previous arrow
next arrow
Slider

Info

Пештерата Горна Слатинска се наоѓа од левата долинска страна на Крушеска Река, на ридот Баба. Има два влеза, од кои едниот е на 591 m н.в., а другиот 579 m.

Морфометрија на пештерата

Пештерата претставува тунелска пештера. Влезот на пештерата е предиспониран со пукнатина која има формирано два влеза. Димензиите на првиот се 0.6×0.8 m, а на другиот 1.8×0.6 m. Главниот пештерски канал е едноставен и има правец на протегање исток-североисток-југ. На четири места кон него се надоврзуваат помали пештерски канали, од кои два се на пониско пештерско ниво. Низ целата должина на каналите височината на таванот се движи од 0.8-4 m, а нивната широчина е од 1-3 m. Главниот канал завршува со отвор кон површината на земјата со димензии 0.9×0.6 m. Вкупната должина на пештерските канали е 336m. Пештерата таа припаѓа нагрупата разгранети пештери (Palmer, 1991).

Морфогенеза на пештерата

Пештерата Горна Слатинска е фосилна речна пештера со јасни траги од некогашен подземен тек,претставени со зарамнето речно корито со вертикални страни, меандра и речна тераса (Петреска, 2007).

Во пештерата се евидентирани неколку пештерски микро релјефни форми, како: чинии, тавански џебови, лончиња, прозорци,ниво на воден хоризонт и пештерски остенок (Гичевски, 2012). Чиниите обично се јавуваат во групи, вдлабнати во пештерските ѕидови. Нивната должина е од 3-7 cm. Сите евидентирани тавански џебови се наоѓаат на таванот и се предиспонирани со една или повеќе пукнатини. Тие се застапени во групи (од 3-4 во група), особено во повисокото пештерско ниво. Тие имаат различни големини. Обично нивниот дијаметар е од 5-40 cm, а длабоки се од 3-30 cm.Лончињата кои се евидентирани денес не се активни, но претставуваат доказ дека во минатотоимало тек со голем волумен на вода (Ford 1965). Најчесто се застапени поединечни лончиња, но има и линиски подредени во групи. Доминираат лончиња чии страни се вертикални, но има и такви сосферна површина. Нивната површина е речиси мазна, а дното е исполнето со покрупен песоклив материјал од некогашниот подземен речен тек кој течел низ пештерскиот канал. Најзастапени се лончиња чиј дијаметар е поголем во споредба со нивната длабочина. Лонче со најголем измерен дијаметар е од 23 cm чија длабочина е 7 cm, а лонче со најголема длабочина е од 20 cm чиј дијаметар е 20 cm.Во пештерата има три прозори, сите формирани на повисокото пештерско ниво. Овие форми се забележани и од страна на Jovanovič (1928)кој смета дека се остатоци од сифони.Ниво на воден хоризонте евидентиран на височина од 0.75 m од дното на некогашното речно корито. Оваа релјефна форма е изразена речиси по целиот пештерски канал од повисокото пештерско ниво.Од горе наведените микро релјефни форми (вид на релјефна форма, големина на релјефна форма и нејзина местоположба во пештерскиот канал) се изнесува заклучокот дека пештерата Горна Слатинска е формирана во епифреатска зона, со подземен тек чија брзина е поголема отколку вофреатската зона. Брзите текови транспортирале песок и чакал кои денес сезабележуваат само кај микро формите – лончиња. Кај сите анализирани пештерски микро форми доминантен процес во нивното формирање е корозијата, со исклучок на лончињата кај кои се доминантни механичката ерозија и корозијата.

Според Jovanovič (1928) пештерата е формирана за време на глацијалниот период Вирм. Според него Слатинска Река својата долина ја има всечено во неогената површ на ридот Баба (751 m), што значи дека е помлада од неоген. На височина на пештерата, во долината на река Треска има ´ртеста тераса, а кај селото Горна Белица (покрај река Белешница) има широка чакалеста и бигровита флувиоглацијална тераса, за која е утврдено дека одговара на глацијалниот период Вирм. Врзувајќи ги овие две нивоа може да се каже дека главниот пештерски ходник е исто добен со флувиоглацијалните вирмски тераси. Пониското ниво од пештерата е помладо и одговара на всекувањето на долината после глацијалот Вирм.

