previous arrow
next arrow
Slider

Национален парк Маврово

Прво прогласување (1949‐1952): Врз основа на чл. 73 т. 4 од Уставот на Народна Република Македонија во врска со чл. 5 и т. 7 од Законот за Президиумот на Народното Собрание на НРМ го прогласува Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален  Парк што го донесе Народното Собрание на НРМ на седницата од 18 април 1949 година, кој гласи: “Указ за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк”  Службен весник на НРМ, бр.10 од 05. 05. 1949 година). Според овој закон, Националниот Парк Маврово е формиран “поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели околу Мавровското Поле”.

Границите на Паркот биле следните: од исток, од кота 1,310 m се качува по билото на месноста “Влаиница” преку кота 1,329 m продолжува над село Леуново и преку Сунденскиот Рид излегува на кота 1,983 m на месноста “Сандакташ”, потоа врти на југ на кота 1,955 m, продолжува до кота 1,684 m, врти на запад до кота 1,767 m, врти остро кон север до местото наречено “Крстови”, врти одново кон запад по Кичинскиот Рид до кота 1,548 m, слегува по долот на кота 1,020 m, ја преминува Мавrовска Река и се качува на кота 1,496 m, па се искачува на “Врбен” на кота 1,743 m, потоа по ридот продолжува на кота 1,794 m, врти на кота 1,740 m, слегува на друмот Гостивар‐Маврово, и продолжува по друмот кон Гостивар до кота 1,310 m. Површината на “Националниот парк Маврово” изнесува 11.750 ha. Во границите на Националниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница и Врбен.

Повеќе

Препрогласување (1952): На 3.07.1952 година, границите на Заштитеното Подрачје биле  начително проширени со донесувањето на Законoт за изменување на законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк (Службен лист на СФРЈ, бр. 23 од 23.04.1952 година). Со овие измени, површината на Националниот Парк била зголемена дури за шестпати, односно од 11,750 ha на 73,088 ha. Во овие нови граници биле вклучени 37 селски  населби од четирите локални предели: Мавровска Котлина, Горна Река, Мала Река и Долна Река.

Ставовите 2,3 и 4 на член 1 од Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското поле за Национален Парк се менуваат и гласат: Границата на националниот парк е: северната страна што води кон исток започнува од кота 2,015 m на Шерупа на југословенско‐албанската граница и оттаму низ безимен поток оди до кота 1,530 m, па по потокот Црн Камен до кота 1,732 m, откаде во права линија избива на кота 1,916 m. Од оваа оди право до кота 2,216 m и понатаму до тригонометарот 2,385 m на Расангул, од каде започнува источната страна што води кон југ. Од тригонометарот 2,385 m источната страна оди по сртот на Венец на Црн Камен, Фудан Лера, Морава, Димговска црква на кои места ги сече котите 2,088 m, 2,224 m, тригонометарот 2,197 m, па котите 2,150 m, 2,001 m, 1,794 m, 1,710 m и понатаму проаѓа покрај милиционерската станица на Влајница на кота 1,310 m и од оваа кота во права линија оди до тригонометарот 1,320 m, од каде  води право на Шундески Рид и избива на тригонометарот 1,983 m кај Бандакташ, па продолжува на Милишер, каде ја сече котата 1,955 m и преку сртот на Кула, Чукнитапаница (кота 1,889 m), Три гроба, кота 2,020 m, избива на тригонометарот 2,102 m на Бистра, откаде започнува јужната страна што води кон запад. Од тригонометарот 2,102 m јужната страна оди на кота 2,024 m, па оттука преку Јаворица (кота 1,832 m) Невестинин гроб, по сртот на Јама (тригонометар 1,711 m) слегува на државниот друм Кичево‐Дебар и по овој друм оди до местото Велајца, па по Мала Река избива на Бошков мост и оттука оди до Емишица и преку котите 1,627 m и 2,255 m, стига до караулата Дели Исеиница (гранична точка 12) на Југословенско‐Албанската граница, откаде започнува западната страна што оди кон север. Целата западна граница врви по Југословенско‐Албанската граница така што од караулата Дели Исеиница ‐ преку сртот на Гол Крчин, Боливар, Иноска, Плоча, Корабска врата, Копи Бар, Кула, Зубери, Капи Џанит, избива на кота 2,015 m на Шерупа. Во границите на националниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница, Врбен, Богдево, Кракорница, Бродец, Жужња, Ничпур, Нистрово, Бибај, Нивиште, Грекај, Рибница, Тануше, Врбјани, Жировница, Видуша, Требиште, Битуше, Велебрдо, Ростуша, Аџиевци, Присојница, Скудрине, Сушица, Лазарополе, Тресонче, Росоки, Селце, Јанче, Галичник, Болетин, Сенце, Волковија и Беличица.

