[rev_slider_vc alias=”kolesino”]
[vc_empty_space][vc_text_separator title=”Инфо” color=”black”]

Колешински водопад — водопад сместен во југоисточниот дел на Република С. Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м. Се вбројува меѓу највисоките водопади во Република С. Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.Со покачувањето на температурите расте и бројот на гостите кои секојдневно доаѓаат овде. Во просек, Колешинските водопади дневно ги посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема. За време на викендите таа бројка може да достигне некаде до 1.000 туристи, а кога би имало сместувачки капацитети тоа би било многу повеќе бидејќи повеќето гости како што говорат локалните жители имаат интерес да преноќат во нивна близина. Накратко кажано потенцијал за развој на туризмот веќе постои.

Повеќе

Селото Колешино е сместено во подножјето на планината Беласица и е малечко село кое се наоѓа на 20 км од Струмица, познато по колешинскиот бостан, кикиритките и земјоделските производи кои успешно виреат во овој крај.

Селото е единствено место во земјата каде ќе најдете специфичен вид на папрат т.н кралски папрат(Osmunda Regalis), кој расте до 2 метри височина и зафаќа површина дури до 500 метри квадратни, а се користи во текстилната индустрија.
Сепак најубав и нај автентичен украс за селото се прекрасните слапови кои ги создава реката Баба, спуштајќи се од највисоките планински врвови. Еден од нив секако е и Колешинскиот водопад.

Колешинскиот водопад се наоѓа во пазувите на планина Беласица, во долниот тек на реката Баба, меѓу јаворова шума и камени гребени, на надморска височина од 610 метри.

Со максимална височина од 19 метри и со широчина на падот од 6 метри, се вбројува меѓу највисоките водопади во Република С.Македонија. По настанувањето, Колешинскиот водопад е тектонски водопад, настанат меѓу гранитни камења. Над Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри, се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

Откако ќе го поминете центарот на селото Колешино, движејќи се по планински пат од околу 1 км, се стигнува до интересна патека обвиткана од околната шума, а испреплетена со мал поток. Патеката оди паралелно со потокот и веднаш потоа се пресекува со малечок дрвен мост. Ако за момент застанете на или покрај малиот мост, во кристално чистата вода ќе ги видите речните ракови, кои пливаат под површината. Како посетител ќе почувствувате како се губите во уметноста на природата, но нема да заборавите на вашата дестинација. Движејќи се по оваа патека ќе стигнете до Колешински водопад или подобро речено водопади. Пристапот до нив е по тесна и означена патека (на повеќе места лизгава) доста е отежнат, особено ако не сте физички спремни и опремени. Додека шетате вашиот единствен придружник ќе биде свежиот планински воздух кој освежува и опушта.

На целта ќе ја слушнете бучната свежина. Тоа е звукот на водата на Колешинскиот водопад кој никого не остава рамнодушен. Со чиста, кристална и
студена вода од реката Баба, Колешинскиот водопад полека тече во прекрасен и ритмичен „балет“ од многубројни водени потоци. По кратката 19-метарска „игра“ на водопадот, овие многубројни потоци се обединуваат во една целина и тој продолжува да тече надолу по планината.

Како посетител, за потполно гледање и уживање во овој водопад, ќе ви помогне мостот поставен директно пред водопадот или пак некоја дрвена клупа за мала починка под големите сенки од густите дрвја со зелена мов. Ако имате авантуристички дух, тогаш за вас од левата страна има дрвени скали кои водат до дополнителна патека, која завршува на врвот на ридот и каде можете многу блиску да застанете покрај реката, додека таа се слива надолу.

На останатите на располагање им се неколку планински летниковци за излет и мала, невообичаена ужина во природа. Оние кои со себе сакаат да понесат незаборавно доживување совршено создадено од природата, на располагање им стојат повеќе сместувачки капацитети во градот.

Колешинскиот водопад восхитува во секое годишно време, во лето ќе ве освежи, а пак во зима ќе ве зачуди со својата замрзната убавина.
Бројот на гости кои секојдневно доаѓаат овде постојано расте. Во просек, Колешински водопад дневно ги посетуваат помеѓу 400 – 500 домашни и странски туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема и може да достигне некаде до 1.000 посетители.

Затвори

[vc_empty_space]
Локација

Планина Беласица, блиску до с. Колешино, општина Ново Село, Република Македонија

Координати:

41.369001, 22.807495

Краток опис:

Колешински водопад — водопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

[vc_single_image image=”2090″ alignment=”center” style=”vc_box_border_circle” border_color=”green”][vc_empty_space][vc_text_separator title=”Мени” color=”black”]
[vc_text_separator title=”Вести” color=”black”]

[add_eventon]

[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”Воздушно видео” color=”black”][vc_empty_space][veso_video_lightbox link_style=”play_button” textalign=”text-center” play_button_color=”#81d742″ video_url=”https://vimeo.com/313701866″]
[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”360 Фото” color=”black”][vc_single_image image=”2551″ alignment=”center” enable_animation_pro=””][vc_empty_space height=”52px”]
[vc_empty_space]
Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).