[rev_slider_vc alias=”mavrovo”]
[vc_empty_space][vc_text_separator title=”Инфо” color=”black”]

Прво прогласување (1949‐1952): Врз основа на чл. 73 т. 4 од Уставот на Народна Република Македонија во врска со чл. 5 и т. 7 од Законот за Президиумот на Народното Собрание на НРМ го прогласува Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален  Парк што го донесе Народното Собрание на НРМ на седницата од 18 април 1949 година, кој гласи: “Указ за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк”  Службен весник на НРМ, бр.10 од 05. 05. 1949 година). Според овој закон, Националниот Парк Маврово е формиран “поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели околу Мавровското Поле”. Границите на Паркот биле следните: од исток, од кота 1,310 m се качува по билото на месноста “Влаиница” преку кота 1,329 m продолжува над село Леуново и преку Сунденскиот Рид излегува на кота 1,983 m на месноста “Сандакташ”, потоа врти на југ на кота 1,955 m, продолжува до кота 1,684 m, врти на запад до кота 1,767 m, врти остро кон север до местото наречено “Крстови”, врти одново кон запад по Кичинскиот Рид до кота 1,548 m, слегува по долот на кота 1,020 m, ја преминува Мавrовска Река и се качува на кота 1,496 m, па се искачува на “Врбен” на кота 1,743 m, потоа по ридот продолжува на кота 1,794 m, врти на кота 1,740 m, слегува на друмот Гостивар‐Маврово, и продолжува по друмот кон Гостивар до кота 1,310 m. Површината на “Националниот парк Маврово” изнесува 11.750 ha. Во границите на Националниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница и Врбен.

READ MORE

Препрогласување (1952): На 3.07.1952 година, границите на Заштитеното Подрачје биле  начително проширени со донесувањето на Законoт за изменување на законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк (Службен лист на СФРЈ, бр. 23 од 23.04.1952 година). Со овие измени, површината на Националниот Парк била зголемена дури за шестпати, односно од 11,750 ha на 73,088 ha. Во овие нови граници биле вклучени 37 селски  населби од четирите локални предели: Мавровска Котлина, Горна Река, Мала Река и Долна Река.

Ставовите 2,3 и 4 на член 1 од Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското поле за Национален Парк се менуваат и гласат: Границата на националниот парк е: северната страна што води кон исток започнува од кота 2,015 m на Шерупа на југословенско‐албанската граница и оттаму низ безимен поток оди до кота 1,530 m, па по потокот Црн Камен до кота 1,732 m, откаде во права линија избива на кота 1,916 m. Од оваа оди право до кота 2,216 m и понатаму до тригонометарот 2,385 m на Расангул, од каде започнува источната страна што води кон југ. Од тригонометарот 2,385 m источната страна оди по сртот на Венец на Црн Камен, Фудан Лера, Морава, Димговска црква на кои места ги сече котите 2,088 m, 2,224 m, тригонометарот 2,197 m, па

котите 2,150 m, 2,001 m, 1,794 m, 1,710 m и понатаму проаѓа покрај милиционерската станица на Влајница на кота 1,310 m и од оваа кота во права линија оди до тригонометарот 1,320 m, од каде  води право на Шундески Рид и избива на тригонометарот 1,983 m кај Бандакташ, па продолжува на

Милишер, каде ја сече котата 1,955 m и преку сртот на Кула, Чукнитапаница (кота 1,889 m), Три гроба, кота 2,020 m, избива на тригонометарот 2,102 m на Бистра, откаде започнува јужната страна што води кон запад.