Сегашна (постоечка) состојба (2011): Сегашните надворешни граници на Заштитеното Подрачје Маврово се истите, по препрогласувањето од 1952 година, опфаќајќи површина од вкупно 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha според новиот начин на пресметување. Со промената на државната граница кон Косово, во пошироката околина на локалитетот Луково Поле, помеѓу сегашната (постоечка) надворешна граница на Заштитеното Подрачје Маврово и Државната граница кон Косово, се јавува еден простор кој не е под заштита со вкупна површина од 212.7 ha.

Сегашна (постоечка) состојба (2011): 

Сегашните надворешни граници на Заштитеното Подрачје Маврово се истите, по препрогласувањето од 1952 година, опфаќајќи површина од вкупно 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha според новиот начин на пресметување.

Со промената на државната граница кон Косово, во пошироката околина на локалитетот Луково Поле, помеѓу сегашната (постоечка) надворешна граница на Заштитеното Подрачје Маврово и Државната граница кон Косово, се јавува еден простор кој не е под заштита со вкупна површина од 212.7 ha.

Сегашни (постоечки) граници на зоните во Заштитеното Подрачје Маврово

Сегашното (постоечко) зонирање на Заштитеното Подрачје Национален Парк Маврово е изработено во рамките на Просторниот план на Националниот Парк Маврово од 1988 година. Сегашното зонирање на Националниот Парк Маврово ги вклучува следните зони:

  1. Строго заштитена зона (4,417 ha):
  • Зона Луково Поле ‐ Аџина Река (Јужна Шара); површина од 300 ha; значајни хидрографски, геоморфолошки и изразити флористички вредности (тресетишта, македонска острика, шарпланински косколом).
  • Зона Кораб; површина од 1,953 ha; подрачје на изворишниот дел на Рибничка Река, со Махиамада (над Тануше) ‐ молика и муника, предпланинска бука, бедреница, флористички богати ливади над шумата; клисурата над Жужње во варовнички камењари со разновидна и богата арктоалпска вегетација, бројни фитоценози а меѓу нив и ендемични; пределите меѓу Голема и Мала Корабска Врата ‐ комплекс од геолошки, рељефни, хидрографски флористиочки и пејзажни вредности, изворишните делови на Штировица, Длабока Река и Рибничка Река.
  • Зона Стрезимир; површина од 183 ha; клисура на Горна Радика со вертикални отсеци, назабени гребени и шилести врвови; појава на црн бор и кентрантус.
  • Зона Богдевска Река; површина 28 ha; ретка појава на горчлив тролист со шашеви.
  • Зона Сенечка планина и клисура Барич; површина од 1,953 ha; геоморфолошка реткост на клисурата Барич и Сенечките карпи; флористички разновиден (питома фоја, мечкина леска, орев, шашика, голубови очи, црн бор; пределот Острово ‐ биолошки резерват).
  1. Мелиоративна зона:
  • Поделена на шест просторни единици во кои се опфатени шумите и пасиштата. Во оваа зона се издвоени научно ‐ истражувачки оддели (11) за научно истражувачки работи од областа на шумарството и други области.
  1. Туристичко ‐ рекреативни зони:

3.1. Туристичко рекреативна зона Мавровско Езеро

  • Подрачје Маврови Анови, Бунец, Маврово со скијашките терени, Леуново, Никифорово со скијашките терени под Сандакташ и Кичиница.

