previous arrow
next arrow
Slider

Маркови Кули

Заштитеното подрачје Маркови Кули се наоѓа во централниот дел на Република Северна Македонија, по должината на североисточниот раб на Пелагониската Котлина, северно од градот Прилеп. Разноликоста на прекрасните геоморфолошките облици создавани низ илјадници години, бројноста и разновидноста на формите му даваат извонредна уникатна вредност на ова уникатно подрачје.

Токму поради ваквите универзални вредности Собранието на Република Северна Македонија во 2006 година го донесе Законот за прогласување на локалитетот Маркови Кули за споменик на природата. Овој локалитет претставува микро регион во пелагониската рамница преку кој може да се следи комплетниот геолошки развиток Балканскиот Полуостров. Геолошкиот комплекс Маркови Кули според многубројноста на разновидните геоморфолошки облици и нивната зачуваност во старите протерозојски стени е еден од ретките по својата убавина. Посебно значење и атрактивност на локалитетот му даваат геоморфолошките манифестации и карпи во форма на купи, паралелопипеди, елипсоиди, заоблени хексаедари, остри врвови, столбови, блокови во форма на печурки и разни други фигури.

Тврдината Маркови Кули помеѓу локалната популација е попозната како Маркукуле, претставува остаток од средновековен град на кралот Волкашин и неговиот син Крале Марко, последниот владетел на тие простори пред освојувањето на Османлиите на Балканот. Тврдината се наоѓа на 120 до 180 м.н.в на рид од вулканско потекло кој изобилува со многу несекојдневни карпи кои според својот облик добиле и свое име кај жителите. Тврдината го обвиткува градот од северната страна и во себе носи огромна историја, за што сведочат многу  пронајдени архелошки остатоци кои датираат дури до антиката. Кој дел и да го допрете, каде и да згазнете, вие допирате дел од историјата кој носи своја приказна и говори за различни цивилизации од различни периоди на човештвото кои живееле на овие простори.

Според Законот прогласување на локалитетот Маркови Кули за споменик на природата,  источната граница на локалитетот Маркови Кули започнува од месноста Г. Чаир. Оттука границата се протега во североисточен правец по источните падини на грамадата Кукул (980 м), покрај асфалтниот пат којшто води спрема Прилепското Езеро. Кај езерото границата го менува правецот и се искачува по источните падини на грамадата Главица (1.033 м), потоа води по југозападните падини на месноста Ридон и по источните делови на грамадата Единак(1.303 м) и избива кај месноста Самарница. Оттука границата се спушта по источните падини на грамадата Сурун (1.077 M) и завршува на патот што ги поврзува селата Дупјачани и Небрегово.

Повеќе

На запад, границата започнува кај селото Забрчани и се протега на југ, па на југозапад спрема селото Мало Мраморани, при што води по западните падини на возвишението Негреа (988 м). Оттука границата се протега на југоисток и води по јужните падини на ридот Негреа, потоа по југозападните падини на возвишението Заградски Стени (976 м), по западните падини на Зеленик (983 м) и Маркови Кули (945 м) и завршува на јужните падини на грамадата Маркови Кули над месноста Варош.

Северната граница започнува од патот што ги поврзува селата Дупјачани и Небрегово, околу 500 метра источно од с. Небрегово. Оттука таа води на запад по патот за с. Дупјачани и на околу еден километар пред селото свртува на југ и води спрема месноста Орлов Камен. Оттука границата свртува малку на север, потоа остро свртува кон југоисток и се протега по југозападните падини на грамадата Сурун се до Горно Село. Оттука границата го менува правецот и води на запад по северните падини на грамадата Златоврв (1.422 м) се до месноста Вирила. Оттука границата се протега на северозапад и води по источните падини на ридот Негреа за да заврши кај селото Забрчани.

Јужната граница започнува кај месноста Варош и се протега на североисток по источните падини на грамадите Маркови Кули и Заленик заобиколувајќи ја рамнината Средно Поле, за да продолжи да води по западните падини на грамадата Кукул и завршува кај месноста Г. Чаир, на јужните падини на грамадата Кукул.

Затвори

  • Локација:

    Северозападно од Прилеп, Р. Северна Македонија

  • Координати:

  • Макс. висина:

    120-180м висина на врвови

[instalink id=”14″]

Водзушно видео

360 Фото

Галерија

Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).