Од тригонометарот 2,102 m јужната страна оди на кота 2,024 m, па оттука преку Јаворица (кота 1,832 m) Невестинин гроб, по сртот на Јама (тригонометар 1,711 m) слегува на државниот друм Кичево‐Дебар и по овој друм оди до местото Велајца, па по Мала Река избива на Бошков мост и оттука оди до Емишица и преку котите 1,627 m и 2,255 m, стига до караулата Дели Исеиница (гранична точка 12) на Југословенско‐Албанската граница, откаде започнува западната страна што оди кон север. Целата западна граница врви по Југословенско‐Албанската граница така што од караулата Дели Исеиница ‐ преку сртот на Гол Крчин, Боливар, Иноска, Плоча, Корабска врата, Копи Бар, Кула, Зубери, Капи Џанит, избива на кота 2,015 m на Шерупа. Во границите на националниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница, Врбен, Богдево, Кракорница, Бродец, Жужња, Ничпур, Нистрово, Бибај, Нивиште, Грекај, Рибница, Тануше, Врбјани, Жировница, Видуша, Требиште, Битуше, Велебрдо, Ростуша, Аџиевци, Присојница, Скудрине, Сушица, Лазарополе, Тресонче, Росоки, Селце, Јанче, Галичник, Болетин, Сенце, Волковија и Беличица. Сегашна (постоечка) состојба (2011): Сегашните надворешни граници на Заштитеното Подрачје Маврово се истите, по препрогласувањето од 1952 година, опфаќајќи површина од вкупно 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha според новиот начин на пресметување. Со промената на државната граница кон Косово, во пошироката околина на локалитетот Луково Поле, помеѓу сегашната (постоечка) надворешна граница на Заштитеното Подрачје Маврово и Државната граница кон Косово, се јавува еден простор кој не е под заштита со вкупна површина од 212.7 ha.

Географска локација и административна припадност

Националниот Парк Маврово (НПМ) е лоциран во северо‐западниот дел на Република Македонија, на тромеѓето помеѓу Република Албанија, Република Косово и Република Македонија, на северна географска широчина од 410 33’01’’ до 410 52’39’’ и источна географска должина од 20031’02’’ до 200

48’59’’, помеѓу градовите Гостивар, Дебар и Кичево.

Источната граница на НПМ во северните делови се протега по било од западните падини на Шар Планина а потоа продолжува по главното било на планината Бистра. Јужната граница на НПМ, во правец исток‐запад оди долж течението на Мала Река, се до нејзиниот влив во Радика а потоа, од Бошков Мост кон запад, по билото на планината Крчин се до Македонско‐Албанската граница.

Западната граница се поклопува со државната граница и се протега по билото на планините Крчин, Дешат и Кораб. Северната граница ја чинат падините на Шар Планина, кои го затвараат сливот на Радика.

Површината која ја зафаќа ова заштитено подрачје изнесува 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha, според новиот начин на пресметување.

Надморската височина се движи од минимум 600 m до максимум 2,764 m. Административно,територијата на НПМ припаѓа на 2 (две) општини и тоа општината Маврово‐Ростуше и општината Гостивар.

 

Сегашна (постоечка) состојба (2011): 

Сегашните надворешни граници на Заштитеното Подрачје Маврово се истите, по препрогласувањето од 1952 година, опфаќајќи површина од вкупно 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha според новиот начин на пресметување.

Со промената на државната граница кон Косово, во пошироката околина на локалитетот Луково Поле, помеѓу сегашната (постоечка) надворешна граница на Заштитеното Подрачје Маврово и Државната граница кон Косово, се јавува еден простор кој не е под заштита со вкупна површина од 212.7 ha.

 

 

Сегашни (постоечки) граници на зоните во Заштитеното Подрачје Маврово

Сегашното (постоечко) зонирање на Заштитеното Подрачје Национален Парк Маврово е изработено во рамките на Просторниот план на Националниот Парк Маврово од 1988 година. Сегашното зонирање на Националниот Парк Маврово ги вклучува следните зони:

 

  1. Строго заштитена зона (4,417 ha):
  • Зона Луково Поле ‐ Аџина Река (Јужна Шара); површина од 300 ha; значајни хидрографски, геоморфолошки и изразити флористички вредности (тресетишта, македонска острика, шарпланински косколом).
  • Зона Кораб; површина од 1,953 ha; подрачје на изворишниот дел на Рибничка Река, со Махиамада (над Тануше) ‐ молика и муника, предпланинска бука, бедреница, флористички богати ливади над шумата; клисурата над Жужње во варовнички камењари со разновидна и богата арктоалпска вегетација, бројни фитоценози а меѓу нив и ендемични; пределите меѓу Голема и Мала Корабска Врата ‐ комплекс од геолошки, рељефни, хидрографски флористиочки и пејзажни вредности, изворишните делови на Штировица, Длабока Река и Рибничка Река.
  • Зона Стрезимир; површина од 183 ha; клисура на Горна Радика со вертикални отсеци, назабени гребени и шилести врвови; појава на црн бор и кентрантус.
  • Зона Богдевска Река; површина 28 ha; ретка појава на горчлив тролист со шашеви.
  • Зона Сенечка планина и клисура Барич; површина од 1,953 ha; геоморфолошка реткост на клисурата Барич и Сенечките карпи; флористички разновиден (питома фоја, мечкина леска, орев, шашика, голубови очи, црн бор; пределот Острово ‐ биолошки резерват).