3.2. Туристичко рекреативна зона Радика

  • Подрачје на Горна Радика со локалитетите Реч и Аџина Река.
  • Подрачје на Долна Радика и Мавровска Река со локалитетите Трница, манастирот Св. Јован Бигорски, Јанче и Галичник.
  • Подрачје на Јужна Шара со локалитети Црн камен и Богдево.
  • Подрачје на Кораб со локалитетите Тануше, Рибница, Жужње и скијашки терени под Голем Кораб и Шиловерт до Луково Поле.
  • Подрачје на Дешат со локалитетите Жировница и Битуше.

3.3. Туристичко рекреативна зона Бистра

  • Подрачје Лазарополе.
  • Подрачје Селце, Росоки, Тресонче.

3.4. Туристички пунктови и предели за пократки туристички посети и излети

  • Мала и Голема Корабска Врата.
  • Кабаш со Роси Римниц.
  • Кањонот Гури Вран на Длабока Река.
  • Кањонската клисура Барич.
  • Клисурата на Средна и Долна Радика.
  • Сенечки карпи.
  • Штировичка планина.
  • Клисурата на Горна Радика.

Патна инфраструктура

Регионалната мрежа на општината ја сочинуваат магистралниот пат М4 (Скопје‐Охрид) и регионалните патишта Р409 (Маврово‐Дебар), Р413 (пат кој го обиколува Мавровското езеро), Р414 (Маврово‐Галичник) и Р415 (од Бошков мост до раскрсницата кај што се врти за Лазарополе). Вкупната должина на локалните патишта е 185,6 km и е со различен квалитет. Сите населени места во Паркот се поврзани со локални патишта, со исклучок на селото Жужње. Сите населени места од општината Маврово и Ростуше имаат електрична енергија. Единствен исклучок е селото Нивиште, кое не е покриено со електрична енергија. Иако не постои проблем со покриеноста, сепак најголем дел од месните заедници (61%) го истакнуваат проблемот со квалитетот на снабдување со електрична енергија. Согласно последниот попис од 2002 година, во населените места кои беа дел од општината Маврови Анови, 67% од домаќинствата се поврзани со јавните системи за водоснабдување, додека во населените места кои беа дел од општина Ростуше, 95.3% од домаќинствата се поврзани со јавните системи за водоснабдување. Со повеќето од системите управува Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП) Маврово, додека со некои месните заедници.

На територијата на НПМ живеат вкупно 8,618 жители. Со 11,9 жители на km2 оваа територија во целина е една од ретко населените, особено земајќи го предвид фактот дека оваа бројка на ниво  на државата изнесува 80 жители на km2. На територијата на општината Маврово‐Ростуше постојат 42 населени места, од кои 37 се наоѓаат во границите на заштитеното подрачје. Големината на секое од овие села е различна. Вкупниот број на куќи изнесува 4,776, од кои само 1,969 или 41,2% се користат како живеалишта, додека останатите се напуштени, или пак  сопствениците се на работа надвор од своето огниште. Вкупниот број на жители, според пописот од 2002 година изнесува 8,618 лица, од кои 4,297 или 49,4% се мажи и 4,323 или 50,6% се жени. Анализите за образовната структура покажуваат дека најголем дел од локалното население (51.7%)  со завршено основно образование, додека 33.4% има завршено средно образование. 7.4% од населението нема воопшто никаво образование. Невработеноста во оваа општина достига значајни 49%. Според верската определеност, преовладува муслиманското население, кое е застапено со 7,506 лица или околу 87%. Анализите за националната припадност покажуваат дека околу 50% од населението се Македонци, 31% Турци и 17% Албанци.

Затвори

Флора и Фауна:

Вкупниот број на досега познати видови од васкуларната флора за територијата на НП Маврово е заокружен на 1,435 видови, од кои дури 404 видови и подвидови се вклучени во категоријата на лековити растенија. Од биогеографски аспект, територијата на Националниот Парк Маврово, во рамките на Република С. Македонија, претставува матично подрачје на кое се развиваат бројни орео‐тундрални (аркто‐ планински) и северни (бореални) флористички елементи. Покрај високиот диверзитет на видови, втора највпечатлива карактеристика на флората на Националниот Парк Маврово е релативно високиот степен на ендемизам (13 видови), како и присуство на ретки растителни видови (29 видови), кои на целата територија на Република Македонија се регистрирани единствено на локалитети во Националниот Парк Маврово.

