламинго I / – 18. Cygnus cygnus Жолтоклун лебед; лебед I строго заш. – 62 пејач 19. Aythya nyroca Њорка; кожуфар I заштитен NT 20. Mergellus albellus Мал северен (бел) потопник I / – 21. Mergus merganser Голем северен потопник II / – 22. Pernis apivorus Јастреб осојад I строго заш. – 23. Milvus migrans Црна луња I строго заш. – 24. Haliaeetus albicilla Белоопашест морски орел I строго заш. – 25. Neophron percnopterus Мал орел мршојадец; кања I строго заш. EN 26. Aegypius monachus Црн орел мршојадец I строго заш. NT 27. Circaetus gallicus Орел змијар I строго заш. – 28. Circus aeruginosus Блатна еја I строго заш. – 29. Circus cyaneus Полска еја I строго заш. – 30. Circus macrourus Степска еја I / NT 31. Circus pygargus Ливадска еја I строго заш. – 32. Accipiter brevipes Краткопрст јастреб I строго заш. – 33. Aquila heliaca Царски (крстат) орел I строго заш. VU 34. Pandion haliaetus Орел рибар I строго заш. – 35. Falco naumanni Степска ветрушка I строго заш. VU 36. Falco vespertinus Вечерна (црвенонога) ветрушка I строго заш. NT 37. Falco columbarius Мал сокол I строго заш. – 38. Falco peregrinus Сив сокол I строго заш. – 39. Porzana pusilla Мала шарена блатна кокошка I строго заш. – 40. Grus grus Сив жерав I строго заш. – 41. Himantopus himantopus Долгонога сабјарка I строго заш. – 42. Recurvirostra avosetta Кривоклуна сабјарка I строго заш. – 43. Burhinus oedicnemus Чурулин I строго заш. – 44. Glareola pratincola Обична блатна ластовица I строго заш. – 45. Glareola nordmanni Степска блатна ластовица – строго заш. NT 46. Charadrius alexandrinus** Морски дождосвирец I строго заш. – 47. Philomachus pugnax Бојник I строго заш. – 48. Limosa limosa Црноопашеста шљука II строго заш. NT 49. Numenius arquata Блатна шљука II / NT 63 50. Tringa glareola Мала тринга I / – 51. Larus melanocephalus Црноглав галеб I / – 52. Larus minutus Мал галеб I строго заш. – 53. Larus genei Тенкоклун галеб I / – 54. Sterna nilotica Дебелоклуна вртимушка I / – 55. Sterna caspia Касписка вртимушка I / – 56. Sterna sandvicensis Гривеста вртимушка I / – 57. Sterna hirundo Обична вртимушка I / – 58. Sterna albifrons Мала вртимушка I / – 59. Chlidonias niger Црна вртимушка I / – 60. Bubo bubo Буф I / – 61. Caprimulgus europaeus Ноќна ластовица; козодој I / – 62. Alcedo atthis Рибарче I / – 63. Coracias garrulus Смрдиврана I строго заш. NT 64. Dendrocopos syriacus Сиријски шарен клукајдрвец I / – 65. Dendrocopos medius Обичен шарен клукајдрвец I / – 66. Calandrella brachydactyla Мала чучулига I / – 67. Anthus campestris Полска трепетливка I / – 68. Acrocephalus melanopogon Мустаќесто трскарче I / – 69. Ficedula albicollis Белошиесто муварче I / – 70. Lanius collurio Црвеногрбо свраче I / – 71. Lanius minor Мало сиво свраче I / – 72. Emberiza hortulana Градинарска овесарка I / – ** Објавени податоци за присуство на видови за кои се смета дека не е веројатно дека ќе се потврдат или треба верификација * Директива на Европската унија за заштита на дивите видови птици (2009/147/EC) ++ Листи за строго заштитени и заштитени видови (Сл. весник на РМ 139/2011)

[vc_empty_space]
[vc_single_image image=”2096″ alignment=”center” style=”vc_box_border_circle” border_color=”green”][vc_empty_space][vc_text_separator title=”Мени” color=”black”]
[vc_text_separator title=”Инстаграм” color=”black”]

[instalink id=”8″]

[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”Воздушно видео” color=”black”][vc_empty_space][veso_video_lightbox link_style=”play_button” textalign=”text-center” play_button_color=”#81d742″ video_url=”https://vimeo.com/330873397″]
[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”360 Фото” color=”black”][vc_single_image image=”2551″ alignment=”center” enable_animation_pro=””][vc_empty_space height=”52px”]
[vc_empty_space]
Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).