 

  1. Мелиоративна зона:
  • Поделена на шест просторни единици во кои се опфатени шумите и пасиштата. Во оваа зона се издвоени научно ‐ истражувачки оддели (11) за научно истражувачки работи од областа на шумарството и други области.

 

  1. Туристичко ‐ рекреативни зони:

3.1. Туристичко рекреативна зона Мавровско Езеро

  • Подрачје Маврови Анови, Бунец, Маврово со скијашките терени, Леуново, Никифорово со скијашките терени под Сандакташ и Кичиница.

3.2. Туристичко рекреативна зона Радика

  • Подрачје на Горна Радика со локалитетите Реч и Аџина Река.
  • Подрачје на Долна Радика и Мавровска Река со локалитетите Трница, манастирот Св. Јован Бигорски, Јанче и Галичник.
  • Подрачје на Јужна Шара со локалитети Црн камен и Богдево.
  • Подрачје на Кораб со локалитетите Тануше, Рибница, Жужње и скијашки терени под Голем Кораб и Шиловерт до Луково Поле.
  • Подрачје на Дешат со локалитетите Жировница и Битуше.

3.3. Туристичко рекреативна зона Бистра

  • Подрачје Лазарополе.
  • Подрачје Селце, Росоки, Тресонче.

3.4. Туристички пунктови и предели за пократки туристички посети и излети

  • Мала и Голема Корабска Врата.
  • Кабаш со Роси Римниц.
  • Кањонот Гури Вран на Длабока Река.
  • Кањонската клисура Барич.
  • Клисурата на Средна и Долна Радика.
  • Сенечки карпи.
  • Штировичка планина.
  • Клисурата на Горна Радика.

 

Патна инфраструктура

Регионалната мрежа на општината ја сочинуваат магистралниот пат М4 (Скопје‐Охрид) и регионалните патишта Р409 (Маврово‐Дебар), Р413 (пат кој го обиколува Мавровското езеро), Р414 (Маврово‐Галичник) и Р415 (од Бошков мост до раскрсницата кај што се врти за Лазарополе). Вкупната должина на локалните патишта е 185,6 km и е со различен квалитет. Сите населени места во Паркот се поврзани со локални патишта, со исклучок на селото Жужње.

 

Електрична енергија

Сите населени места од општината Маврово и Ростуше имаат електрична енергија. Единствен исклучок е селото Нивиште, кое не е покриено со електрична енергија. Иако не постои проблем со покриеноста, сепак најголем дел од месните заедници (61%) го истакнуваат проблемот со квалитетот на снабдување со електрична енергија.

 

Водоснабдувањ

Согласно последниот попис од 2002 година, во населените места кои беа дел од општината Маврови Анови, 67% од домаќинствата се поврзани со јавните системи за водоснабдување, додека во населените места кои беа дел од општина Ростуше, 95.3% од домаќинствата се поврзани со јавните системи за водоснабдување. Со повеќето од системите управува Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП) Маврово, додека со некои месните заедници.

Цврст отпад

Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП) Маврово е задолжено за собирање и отстранување на комуналниот отпад во населените места околу Мавровското Езеро (поранешна општина Маврови Анови) а од месец декември 2008 година и за селото Жировница. Како активност која во значителна мера ја унапреди оваа состојба е тоа што во рамките на проектот Заштита на животната средина, економски развој и промоција на еко‐туризам во НП Маврово, кој е во фаза на реализација од страна на Oxfam‐Italia, во текот на месец септември 2009, на ЈКП Маврово, му беа

донирани 61 контејнер и 2 трактори со кипер приколки.

 

Социјална инфраструктура

Основното образование се одвива во четири основни и единаесет подрачни училишта во 15 населени места и едно училиште за средно образование. Амбуланти има во селата: Присојница, Скудриње, Требиштe, Жировница и Маврово, додека во селото Ростуше Јавна Здравствена Установа. Културни домови има во селата Битуше и Ростуше. Општината располага со вкупно 17 спортски објекти. Објекти на месни заедници има во селата: Требиште, Скудриње, Жировница и Маврови Анови; полициски станици во село Маврово и во село Ростуше и три пошти, со вкупно 5,469 претплатници на телефон.