Општа карактеристика на биолошката разновидност во Националниот Парк Маврово е високиот степен на разновиден биодиверзитет. Флористичките и фаунистичките елементи со понто‐медиранско биогеографско потекло се доминантни, потоа следи комплексот на видови со бореално или сибериско потекло и орео‐тундралниот (аркто‐планински) комплекс, од кој реликтниот  алео‐планински подкомплекс на видови е многу поброен во споредба со подкомплексот  на видови со Арктичко (Тундрално) потекло. Комлексот на видови со еремијално потекло (степи/ полупустини/пустини) е помалку застапен. Анализата и валоризацијата на компонентите на биодиверзитетот е направена врз основа на бројни репрезентативни таксономски групи, кои вклучуваат вкупно 3,757 таксони (видови и подвидови), од кои: Алги (78), Габи (661), Лишаи (151), Растенија (1,473), Инвертебратна фауна (1,172), Риби (8), Водоземци (11), Влечуги (24), Птици (129) и Цицачи (50). Директивата за живеалишта обезбедува законска заштита (Annex II) за вкупно 20 видови (8 видови инвертебрати, 2 вида водоземци, 3 вида влечуги и 7 видови на цицачи), кои се од интерес за Унијата, за чија заштита е потребно да се определат Посебни подрачја за заштита. Директивата за живеалишта обезбедува строга законска заштита (Annex IV) за вкупно 45 видови (1 вид на растение, 7 видови на инвертебрати, 6 видови на водоземци, 18 видови на влечуги и 13 видови на цицачи). Директивата за дивите птици (Birds Dirctive: Directive 2009/147/EC) при Советот на Европа, обезбедува законска заштита за вкупно 19 видови на птици за кои е потребно „Определување на Подрачја за Посебна Заштита (Special Protection Areas‐SPAs), на територии кои се најпогодни за видовите кои имаат потреба од посебна заштита на нивните природни живеалишта“ (Annex I). Седум (7) видови на птици од Annex I листата и еден (1) вид од Annex II листата на Директивата за птици се вклучени во категоријата V‐ Vulnerable (Ранлив вид), според Европскиот статус на закана на популациите на птици (European Threat Status‐ETS). Два (2) вида на птици се вклучени во категоријата SPEC1 и седум (7) видови се вклучени во категоријата SPEC2, според SPEC: Species of Europeаn Conservation Concerne (Видови со европско значење за заштита). IUCN Црвената Листа на видови под закана на глобално ниво (2011) вклучува вкупно пет (5) видови, сите во категоријата Ранлив вид (VU‐Vulnerable), од кои, три видови од инвертебратната фауна: Astacus astacusAustropotamobius torrentium и Parnassius apollo; еден вид од влечугите: Vipera ursinii и еден вид од цицачите: Dinaromys bogdanovi. IUCN Европската Црвена Листа на Самовилски коњчиња (2010) вклучува два (2) вида, во категоријата Ранлив вид (VU‐Vulnerable): Lestes macrostigma и Lindenia tetraphylla. IUCN Европската Црвена Листа на Пеперутки (2010) вклучува два (2) вида, од кои видот Phengaris arion во категоријата Загрозен вид (EN‐Endangered), додека видот Euphydryas maturna во категоријата Ранлив вид (VU‐Vulnerable). IUCN Европската Црвена Листа на Влечуги (2009) вклучува еден (1) вид: Vipera ursinii, во категоријата Ранлив вид (VU‐Vulnerable). На територијата на Националниот Парк Маврово утврдено е присуство на вкупно  15 ендемични таксони (видови и подвидови) од кои: растенија (13), инвертебратна фауна (86), риби (3), водоземци (3), влечуги (5) и цицачи (5). Од вкупниот број (115) на ендемични видови и подвидови, 58 се локално/национални ендемити, додека останатите 57 се балкански ендемити.