Пештерски седименти

Во пештерата може да се евидентираат само пештерски украси. Според природата (условите) во кои тие се формирале (Palmer 2007) припаѓаат на три групи. Најбројните украси припаѓаат во групата на украси формирани од вода што тече или капе, а такви се: сталактити, сталагмити и    пештерски столбови. Во втората група припаѓаат украсите welts кои се формирани од капиларна вода поради фрактурите во украсите. Во групата басенски седименти припаѓаат травертинските басени кои со вода се полнат после обилни врнежи. Голем дел од висечките украси се искршени од посетителите кои во минатото влегувале во пештерата.

Значење на пештерата

Пештерата Горна Слатинска во 1953 год. е прогласена за заштитено подрачје во категоријата споменик на природа (Решение бр. 101 од 1953 година), од страна на Републички завод за заштита на спомениците на културата.

Пештерата според извршената категоризација на Колчаковски (1993) припаѓала на категоријата забележителни пештери. Но новите истражувања кои се однесуваат на рецентната пештерска фауна, евидентирање на два споредни канали кои се протегаат под нивото на главниот пештерски канал и присутност на травертински басени кои со вода се полнат после врнежи пештерата е поместена во категоријата особено значајни пештери (Гичевски, 2008). Од тука намената на пештерата според Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Северна Македонија(1999) може да биде: научно-истражувачка, студиско-демонстративна, образовно-воспитна, рекреативна и стопанска (Петреска, 2007).

[instalink id=”18″]

Слатинска II

Локација

Пештерата Слатинска II се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на надморска височина од 589 m, и 33 m над речното корито. Влезот на пештерата е оддалечен 74 m од излезот на пештерата Горна Слатинска.

Морфометрија на пештерата

Влезот на пештерата е предиспониран со дијаклаза. Неговите димензии се: 0.6×1.8 m. Главниот пештерски канал  е предиспониран со пукнатина и има правец на протегање кон североисток. Неговата широчина е 1-2 m, а височината на таванот е 1-4 m. Само на две места, каде се сечат повеќе пукнатини, има поголеми проширувања од 2.5-3 m и височина околу 3m. На околу 10 m од влезот има пештерски канал кој се двоиод главниот канал и повторно се надоврзува на истиот. Неговата ширина е околу 1 m, а височината од 0.8-2.5 m. Вкупната должина на пештерските канали на пештерата Слатинска II е 126 m. Според пештерските одлики (Palmer 1991) пештерата претставува едноставна лавиринтска пештера каде пештерските канали се пресекуваат.

Морфогенеза на пештерата

Во пештерата се евидентирани микро формите чинии чија должина е од 3-7 cm. Нивната позиција индицира дека тие се формирани од воден тек кој се движел од влезот на пештерата кон внатрешноста. На таванот, вдолж пукнатини, се забележани осамени тавански џебови. Најмалиот тавански џеб има дијаметар од 3 cm и приближно иста длабочина, додека најголемиот е со дијаметар од 80 cm и длабочина од 30 cm. Анализираните пештерски микро форми, приближно истата надморска височина на влезовите меѓу оваа пештера и пештерата Горна Слатинска посочуваат дека и двете пештери се формирана на истиот начин како и во истиот временски период (Вирм). Пештерските седименти се претставени со пештерски украси формирани со вода што капе и вода што тече. Украсите се претставени со сталактити, сталагмити, пештерски столбови и корали. Нивната боја е бела, жолта, црвена до црна. Тие се карактеристични само за крајните делови од пештерскиот канал.

Значење на пештерата

Извршената категоризација, според методологијата на Колчаковски (1993), пештерата Слатинска II ја вбројува во групата особено значајни пештери (Гичевски, 2008). Од тука намената на пештерата според Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Северна Македонија(1999) може да биде: научно-истражувачка, студиско-демонстративнаи еколошка намена (Петреска, 2007).