Индустрискиот и рударскиот сектор не се развиени, од причини што најголемиот дел од општината е во рамките на Националниот Парк Маврово. Во рамките на општината постои еден од најсложените хидроенергетски системи (ХЕЦ Маврово), кој со акумулација од 277 милиони m3 вода и три хидроелектрани: Вруток, Равен и Врбен, учествува со 42% во вкупната инсталираност на хидро‐електро капацитети во земјата.

Close

[vc_empty_space]
Флора и Фауна

Според овој закон, Националниот Парк Маврово е формиран “поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели околу Мавровското Поле”. Границите на Паркот биле следните: од исток, од кота 1,310 m се качува по билото на месноста “Влаиница” преку кота 1,329 m продолжува над село Леуново и преку Сунденскиот Рид излегува на кота 1,983 m на месноста “Сандакташ”, потоа врти на југ на кота 1,955 m, продолжува до кота 1,684 m, врти на запад до кота 1,767 m, врти остро кон север до местото наречено “Крстови”, врти одново кон запад по Кичинскиот Рид до кота 1,548 m, слегува по долот на кота 1,020 m, ја преминува Мавrовска Река и се качува на кота 1,496 m, па се искачува на “Врбен” на кота 1,743 m, потоа по ридот продолжува на кота 1,794 m, врти на кота 1,740 m, слегува на друмот Гостивар‐Маврово, и продолжува по друмот кон Гостивар до кота 1,310 m. Површината на “Националниот парк Маврово” изнесува 11.750 ha. Во границите на ационалниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница и Врбен.

From biogeofraphical point of view, the territory of the National Park Mavrovo, within the frames of the Republic of Macedonia, represents a core area for development of numerous arcto-mountain and boreal plant species.

Besides the high level of species diversity, another striking feature of the flora in the National Park is its high degree of endemism, represented by 13 endemic species, as well as the presence of rare plant species, 29 of which on national level, only on the territory of the National Park Mavrovo have been recorded.

The most striking feature of Biodiversity in the National Park Mavrovo is its high degree of species diversity. Floral and faunal elements with Ponto-Mediterranean (Eastern-Mediterranean) biogeographic origin are dominant, followed by the Complex of species with Boreal (Siberian) and Oreo-Tundral (Arctic-Mountain) origin, of which the Palaeo-Mountain (relict-mountain) sub-complex is more frequent and abundant in comparison with species of the sub-complex with of Arctic (tundral) origin. The Complex of species with Eremial (steppes, semi deserts/deserts) origin is less represented.

The assessment and evaluation of Biodiversity are made on the basis of numerous representative taxonomic groups of flora and fauna that include in total 3,757 taxa (species and subspecies) represented by: 78 algae, 661 fungi, 151 lichens, 1,473 vascular plants, 1,172 invertebrates, 8 fishes, 11 amphibians, 24 reptiles, 129 birds and 50 mammal species.

Habitats Directive (Directive 92/43/EEC) provides Legal Protection under Annex II for 20 species (eight species of invertebrates, two species of amphibians, three species of reptiles and seven species of mammals), which means that the species are of community interest whose conservation requires designation of special areas of conservation.

Habitats Directive (Directive 92/43/EEC) also provides Strict Legal Protection under Annex IV for additional 45 species (one vascular plant, seven invertebrates, six amphibians, 18 reptiles, and 13 species of mammals).

The Wild Birds Directive-WBD (Directive 2009/147/EC) of the European Parliament and the Council of the European Union provides Legal Protection for 19 species of birds (listed in Annex I), through the establishment of a coherent network of Special Protection Areas (SPAs) comprising all the most suitable territories for these species. Seven species listed in Annex I and one species listed in Annex II of the WBD are included in Category VU (Vulnerable) concerning the European Threat Status of birds (ETS). Two species of birds are included in the Category SPEC1 and seven species in the Category SPEC2 in accordance with the European Conservation Status of Birds (SPECs).

The IUCN Red List of Globally Threatened Species (2011) includes five threatened species, all in the Category VU (Vulnerable), of which three species of invertebrates: Astacus astacusAustropotamobius torrentium and Parnassius apollo; one species of reptiles: Vipera ursinii; and one species of mammals: Dinaromys bogdanovi.

