[rev_slider_vc alias=”kratovo”]
[vc_empty_space][vc_text_separator title=”Инфо” color=”black”]

Кратово е малечок град во североисточна С. Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан, старото градско јадро на Кратово е заштитено со закон.

Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Често Кратово е нарекуван и „град на кулите и мостовите“.

Постојат повеќе легенди за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Османлиите.

Повеќе

Во времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“. Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во византиско време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во кое се наоѓа градот“. Како сведоштво за животот и значењето на Кратово во античкиот и средновековниот период како важно рударско средиште, се остатоците од рудниците и големиот број подземни тунели и премини кои ги поврзувале и од кои се ископувала и пренесувала рудата.

Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под српска над власт со градот управувал деспотот Јован Оливер. Зa постоењето на Кратово раскажувал Хомеровиот еп „Илијада“ во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар. Во втората половина на XIV век, Кратово потпаѓа под Османлиското Царство. Во XVI и во XVII век, во составот на новоосвоените територии на Османлиите градот станал подрачен центар. Во XVI и XVII век овде се ковале сребрени пари. Градот го посетил и турскиот султан Мурат. Од 1689 до 1805 градот бил запустен. По Австроунгарската војна од 1689-1690 година и Карпошовото востание, градот бил опустошен, а рударските окна затворени. Во почетокот на XIX век Злетово станало центар на рударството и во Кратово сосема престанала рударската дејност.

Вкупна површина на градот Кратово : 376 км2

Надморската висина е: 600 м.

Вкупното население на градот е:   6.924 жители.

Кратово во средниот век бил познат по својата Кратовска книжевна школа, кои заедно со книжевното училиште на манастирот Св. Гаврил Лесновски биле особено активни од XII до XIV век. Во училиштата се препишувале стари книги и се пишувале нови текстови од црковна содржина, со што Кратово во раниот среден век станал културен центар.

Кратово ги има следниве културни установи: музеј на град Кратово, домот на културата и градска библотека.  Во Кратово има три православни цркви. Во време на турското владеење градот имал преку 20 цркви, од кои се пронајдени остатоци.

Црквата „Св. Никола Чудотворец“ во Царина маала, обновена е во 1848 год.

Црквата „Св. Јован Претеча“ во Рибарското маало (дело на мијачкиот мајстор Андреја Дамјанов), обновена е во 1836 год.

Црквата „Св. Ѓорѓи Кратовски“ сместена во старите гробишта. Таа била посветена на единствениот маченик, прогласен за светец од Кратово од XVI век „Св. Ѓорѓи Кратовски“, кој поради својата вера во христијанството бил спален 1515 год. во Софија. Во негова чест и слава и во чест Свети Ѓорѓи Кратовски е прогласен за патронен празник на градот кој се слави на 24 февруари, а светецот „Свети Ѓорѓи Кратовски” станал симбол и заштитник на градот и општината.

Кратово е изградено со типична староградска македонска архитектура и е познато по своите кули и мостови. Според некои претпоставки, во минатото, во Кратово имало дури 13 кули, од кои најголема е Симиќевата кула.

Во градбите е значителен каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар, со што на градбите им овозможува еластичнот и цврстина. Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците на секоја куќа се посебно обележjе на кратовската куќа. Од чардакот зависел и обликот на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи, тие се како еднокрилни или пак двокрилни. Во минатото секоја кратовска куќа имала бања за капење. Како посебна просторија во куќата имала огниште, кое служело за загревање на просториите и за готвење храна.

Затвори

[vc_empty_space]
Локација:

Североисточна Република С.Македонија

Краток опис:

Кратово — град во североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот.

Површина:

Вкупна површина на градот Кратово : 376 км2

[vc_single_image image=”2962″ style=”vc_box_border_circle” border_color=”green”][vc_empty_space][vc_text_separator title=”Мени” color=”black”]
[vc_text_separator title=”Инстаграм” color=”black”]

[instalink id=”11″]

[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”Aerial Video” color=”black”][veso_video_lightbox link_style=”play_button” textalign=”text-center” play_button_color=”#81d742″ video_url=”https://vimeo.com/333810135″][vc_empty_space height=”52px”]
[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”360 Photo” color=”black”][vc_single_image image=”2551″ alignment=”center”]
Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).