Овчарска

Локација

Овчарска Пештера е лоцирана од левата долинска страна на Слатинска Река. Влезот е на 579 m надморска височина или 23 m над речното корито на споменатата река. Тој е на 16 m оддалеченост од влезот на пештерата Слатинска II, и околу 120 метра од локалниот пат с.Слатина-с.Горно Крушје.

Морфометрија на пештерата

Влезот на пештерата е полукружен и наликува на поткапина. Неговите димензии се: должина 4.5 m и височина 1.6 m.

Пештерата има две нивоа. Првото ниво е долго 74 m, ориентирано во вравец ЈЗ-СИ и е поделено на две речиси кружни сали. Првата сала има димензии 13×8.5 m и височина 4.5 m, а димензиите на втората сала се 10×13 m и височина 6 m. Ова пештерско ниво претставува археолошко наоѓалиште кое е во фаза на истражување. Последните 30 m од нивото претставуваат пештерски канал чија широчина е 1.5 m, а височината е 1 m. На неговиот под има вертикална пукнатина со димензии 2×1 m и длабочина од 14 m која ги поврзува двете пештерски нивоа.

Еден дел од пониското пештерско ниво ја има истата ориентација како и повисокото ниво. Три поголеми пештерски канали го сочинуваат ова ниво. Едниот канал има југозападна експозиција и има форма на пештерска сала со димензии 10×5 m. Вториот канал е ориентиран кон североисток, долг е 85 m, широк 1-2 m, а висок 1.5 m. Третиот канал има правец југозапад-југ-југоисток, долг е 40 m, а нјголемата височина е 12 m. Вкупната должина на пештерата Овчарска Пештера е 268 m, со висинска разлика меѓу највисоката и најниската точка од 28 m. Според одликите на пештерските канали (Palmer, 1991) пештерата припаѓа на групата разгранети пештери, а само мал дел претставува лавиринт.

Морфогенеза на пештерата

Најкарактеристични  микро  форми на  повисокото  пештерско  ниво се  таванските  џебови, а потоа  чиниите   и   еден  прозорец.   На   пониското   пештерско   ниво  потешко   може   да се рекогносцираат  пештерските  микро  форми  поради  сурнатите  блокови   и  покриеноста    на ѕидовите со пештерски украси. Евидентирани се неколку лончиња и ниво на воден хоризонт. Сите наведени форми посочуваат дека пештерата е формирана од вода што течела. Сепак најдобро сочуваните форми се басените во кои подолг временски период имало мирна, стоечка вода. Ова посочува дека во еволуцијата на пештерата имало фаза кога низ неа имало речен тек кој на повисокото ниво најверојатно постоел за време на глацијалот Вирм, фаза со мирна вода која е помлада и фаза на пресушување на водата.

Пештерски седименти

Во првата пештерска сала, на повисокото пештерско ниво, е евидентиран земјен материјал внесен од надворешноста на пештерата, додека во втората сала карактеристичен е глинест материјал. Еродирани карпести блокови се евидентирани во пониското пештерско ниво. Овој материјал е застапен на места каде таванските пукнатини се пресекуваат.

Пештерските седименти на повисокото пештерско ниво речиси и да не се застапени. На пониското ниво се застапени украси кои се формираат од вода што капе (сталактити, сталагмити, пештерски столбови и драперии). Највисокиот столб е со височина од 14 m и истиот е лоциран кај пукнатината која ги поврзува двете пештерски нивоа. Веднаш до него има сталагмит со височина од 7 m (Gičevski, 2008).

Значење на пештерата

Според извршената категоризација за пештерите од Поречкиот Басен (Гичевски, 2008) пештерата Овчарска Пештера припаѓа на категоријата особено значајни пештери. Според класификацијата за намена на спелеолошките објекти од Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Северна Македонија(1999) пештерата може да има: научно-истражувачка, студиско-демонстративна, образовно-воспитна, културна, рекреативна и еколошка намена (Петреска, 2007).

Пурало

Локација

Пештерата Пурало се наоѓа од левата долинска страна на Маркоска Река. Влезот е на 575 m надморска височина, околу 10 m над речното корито на реката, на пешачката патека од Средно Маало до Маалото Марковци.