The IUCN European Red List of Butterflies (2010) includes two threatened species, of which the species Phengaris arion is included in the Category EN (Endangered), while the species Euphydryas maturna in the Category VU (Vulnerable).

The IUCN European Red List of Reptiles (2009) includes one threatened species: Vipera ursinii in the Category VU (Vulnerable).

Within the boundaries of the Park, presence of 115 endemic taxa (species and subspecies) has been ascertained, of which: 13 vascular plants, 86 invertebrates, three fishes, three amphibians, five reptiles and 5 mammals. Of the total number of 115 endemic taxa, 58 taxa are local/national endemics, while the remainder 57 taxa are Balkan endemics.

Хидрологија и хидрографија

Вкупниот број на досега познати видови од васкуларната флора за територијата на НП Маврово е заокружен на 1,435 видови, од кои дури 404 видови и подвидови се вклучени во категоријата на лековити растенија. Од биогеографски аспект, територијата на Националниот Парк Маврово, во рамките на Република Македонија, претставува матично подрачје на кое се развиваат бројни орео‐тундрални (аркто‐ планински) и северни (бореални) флористички елементи. Покрај високиот диверзитет на видови, втора највпечатлива карактеристика на флората на Националниот Парк Маврово е релативно високиот степен на ендемизам (13 видови), како и присуство на ретки растителни видови (29 видови), кои на целата територија на Република Македонија се регистрирани единствено на локалитети во Националниот Парк Маврово.

Општа карактеристика на биолошката разновидност во Националниот Парк Маврово е високиот степен на видов диверзитет. Флористичките и фаунистичките елементи со понто‐медиранско биогеографско потекло се доминантни, потоа следи комплексот на видови со бореално или сибериско потекло и орео‐тундралниот (аркто‐планински) комплекс, од кој реликтниот  алео‐планински подкомплекс на видови е многу поброен во споредба со подкомплексот  на видови со Арктичко (Тундрално) потекло. Комлексот на видови со еремијално потекло (степи/ полупустини/пустини) е помалку застапен. Анализата и валоризацијата на компонентите на биодиверзитетот е направена врз основа на бројни репрезентативни таксономски групи, кои вклучуваат вкупно 3,757 таксони (видови и подвидови), од кои: Алги (78), Габи (661), Лишаи (151), Растенија (1,473), Инвертебратна фауна (1,172), Риби (8), Водоземци (11), Влечуги (24), Птици (129) и Цицачи (50). Директивата за живеалишта обезбедува законска заштита (Annex II) за вкупно 20 видови (8 видови инвертебрати, 2 вида водоземци, 3 вида влечуги и 7 видови на цицачи), кои се од интерес за Унијата, за чија заштита е потребно да се определат Посебни подрачја за заштита. Директивата за живеалишта обезбедува строга законска заштита (Annex IV) за вкупно 45 видови (1 вид на растение, 7 видови на инвертебрати, 6 видови на водоземци, 18 видови на влечуги и 13 видови на цицачи). Директивата за дивите птици (Birds Dirctive: Directive 2009/147/EC) при Советот на Европа, обезбедува законска заштита за вкупно 19 видови на птици за кои е потребно „Определување на Подрачја за Посебна Заштита (Special Protection Areas‐SPAs), на територии кои се најпогодни за видовите кои имаат потреба од посебна заштита на нивните природни живеалишта“ (Annex I). Седум (7) видови на птици од Annex I листата и еден (1) вид од Annex II листата на Директивата за птици се вклучени во категоријата V‐ Vulnerable (Ранлив вид), според Европскиот статус на закана на популациите на птици (European Threat Status‐ETS). Два (2) вида на птици се вклучени во категоријата SPEC1 и седум (7) видови се вклучени во категоријата SPEC2, според SPEC: Species of Europeаn Conservation Concerne (Видови со европско значење за заштита). IUCN Црвената Листа на видови под закана на глобално ниво (2011) вклучува вкупно пет (5) видови, сите во категоријата Ранлив вид (VU‐Vulnerable), од кои, три видови од инвертебратната фауна: Astacus astacusAustropotamobius torrentium и Parnassius apollo; еден вид од влечугите: Vipera ursinii и еден вид од цицачите: Dinaromys bogdanovi. IUCN Европската Црвена Листа на Самовилски коњчиња (2010) вклучува два (2) вида, во категоријата Ранлив вид (VU‐Vulnerable): Lestes macrostigma и Lindenia tetraphylla. IUCN Европската Црвена Листа на Пеперутки (2010) вклучува два (2) вида, од кои видот Phengaris arion во категоријата Загрозен вид (EN‐Endangered), додека видот Euphydryas maturna во категоријата Ранлив вид (VU‐Vulnerable). IUCN Европската Црвена Листа на Влечуги (2009) вклучува еден (1) вид: Vipera ursinii, во категоријата Ранлив вид (VU‐Vulnerable). На територијата на Националниот Парк Маврово утврдено е присуство на вкупно  15 ендемични таксони (видови и подвидови) од кои: растенија (13), инвертебратна фауна (86), риби (3), водоземци (3), влечуги (5) и цицачи (5). Од вкупниот број (115) на ендемични видови и подвидови, 58 се локално/национални ендемити, додека останатите 57 се балкански ендемити.