Хидрологија и хидрографија:

Целокупната територија на Заштитеното Подрачје Национален Парк Маврово, во основа е вклучена во сливното подрачје на реката Радика, чиј просечен годишен проток на вода за период од 50 години (1961‐2010), на мерната станица Бошков Мост изнесува 19.63 m3/s. Реката Радика нема некој покарактеристичен извор, туку неа ја формираат поголем број на мали поточиња, кои настануваат по страните и дното на циркот Горни Деф‐Велин Бег. Како извор на Реката Радика земен е еден помал водотек што се формира на северозапад од врвот Голема Враца, на Целокупната територија на Заштитеното Подрачје Национален Парк Маврово, во основа е вклучена во сливното подрачје на реката Радика, чиј просечен годишен проток на вода за период од 50 години (1961‐2010), на мерната станица Бошков Мост изнесува 19.63 m3/s. Реката Радика нема некој покарактеристичен извор, туку неа ја формираат поголем број на мали поточиња, кои настануваат по страните и дното на циркот Горни Деф‐Велин Бег. Како извор на Реката Радика земен е еден помал водотек што се формира на северозапад од врвот Голема Враца, на височина од 2,260 m. Вистинската или максимална должина на речниот тек на Радика изнесува 64.7 km, додека вкупната должина на сите водотеци во сливот на Радика изнесува 763.4 km. Вкупната површина на сливот на реката Радика изнесува 879.8 km2. Поголем дел од сливната површина (575.3 km2) е од левата страна, а значително помалку (304.5 km2) од десната страна на водотекот. Од хидролошки аспект, покрај реките, на територијата на Паркот се присутни и други хидролошки форми, од кои како позначајни акватични природни живеалишта (хабитатни типови) ќе ги споменеме изворите, ледничките езера и темпоралните локви, како и акумулацијата Мавровско Езеро.

Во рамките на паркот постои еден од најсложените хидроенергетски системи ХЕЦ Маврово. Мавровскиот хидроенергетски систeм со трите централи ХЕ”Вруток”, ХЕ “Равен” и ХЕ “Врбен” и со вкупна акумулација од 277 милиони m3 вода претставува еден од најголемите и најсложените системи во македонскиот електроенергетски систем. Во вкупната инсталираност на хидрокапацитетитe во земјава, овој систем учестува со 42%. Мавровскиот систем денес претставува најголем и најсложен систем на хидроелектрани во Република Македонија кој се состои од три хидроцентрали со вкупно 9 агрегати, акумулација Мавровско Езеро, доводни тунели, цевководи, и канали за вода со вкупна должина од 133.4 километри од кои 91 километри покриени канали, 36 километри тунели и 6.4 километри челични сифони и цевководи под притисок, пристапни патишта за набљудување и одржување на објектите со вкупна должина од 167 километри.

Геологија и Геоморфологија:

Од геолошки аспект, матичниот супстрат на територијата на Националниот  Парк Маврово припаѓа кон Западно ‐ Македонската геотектонска единица. Карпестите маси кои се со различна старост и минеролошки состав, може да се групираат во три геолошки формации: палеозојски метаморфни и магматски карпи; мезозојски седиментни карпи и квартерни наслаги. Палеозојските метаморфни и магматски карпи се најстарата стратиграфска единица, чија дебелина е проценета на околу 8,000 m. Составена  е  од  филитоиди,  метапесочници  и  кварцити,  конгломерати,  зелени  шкрилци, фелтспатизирани шкрилци и мермери, а покрај нив застапени се и магматски стени. Мезозојските седиментни и магматски карпи  се претставени со седименти од Тријас, Јура и Горна Креда и мал дел со магматски карпи. Квартерните наслаги се развиени на повеќе места, а се претставени со морени, бигори, црвеници, пролувиум, падински бречи, делувиум, сипари, алувиум и друго.

Релјефот во Националниот Парк Маврово   е сложен и разновиден. Ваквата сложеност се јавува како резултат на различниот геолошки состав и сложените тектонски движења што се одвивале во подалечното и поблиското геолошко минато на теренот на Западна Македонија во чиј состав влегува и Националниот Парк Маврово, како и под влијание на надворешни фактори. Имено, под деjство на тектонските  движења  се  создадени  покрупни  морфотектонски  форми  и  тоа:  планини,  котлини, планински врвови, високопланински превои, тектонски отсеци, а под дејство на надворешните сили се создадени разновидни геоморфолошки форми.

Како најзначајни релјефни форми добиени како резултат на тектонските движења се планините, како позитивни морфотектонски релјефни форми кои настанале под дејство на радијалните движења со издигање на теренот.   Според својата височина сите планини на територијата на Националниот Парк Маврово можат да се вбројат во редот на високи планини, бидејќи нивните врвови се повисоки од 2,000 m, а на поедини и од 2,500 m.

