Дувало или некаде може да се сретне и како „Коселска чадилка“, според Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје не е вулкан, тука немало излевање на магма, туку пукнатина од која излегуваат гасови. Се наоѓа во близина на селото Косел, во сливот на Коселска Река која се влива пак, во Охридското Езеро. Надморската висина на која се наоѓа Дувало е 740 метри. Тоа е всушност, кратер со пречник од околу половина метро (0,5 метри) и длабина од околу 30 сантиметри од кој избива сулфур диоксид и јаглерод диоксид . Мирисот на сулфур според некои мерења, се чувствува во пречник од околу три километри во околината, во зависност од многу временски параметри. Дувалото е заштитено како споменик на природата. Косел во поранешна Југославија во учебниците по географија за основно образование бил опишан како ретка геолошка појава, единствен активен вулкан на Балканот. Слични појави во С. Македонија има на некои ридови во кумановско-кратовскиот регион, на планината Кожуф на две места, од кавадаречка и од гевгелиска страна како и во кратовско-злетовскиот регион кај селата Бели и Плешница. За постанокот на Дувало има две теории. Иако, активната пост-вулканска појава се смета за последен „жив вулкан“ на Балканот, всушност не може да се тврди со сигурност од кога постои и дали некогаш бил активен вулкан, бидејќи немало излевање на магма на површината. Од научен аспект пак, станува збор за неколку раседни пукнатини или минијатурни кратери, најголемиот со пречник од 50 см и длабочина од 30 см, од чии отвори избиваат гасови на јаглероден диоксид и сулфуроводород, па експертите велат дека оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара.
READ MORE

Close