Геологија и Геоморфологија

Од геолошки аспект, матичниот супстрат на територијата на Националниот  Парк Маврово припаѓа кон Западно ‐ Македонската геотектонска единица. Карпестите маси кои се со различна старост и минеролошки состав, може да се групираат во три геолошки формации: палеозојски метаморфни и магматски карпи; мезозојски седиментни карпи и квартерни наслаги. Палеозојските метаморфни и магматски карпи се најстарата стратиграфска единица, чија дебелина е проценета на околу 8,000 m. Составена  е  од  филитоиди,  метапесочници  и  кварцити,  конгломерати,  зелени  шкрилци, фелтспатизирани шкрилци и мермери, а покрај нив застапени се и магматски стени. Мезозојските седиментни и магматски карпи  се претставени со седименти од Тријас, Јура и Горна Креда и мал дел со магматски карпи. Квартерните наслаги се развиени на повеќе места, а се претставени со морени, бигори, црвеници, пролувиум, падински бречи, делувиум, сипари, алувиум и друго.

Релјефот во Националниот Парк Маврово   е сложен и разновиден. Ваквата сложеност се јавува како резултат на различниот геолошки состав и сложените тектонски движења што се одвивале во подалечното и поблиското геолошко минато на теренот на Западна Македонија во чиј состав влегува и Националниот Парк Маврово, како и под влијание на надворешни фактори. Имено, под деjство на тектонските  движења  се  создадени  покрупни  морфотектонски  форми  и  тоа:  планини,  котлини, планински врвови, високопланински превои, тектонски отсеци, а под дејство на надворешните сили се создадени разновидни геоморфолошки форми.

Како најзначајни релјефни форми добиени како резултат на тектонските движења се планините, како позитивни морфотектонски релјефни форми кои настанале под дејство на радијалните движења со издигање на теренот.   Според својата височина сите планини на територијата на Националниот Парк Маврово можат да се вбројат во редот на високи планини, бидејќи нивните врвови се повисоки од 2,000 m, а на поедини и од 2,500 m.

Корабскиот планински масив се издига од десната долинска страна на Реката Радика, односно од западната страна на Националниот Парк Маврово, во крајниот западен дел на Република Македонија, долж Македонско‐Албанската граница, на потегот од врвот Шерупа (2,092 m) на север, до врвот Рудина (2,238 m) на југ.  Корабскиот масив го сочинуваат три планини кои меѓусебе се надоврзуваат во правец од север кон југ (Кораб, Дешат и Крчин). Границата помеѓу нив тешко може да се определи. Кај народот што живее во подгорините на овој планински масив, за северниот дел е одомаќинето името Кораб, за средишниот Дешат, а за јужниот дел Крчин.

Планината Дешат претставува јужно продолжение на планината Кораб. Го зафаќа средишниот дел на Корабскиот планински масив, кој се протега на потегот од истоимениот високопланински превој Дешат (1,950 m) на север, до превојот Сува Бара (2,065 m) на југ, со должина од 7 km. Највисок врв е Вели Вар (2,372 m). Од превалите позначајни се: високопланинскиот превал Дешат (1,950 m) кој меѓусебе ги дели планините Кораб на север и Дешат на југ и високопланинскиот превал Сува Бара (2,065 m), кој меѓу себе ги дели планините Дешат на север и Крчин на југ.