Корабскиот планински масив се издига од десната долинска страна на Реката Радика, односно од западната страна на Националниот Парк Маврово, во крајниот западен дел на Република Македонија, долж Македонско‐Албанската граница, на потегот од врвот Шерупа (2,092 m) на север, до врвот Рудина (2,238 m) на југ.  Корабскиот масив го сочинуваат три планини кои меѓусебе се надоврзуваат во правец од север кон југ (Кораб, Дешат и Крчин). Границата помеѓу нив тешко може да се определи. Кај народот што живее во подгорините на овој планински масив, за северниот дел е одомаќинето името Кораб, за средишниот Дешат, а за јужниот дел Крчин.

Планината Дешат претставува јужно продолжение на планината Кораб. Го зафаќа средишниот дел на Корабскиот планински масив, кој се протега на потегот од истоимениот високопланински превој Дешат (1,950 m) на север, до превојот Сува Бара (2,065 m) на југ, со должина од 7 km. Највисок врв е Вели Вар (2,372 m). Од превалите позначајни се: високопланинскиот превал Дешат (1,950 m) кој меѓусебе ги дели планините Кораб на север и Дешат на југ и високопланинскиот превал Сува Бара (2,065 m), кој меѓу себе ги дели планините Дешат на север и Крчин на југ.

Планината Крчин претставува јужно продолжение на планината Дешат. Оваа планина се протега од споменатиот превал Сува Бара на север до дното на Дебарската Котлина на југ, со  должина од 13 km. Над планинското било се издигаат неколку врвови со височина од над 2,000 m меѓу кои позначајни се: Голем Крчин (2,341 m), Мал Крчин (2,174 m), Рудина (2,238 m) и Црвена Плоча (2,107 m).

Планината Кораб се   издига во северниот дел на Корабскиот планински масив, на потегот од врвот Шерупа (2,092 m) на север, до високопланинскиот превој Дешат (1,959 m) на југ, со должина од 26 km.

Највисок врв е Голем Кораб (2,764/2,753 m).  Помеѓу високите планински врвови се наоѓаат и високи планински превои, меѓу кои позначајни се: Голема Корабска Врата (2,062 m), Мала Корабска Врата (2,460 m) и Цигански Премин (2,300 m).

Шарпланинскиот масив се издига во североисточниот и делумно во северниот дел од Националниот Парк Маврово. На Националниот Парк од овој масив му припаѓаат крајните делови на југозападната страна, на југ до Мавровската Котлина и долината на Мавровска Река, на запад  до дното на долината на реката Радика и на север до водоразделот со Шерупска Река. Највисок врв на делот кој му припаѓа на  сливот  на  реката Радика  е  Голема  Враца  (2,582  m),  додека  највисок  врв  кој  му  припаѓа  на Националниот Парк Маврово е врвот Црна Карпа (2,405 m).

Шар Планина претставува важен хидролошки јазол. По највисоките делови од планинскиот срт минува водоразделната линија која природно ја дели водата во два спротивни речни сливови: Јадранскиот на запад и Егејскиот на исток, односно југоисток. Поважни речни текови чии изворишта се формираат под планинскиот срт се: Аџина Река; реката Ќафа Кадис, Бродечка Река, Кракорничка Река, Богдевска Река и Врбенска Река.

Планината Бистра се издига во источниот и југоисточниот дел на Националниот Парк Маврово, на југ од високопланинскиот превој Влаиница (1,310 m),  Мавровска Котлина и долината на Мавровска Река до високопланинскиот превој Јама (1,507 m), долината на Мала Река и долините на нејзините притоки Гарска и Јамска Река. На запад таа допира до дното на долината на реката Радика, а на исток до дното на  Кичевската  Котлина.  Планинскиот  срт  во  средишниот  дел  е  разбиен  и  благо  зарамнет,  а  во источниот дел е јасно изразен по целата должина. Над планинското било се издигаат повеќе врвови со височина од над 2,000 m. Највисок врв е Меденица (2,163 m).

