[rev_slider_vc alias=”kosel”]
[vc_empty_space][vc_text_separator title=”Инфо” color=”black”]

Дувало или Коселска Чадилка , остаток од некогашниот активен вулкан кој се наоѓа во близина на селото Косел, во сливот на Коселска Река која се влива во Охридското Езеро. Надморската висина на фумаролата е 740 метри. Тоа е кратер со пречник од 0,5 метри и длабина од околу 30 сантиметри од кој избива сулфур диоксид и јаглерод диоксид .

Повеќе

Мирисот на сулфур се чувствува во пречник од околу три километри. Дувало е заштитено како споменик на природата. Косел во поранешна Југославија во учебниците по географија за основно образование бил опишан како ретка геолошка појава, единствен активен вулкан на Балканот. Според Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,  Дувало не е вулкан, тука немало излевање на магма, туку пукнатина од која излегуваат гасови!

Слични појави во C. Македонија има на некои ридови во Кумановско-кратовскиот регион, на планината Кожуф на две места, од кавадаречка и од гевгелиска страна и во Кратовско-злетовскиот регион кај селата Бели и Плешница.

За постанокот на Дувало има две теории.  Иако активната поствулканска појава се смета за последен „жив вулкан“ на Балканот, всушност не може да се тврди со сигурност од кога постои и дали некогаш бил активен вулкан, бидејќи немало излевање на магма на површината. Од научен аспект пак, станува збор за неколку раседни пукнатини или минијатурни кратери, најголемиот со пречник од 50 см и длабочина од 30 см, од чии отвори избиваат гасови на јаглероден диоксид и сулфуроводород, па експертите велат дека оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара.

Гасовите и пареата предизвикуваат да се шири невообичаена, непријатна миризба на расипано јајце. Интензитетот на миризбата зависи од концентрацијата на испарувањата и од временските услови. Во сушни периоди шишти и миризбата е појака, а во дождовни се слуша подмолно клокотење. Во мај 2014 г. имаше и зголемена активност со густ чад, но утврдено е дека нема никаква сеизмичка активност и дека се работи за природна појава после обилни врнежи и тектонски поместувања кои тогаш го погодија регионот. Сепак, серијата земјотреси во Охрид и околината неодамна отворија уште неколку нови дувала.

Мештаните говорат дека Дувало е дел од раседот на вулканот Везув со кој е поврзан под Јадранското Море и дека на оваа линија е и Косоврасти кај Дебарски бањи чии топли и лековити води ја имаат истата карактеристична миризба. Тие се навикнати на таа миризба од која нема штета, освен за апаратите со бакарни жици кои мошне бргу ʼрѓосуваат. За сулфурот велат дека е лековит и дека помага за разни видови болести, но во поголеми концентрации е и отровен – секое животно што престојува подолго време кај Дувало умира, а грутка бел сулфур уништува секаков вид инсекти, особено лебарки и тафтабити.

Името на селото Косел според една легенда доаѓа од зборот што на турски значи сулфур. Во Османлиско време од оваа сулфурна земја се преработувал барут, пред Илинденското востание трговци од Солун го снабдувале за изработка на експлозив, па дури и Римјаните го користеле за правење на вид кибрити. Феноменот Дувало секако има потенцијал да стане своевидна туристичка атракција за гостите кои го посетуваат овој крај.

Затвори

[vc_empty_space]
Локација:

Koсел, Општина Oхрид

Координати:

41.169555, 20.837169

Краток опис:

Дувало или Коселска Чадилкачадилка, остаток од некогашниот активен вулкан кој се наоѓа во близина на селото Косел, во сливот на Коселска Река која се влива во Охридското Езеро. Надморската висина на фумаролата е 740 метри. Тоа е кратер со пречник од 0,5 метри и длабина од околу 30 сантиметри од кој избива сулфур диоксид и јаглерод диоксид.

[vc_single_image image=”3272″ img_size=”medium” alignment=”center”][vc_empty_space][vc_text_separator title=”Мени” color=”black”]
[vc_text_separator title=”На Инстаграм” color=”black”]

[instalink id=”1″]

[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”Воздушно видео” color=”black”][vc_empty_space][veso_video_lightbox link_style=”play_button” textalign=”text-center” play_button_color=”#81d742″ video_url=”https://vimeo.com/303968538″]
[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”360 Фото” color=”black”][vc_single_image image=”2551″ alignment=”center” enable_animation_pro=””][vc_empty_space height=”52px”]
Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).