Морфометрија на пештерата

Влезот и влезниот дел на пештерата се формирани долж пукнатина и се со димензии 1×0.5 m. Пештерските канали се на две нивоа. Повисокото ниво има правец кон североисток и е до лолжина од 22 m. Во крајниот дел од каналот има помала сала со широчина 6-7 m и височина 1.6 m. На дното има пукнатина со димензии 2×1 m и длабочина од 11 m која ги поврзува двете пештерски нивоа.

Пониското пештерско ниво е претставено со поголемо проширување, со димензии: 70 m должина, 13.5 m широчина и височина од 5.5-6.5m. Од тука два пештерски канали се разгрануваат со должина од 90 m, широчина од 2-6 m и височина до 2 m (Василески & Петреска, 2002). Истражувањата спроведени од ИД „Урсус спелеос“-Скопје и од словенечки и македонски спелеолози резултираа со истражување на нови канали кои имаат правец на протегање кон запад и должина околу 700 m. Вкупната должина на пештеските канали на пештерата Пурало е 1500 m. Пештерата Пурало припаѓа во групата разгранети пештери според класификацијата на Palmer 1991).

Хидрографски карактеристики на пештерата

Повисокото пештерско ниво е надвор од хидрографска функција. Во пониското пештерско ниво  има   два   периодични  водени   тека.   Едниот   речен   тек   е   под   речното  корито на површинскиот тек Маркоска Река, па најверојатно со вода се прихранува од овојтек. Вториот речен тек е во ново истражените пештерски канали. Речното корито е всечено во песок и глина и е со широчина околу 0.35 cm, додека најголемата измерена длабочина е 0.065 cm.

Пештерски седименти

Еродирани седиментни карпи се евидентирани на пониското пештерско ниво. Некои од сурнатите карпести блокови имаат димензии 3×3 m. Евидентиран е и конгломерат меѓу поголемите пукнатини, како на таванот така и на ѕидовите од пештерата. Околу речните корита на подземните текови е евидентиран песочен материјал, додека на подот на пештерата речиси секаде е присутна глина.

Пештерата Пурало е богата со пештерски украси. Има претставници на украси формирани од вода што капе (сталактити, сталагмити, столбови) и вода што тече (драперии, травертински басени). Пештерските украси претежно се во групи, формирани на места со повеќе пукнатини.

Значење на пештерата

Според извршената категоризација (Гичевски, 2008) пештерата Пурало припаѓа на највисоката категорија природна реткост. При оваа категоризација пештерата најмногу поени има добиено кај показателите морфологија на пештерски канали, хидрографски особености и пештерски украси. Според намената на спелеолошките објекти од Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Северна Македонија(1999) пештерата може да има: научно-истражувачка, студиско-демонстративна, рекреативна и стопанска намена (Петреска, 2007).

Cave Fauna

Caves represent a world in a complete darkness, with constant temperature and high humidity. Animals living in them are adapted to these conditions and live in an environment where there are not many sources of food. Therefore, a large part of the cave animals are endangered species. Sometimes, the basic source of food for the cave fauna is the batter of the bats that feed outside of the caves. Some animals are feed directly from the feces or with bacteria and fungi that break down the matter, and then they become food for larger predators. Such food chain requires that all types of animals in the caves depend on each other in the cave systems. Due to the specific conditions of life, the need for not obstructing the animal processes of the cave animals is important.

Bats are the only mammals that have gained an active flying ability during evolution, which allowed them to conquer new spaces and ecological niches. In addition to flying, bats developed an orientation system for dark environment called echolocation. While flying, they produce and emit high-frequency sounds (ultrasounds) through special structures in the larynx. These sounds travel in space, bounce back from all hard objects, and then through the sense of hearing the sounds reach the brain where a detailed and clear picture of the space, objects, prey, enemies and obstacles is created.