Планината Крчин претставува јужно продолжение на планината Дешат. Оваа планина се протега од споменатиот превал Сува Бара на север до дното на Дебарската Котлина на југ, со  должина од 13 km. Над планинското било се издигаат неколку врвови со височина од над 2,000 m меѓу кои позначајни се: Голем Крчин (2,341 m), Мал Крчин (2,174 m), Рудина (2,238 m) и Црвена Плоча (2,107 m).

Планината Кораб се   издига во северниот дел на Корабскиот планински масив, на потегот од врвот Шерупа (2,092 m) на север, до високопланинскиот превој Дешат (1,959 m) на југ, со должина од 26 km.

Највисок врв е Голем Кораб (2,764/2,753 m).  Помеѓу високите планински врвови се наоѓаат и високи планински превои, меѓу кои позначајни се: Голема Корабска Врата (2,062 m), Мала Корабска Врата (2,460 m) и Цигански Премин (2,300 m).

Шарпланинскиот масив се издига во североисточниот и делумно во северниот дел од Националниот Парк Маврово. На Националниот Парк од овој масив му припаѓаат крајните делови на југозападната страна, на југ до Мавровската Котлина и долината на Мавровска Река, на запад  до дното на долината на реката Радика и на север до водоразделот со Шерупска Река. Највисок врв на делот кој му припаѓа на  сливот  на  реката Радика  е  Голема  Враца  (2,582  m),  додека  највисок  врв  кој  му  припаѓа  на Националниот Парк Маврово е врвот Црна Карпа (2,405 m).

Шар Планина претставува важен хидролошки јазол. По највисоките делови од планинскиот срт минува водоразделната линија која природно ја дели водата во два спротивни речни сливови: Јадранскиот на запад и Егејскиот на исток, односно југоисток. Поважни речни текови чии изворишта се формираат под планинскиот срт се: Аџина Река; реката Ќафа Кадис, Бродечка Река, Кракорничка Река, Богдевска Река и Врбенска Река.

Планината Бистра се издига во источниот и југоисточниот дел на Националниот Парк Маврово, на југ од високопланинскиот превој Влаиница (1,310 m),  Мавровска Котлина и долината на Мавровска Река до високопланинскиот превој Јама (1,507 m), долината на Мала Река и долините на нејзините притоки Гарска и Јамска Река. На запад таа допира до дното на долината на реката Радика, а на исток до дното на  Кичевската  Котлина.  Планинскиот  срт  во  средишниот  дел  е  разбиен  и  благо  зарамнет,  а  во источниот дел е јасно изразен по целата должина. Над планинското било се издигаат повеќе врвови со височина од над 2,000 m. Највисок врв е Меденица (2,163 m).

Земено во целина, во Националниот Парк Маврово, вкупно се регистрирани 86 планински врвови чија височина е поголема од 2,000, од кои на Кораб (41), на Дешат (7), на Крчин (7), на Бистра (15) и на Шар Планина (16). Од вкупниот број, шест (6) врвови се со височина поголема од 2,500 m, сите на планината Кораб.

Во Националниот Парк Маврово вкупно се регистрирани 23 високопланински превои преку кои Паркот се  поврзува  со  непосредната  околина.  Тука  се  наоѓаат  највисоките  високопланински  превои  во Република  Македонија, како што се: Голема Корабска Врата (2,063 m) која меѓусебе ги дели северниот и средишниот дел на планината Кораб, Мала Корабска Врата (2,465 m) која меѓусебе ги дели врвовите Голем Кораб на север и Мал Кораб на југ, Дешат (2,020m) кој меѓусебе ги дели планините Кораб на север и Дешат на југ, Света Недела, Сува Бара (2,065m) која меѓусебе ги дели планините Дешат на север и Крчин на југ.

Високопланинскиот превој Јама (1,507m), меѓу себе ги дели планините Бистра на север и Стогово на југ и превојот Влаиница (1,272 m) кој  меѓу себе ги дели Шар Планина на север и планината Бистра на југ. Преку планинскиот превој Влаиница е изграден магистралниот пат Скопје‐Маврови Анови‐Дебар преку кој се поврзуваат Полошката Котлина на север и Мавровската Котлина и долината на реката Радика на југ, односно на југозапад.

Како најзначајни релјефни форми добиени како резултат на надворешните сили ќе ги споменеме речните корита со кањони и подземните карстни рељефни форми, односно пештерите.