Bats are all around us. During night time they fly over the forests, meadows, by rivers, parks or street lights looking for food. They use various shelters such as caves, cracks in trees and rocks, and often different buildings (ceilings, under shingles, cracks in walls, window lids). Caves are a significant refuge for most of the bats. They use these habitats throughout the year or in a particular season. The presence of bats in the caves is very important because they are the only ones that bring in or leave organic matter in the caves necessary for the survival of other species of cave fauna. The bats that live in our country during the warm season (from spring to autumn) intensively feed and create reserves of fatty substances, and during the cold season of the year (winter) they hibernate in the caves.

As a result of human influence (cutting of forests, drying of water surfaces, excessive use of insecticides, disturbance of bats colonies), today’s natural habitats of bats are being destroyed and the number of their populations decreases.

In Macedonia, 28 different types of bats have been registered so far, with a wingspan of 45 cm and a weight of 4 to 45 grams. All bats that live in Macedonia are feeding with different types of night insects. They are in one way natural regulators of insects. If there were no bats, we would have too many mosquitoes and other harmful insects around us. Bats are not dangerous to humans and do not attack. In self-defense the bat can bite. If someone is bitten by a bat, you should immediately contact a doctor, because bats can be carriers of serious illnesses, such as rabies.

In Macedonia protection of bats is covered by the Law on Nature Protection. Internationally, there are several directives and agreements that cover bats as protected species and have been ratified or accepted by the Republic of Macedonia.

Lesser Horseshoe Bat (Rhinolophus hipposideros) is one of the smallest bats that is found in our country, weighing 5-9 grams. The span of its wings is 190-254 mm. Most often it is sheltering in caves, but it can also be found in other natural or artificial underground places. It is not a migratory species. The individuals live independently, with the exception of the summer period when they form the so-called maternal colonies composed of 10 to 100 individuals, most often females. It is found along the edge of broadleaf forests, in areas with riparian vegetation, as well as in the vicinity of settlements.

Greater Horseshoe Bat

Greater Horseshoe Bat (Rhinolophus ferrumequinum) is the largest representative of horseshoe bats. It has a weight of 17 to 34 grams and a wingspan of up to 40 cm. It is sheltering in caves and other underground places, as well as ceilings. It is not a migratory species and, depending on the season, forms colonies composed of 30 to 500 individuals. It is commonly found in areas with broadleaf forests and pastures.

Photography: Aleksandar Stojanov, Greater Horseshoe Bat, cave Gorna Slatinska, 25 February 2018

Schreiber's Bent-winged Bat

Schreiber’s Bent-winged Bat (Miniopterus schreibersii) is medium sized and weighs from 9.5 to 13.5 grams. The range of wings is from 280 to 305 mm. It is a migratory kind of bat that changes several shelters throughout the year. It is sheltering only in caves and forms large colonies composed of up to 10,000 individuals. He is hunting mostly in open or semi-open natural or artificial habitats, including settlements. It is categorized as near endangered species according to the Red List of endangered species of the International Union for Conservation of Nature (IUCN Red List).

Photography: Aleksandar Stojanov, Schreiber’s Bent-winged Bat, cave Ovcharska, 31 March 2018

Mediterranean Horseshoe Bat

Mediterranean Horseshoe Bat (Rhinolophus euryale) is a medium-sized bat with a weight of 8 to 17 grams. The span of its wings is from 290 to 320 mm. It is found in Mediterranean areas, where it prefers karst areas with many caves, broad-leaved forests and water. A typical cave species, does not migrate and forms large colonies composed of up to 2000 individuals. It is categorized as near endangered species according to the Red List of endangered species of the International Union for Conservation of Nature (IUCN Red List).

Photography: Aleksandar Stojanov, Schreiber’s Bent-winged Bat, cave Ovcharska, 31 March 2018

Cave crab

Cave crab (Alpioniscus slatinensis) is found and described in the caves in Slatina. It represents a local endemic species for the fauna of Macedonia and it can only be found in the caves in the Poreche Basin. During its long-standing evolution, adapting to life in caves in complete darkness and very high and constant humidity of the air, this species completely lost its eyes and pigment. As a result of that, it developed other senses with which it could survive in specific cave conditions, but not outside the caves. It is therefore a typical troglobiont. The cave crab, like all other cave animals, is very sensitive to the smallest changes in their environment and also to changes outside the caves (primarily climate change). That’s why the slightest change can have a negative impact on their population and their survival. Because of this, the cave animals, and hence the cave crab, are considered endangered animals and the need for their protection is on a high level.

Photography: Marjan Komnenov, Cave Crab, cave Puralo, 31 March 2018

Хидрографија

Хидрографската мрежа во заштитеното подрачје ја формира Слатинска Река. Таа се формира со спојување на водите од Крушеска Река и Маркоска Река  чии извори се наоѓаат на источните падини на планината Песјак, на 1740 m. Вливот на Слатинска Река во река Треска е на 500 m. Вкупниот пад од котата на извор до котата на влив е 1240 m, а просечниот пад 126.5%o Максималната должина на реката е 9.8 km, а минималната е 8.9 km. Сливот зафаќа површина од 29.7 km2 , а должината на водоразделната линија е 26.3 km. Од своите изворишта Маркоска Река и Крушеска Река имаат постојан карактер, а низводно од село Слатина до вливот во Треска, Слатинска Река (сл. 48) има периодичен карактер. Всушност на контактот меѓу карбонатната серија од Пелагонискиот хорст антиклинориум и  некарбонатната серија од Западно македонската зона, се имаат формирано понори  во кои површинската вода се губи и истата тече подземно низ пештерите Слатински Извор и Пурало, и се појавува кај изворот Слатински Извор.

Пред  да се влезе во една пештера

Кога можеби ќе бидете доведени во искушение да занемарите опрема, подготовка или обука, запрашајте се колку вреди вашиот живот. Ако не можете да си дозволите соодветна опрема, тогаш не можете да си дозволите да одите во пештера.

Основни правила

  • Добијте колку што е можно повеќе информации за пештерата пред  да влезете.
  •  Потврда дека опремата е соодветна за таа пештера.
  • Проверете дали вашите светла работат како што треба, и земете нови резервни батерии.
  • Осигурајте се дека пештерата и патувањето не го надминуваат вашето ниво на искуство, вашата опрема, вашата подготвеност или вашата способност.
  • Имајте план за патувањето (Знам што да направам, ако нешто тргне наопаку!).
  • Имајте во план да почнете да излегувате од пештерата, кога ќе се консумира не повеќе од една третина од батериите на вашето примарно осветлување.
  • ЗАПОМНЕТЕ! за излегување е потребно подолго време од влегувањето, и вашето патување надвор од пештерата ќе ви биде понапорно отколку патувањето внатре. Имајте во план да излезете од пештерата со најмалку една третина непотрошени батерии од вашата примарна светлина.
  • Треба да знаете како функционира вашата опрема.
  • Не пробувајте да дознаете како опремата функционира во пештерата.

Како да се однесуваш во пештерата

Тимска работа

Спелеологијата е тимска активност, а не конкуренција. Спелеолозите треба да размислуваат и дејствуваат како единица во подземјето, за да се обезбеди безбедно патување. Дејствијата или ставот на еден член можат да ја загрозат безбедноста на целиот тим, што резултира со повреди или смрт. Се движиме со брзина на движење на најбавниот член на тимот. Се прават перидични паузи за одмор, пиење вода, а и за закуска. Останете во гласовен контакт со останатите членови на тимот. По совладување на некоја пречка, останете таму се додека следниот член на тимот не пристигне и понудете му помош. Не се колебајте да понудите, побарате или да прифатите помош. Тимови поголеми од шест члена имаат тенденција да бидат бавни и тешко да се управува со нив, па затоа се делат во посебни тимови. Во случај на несреќа, во тим од четворица, едно лице може да остане со повредениот, а другите двајца може да побараат помош. На тој начин никој не е спелеолошки сам.

Распакувај, спакувај!

Не оставај ѓубре, храна, батерии или било кој друг отпад во пештерата.
Повеќето спелеолошки патувања се доволно кратки, со што може да се избегне потребата од одење во тоалет. Сепак, доколку имате потреба, направете го тоа во соодветен сад, и отстранете го од пештерата. И што е уште поважно, вашиот отпад може да влијае на деликатните екосистеми кои што опстојуваат во пештерата.