Во Националниот Парк Маврово вкупно се констатирани 16 кањонски долини и кањони. Тие се јавуваат на местата кадешто речните долини се длабоко всечени во цврстите карпести маси, кои попречно го сечат теренот. Помеѓу нив, кањонот Барич на реката Радика е најдолг (9 km) со височина на страните од 300 ‐350 m.  Потоа следуваат кањоните:  Торбешки Мост на реката Радика со должина од 2.5 km и височина на страните од 200‐300 m, кањонот на Аџина Река со должина од 2 km и височина на страните од  150‐300 m, Нистровскиот кањон на Длабока Река, со должина од 2 km и височина на страните  од 250‐300 m,  кањоните Стрезимир и Состав Река и двата  на реката Радика, со должина од по 1.5 km и височина на страните од 100‐300 m,  Тресонечкиот кањон на Тресонечка Река со должина од 1.3 km и Танушајскиот кањон на реката Рибница со должина од 1.2 km. Останатите осум кањони се со должина помала од 1 километар.

Во поголемиот кањон на Тресонечка Река кој се протега на потегот од Обесен Извор до вливот на водите од карстниот извор Три Извори, се наоѓа Билјаниниот Слап, најголем во Република Македонија и на Балканскиот Полуостров, кој го сочинуваат 12 вертикални отсеци, џиновски лонци.

Во карстифицираните делови во Националниот Парк Маврово, се јавуваат бројни подземни карстни релјефни форми, кои се претставени со активни и фосилни понори, пропасти и пештери.Пештерите во Националниот    Парк  Маврово  се  честа  појава.  Нив  ги  формирале  подземните  текови  кои  се движат долж пукнатините,  проширувајќи  ги притоа и создавајќи  подземни  канали. Пештерите  во сливот на реката Радика  се застапени со 42 поголеми и помали пештери. Помеѓу нив, најпозната е Пештерата Алилица, која се наоѓа во долината на Тресонечка Река, во непосредна близина на речното корито од десната долинска страна. Пештерскиот систем Алилица го сочинуваат подземните канали на Горна и Долна Алилица. Значајно за оваа пештера е што во неа има подземен водотек кој се среќава по целата должина. Вкупната должина на пештерските канали изнесува 590 m.

Клима

Заради специфичните физичко‐географски и орографски услови, според промената на климато‐
лошките елементи во зависноста од надморската височина, на територијата на Паркот се присутни следните видови на клима:

• 600900 m: Подрачје со топла континентална клима, со средна годишна температура од 80C до 100C и просечна годишна сума на врнежи од 600‐800 mm.
• 9001,100 m: Подрачје со студена континентална клима, со средна годишна температура од 70C до 80C и просечна годишна сума на врнежи од 800‐900 mm.
• 1,1001,300m: Подрачје со подгорска континентална планинска клима, со средна годишна
температура од 5.50C до 70C и просечна годишна сума на врнежи од 900‐1,250 mm.
• 1,3001,650m: Подрачје со горска континентално планинска клима, со средна годишна температура од 30C до 5.50C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 1,6502,250m: Подрачје со субалпска клима, со средна годишна температура од ‐10C до 30C и
просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 2,2502,764m: Подрачје со алпска клима, со средна годишна температура од ‐50C до ‐10C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.

Според резултатите од климатските сценарија, просечниот пораст на температурата на територијата на Република Северна Македонија ќе се движи во опсегот меѓу 1.2 °C до 2025 година, 2.3 °C до 2050 година, 3.5 °C до 2075 година и 5.1 °C до 2100 година. Според определени емисиони сценарија за климатските промени на територијата на Заштитеното Подрачје Маврово, се очекува пораст на врнежите во зимскиот период до крајот на 21 век кој би можел да достигне до 6%, а во сите други сезони е проектирано опаѓање на врнежите. Најинтензивно намалување на врнежите од ‐16% се очекува во летниот период.

[vc_single_image image=”2773″ alignment=”center” style=”vc_box_border_circle” border_color=”green”][vc_empty_space][vc_text_separator title=”Мени” color=”black”]
[vc_text_separator title=”Инстаграм” color=”black”]

[instalink id=”9″]

[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”Воздушно видео” color=”black”][vc_empty_space][veso_video_lightbox link_style=”play_button” textalign=”text-center” play_button_color=”#81d742″ video_url=”https://vimeo.com/332264575″]
[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”360 Фото” color=”black”][vc_single_image image=”2551″ alignment=”center” enable_animation_pro=””][vc_empty_space height=”52px”]
[vc_empty_space]
Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).