Оган и чад

Оганот и чадот (вклучувајќи го и оној од согорување на цигари) го загадуваат воздухот во пештерите, а со тоа ги иритираат организмите кои живеат таму,а другите луѓе кои ги посетуваат. Затоа, не пушете или палете оган во или во близина на пештери.

Подземни патеки

Кога постојат веќе направени патеки, останете на нив за да се зачуваат другите делови на пештерата беспрекорни. Ако посетувате нови или помалку посетени делови, задржете го вашиот тим на еден пат за да се минимизира влијанието врз пештера, а и за воспоставување на патека за идните посетители.

Будност

Кога сте во пештера бидете со будна глава. Лековите, вклучувајќи го и алкохолот, можат да влијаат на вашето внимание, одлука или способност да размислувате јасно, а со тоа ве прават опасни и закана за безбедноста на вашиот тим.

Физичка подготвеност

Спелеологијата може да биде физички напорна. Кога сте во лоша физичка или здравствена состојба, се заморувате побрзо, го забавувате тимот и се изложувате на опасности. Заморот или слабоста ве прават склони кон несреќи.Треба да ги знаете вашите граници, и не се обидувајте да патувате надвор од вашата способност. Нов спелеолог треба да започне со кратки патувања. Ако имате сомнежи за потребите на патувањето, консултирајте се со некој искусен спелеолог кој ја знае пештерата. Кажете им на членовите на вашиот тим, кога ќе почувствувате дека е време да се вратите назад. Како и во секоја друга физичка активност, пушењето ја намалува вашата издржливост и ефикасноста на вашите бели дробови.

Јажиња

Може да се најде корисно за некои искачувања под земја, но слободното качување по јаже без користење на опрема е лесен начин да се умре. Исто така, се користат само јажиња кои се специјално направени за качување по карпи или за спелеологија. Вертикалната спелеологија, користејќи јажиња за спуштање и искачување на пропасти, вклучува посебни вештини и опрема, кои се разликуваат од оние што се користат од страна на останатите планинарски спортови. Побарајте спелеолошка обука од надлежен инструктор пред  да започнете да работите на јаже во една пештера. Избегнувајте користење на постојните јажиња и скали што ќе ги најдете во пештерата.

Опис на опасностите

Свеста за можни опасности ви помага да ги избегнете!

Да запомнеме:

За пештерата

  • Избегнувајте вознемирување на пештерските организми или на нивната животна средина.
  • Не оставајте ништо позади вас, соберете го и ѓубрето што ќе го најдете.
  • Носете соодветен сад за вашиот отпад.
  • Не пушете или палете оган во пештерите или во близина на нивните влезови.
  • Не ги зимај или уништувај археолошките или палеонтолошките артефакти.
  • Не ги оштетувај украсите или другите површини на пештерата.
  • Останете на воспоставени патеки за да помогнете другите области од пештерата останат зачувани.
  • Да се учествува во проекти за зачувување и обновување пештери, како отстранување на графити, подигање на смет, искршени и поправка на формации.
  • Исчистете ги спелеолошките објекти, како што се пропастите, кои биле користени како канти за отпадоци.

За себе

  • Научете безбедни спелеолошки вештини од надлежен спелео инструктор.
  • Проверете ја временската прогноза пред  да влезете во една пештера.
  • Известете некого на површината за вашите планови.
  • Бидете соодветно облечени и опремени.
  • Знајте ги вашите граници.
  • Движете се и облечете се потопло за да избегнете хипотермија.
  • Нека најспориот спелеолог го постави темпото на движење.
  • Ако настане повреда, затоплете го повреденот спелеолог и побарајте помош.
  • Ако се изгубите, штедете го вашето осветлување.
  • Ако сте без светло, избегнувајте да се движите.
  • Пред вашето прво вертикално спелеолошко патување вежбајте работа со јаже на површината, под раководство на спелео инструктор.
Спелеолошко мото
Не зимај ништо, освен слики.
Не оставај ништо, освен внимателно поставени стапалки.
Не убивај ништо, освен време.

Aerial Video

360 Photo

Gallery

Menu
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).