Земено во целина, во Националниот Парк Маврово, вкупно се регистрирани 86 планински врвови чија височина е поголема од 2,000, од кои на Кораб (41), на Дешат (7), на Крчин (7), на Бистра (15) и на Шар Планина (16). Од вкупниот број, шест (6) врвови се со височина поголема од 2,500 m, сите на планината Кораб.

Во Националниот Парк Маврово вкупно се регистрирани 23 високопланински превои преку кои Паркот се  поврзува  со  непосредната  околина.  Тука  се  наоѓаат  највисоките  високопланински  превои  во Република  Македонија, како што се: Голема Корабска Врата (2,063 m) која меѓусебе ги дели северниот и средишниот дел на планината Кораб, Мала Корабска Врата (2,465 m) која меѓусебе ги дели врвовите Голем Кораб на север и Мал Кораб на југ, Дешат (2,020m) кој меѓусебе ги дели планините Кораб на север и Дешат на југ, Света Недела, Сува Бара (2,065m) која меѓусебе ги дели планините Дешат на север и Крчин на југ.

Високопланинскиот превој Јама (1,507m), меѓу себе ги дели планините Бистра на север и Стогово на југ и превојот Влаиница (1,272 m) кој  меѓу себе ги дели Шар Планина на север и планината Бистра на југ. Преку планинскиот превој Влаиница е изграден магистралниот пат Скопје‐Маврови Анови‐Дебар преку кој се поврзуваат Полошката Котлина на север и Мавровската Котлина и долината на реката Радика на југ, односно на југозапад.

Како најзначајни релјефни форми добиени како резултат на надворешните сили ќе ги споменеме речните корита со кањони и подземните карстни рељефни форми, односно пештерите.

Во Националниот Парк Маврово вкупно се констатирани 16 кањонски долини и кањони. Тие се јавуваат на местата кадешто речните долини се длабоко всечени во цврстите карпести маси, кои попречно го сечат теренот. Помеѓу нив, кањонот Барич на реката Радика е најдолг (9 km) со височина на страните од 300 ‐350 m.  Потоа следуваат кањоните:  Торбешки Мост на реката Радика со должина од 2.5 km и височина на страните од 200‐300 m, кањонот на Аџина Река со должина од 2 km и височина на страните од  150‐300 m, Нистровскиот кањон на Длабока Река, со должина од 2 km и височина на страните  од 250‐300 m,  кањоните Стрезимир и Состав Река и двата  на реката Радика, со должина од по 1.5 km и височина на страните од 100‐300 m,  Тресонечкиот кањон на Тресонечка Река со должина од 1.3 km и Танушајскиот кањон на реката Рибница со должина од 1.2 km. Останатите осум кањони се со должина помала од 1 километар.

Во поголемиот кањон на Тресонечка Река кој се протега на потегот од Обесен Извор до вливот на водите од карстниот извор Три Извори, се наоѓа Билјаниниот Слап, најголем во Република Македонија и на Балканскиот Полуостров, кој го сочинуваат 12 вертикални отсеци, џиновски лонци.

Во карстифицираните делови во Националниот Парк Маврово, се јавуваат бројни подземни карстни релјефни форми, кои се претставени со активни и фосилни понори, пропасти и пештери.Пештерите во Националниот    Парк  Маврово  се  честа  појава.  Нив  ги  формирале  подземните  текови  кои  се движат долж пукнатините,  проширувајќи  ги притоа и создавајќи  подземни  канали. Пештерите  во сливот на реката Радика  се застапени со 42 поголеми и помали пештери. Помеѓу нив, најпозната е Пештерата Алилица, која се наоѓа во долината на Тресонечка Река, во непосредна близина на речното корито од десната долинска страна. Пештерскиот систем Алилица го сочинуваат подземните канали на Горна и Долна Алилица. Значајно за оваа пештера е што во неа има подземен водотек кој се среќава по целата должина. Вкупната должина на пештерските канали изнесува 590 m.

Клима и рекреативни можности:

Заради специфичните физичко‐географски и орографски услови, според промената на климато‐
лошките елементи во зависноста од надморската височина, на територијата на Паркот се присутни следните видови на клима:
• 600900 m: Подрачје со топла континентална клима, со средна годишна температура од 80C до 100C и просечна годишна сума на врнежи од 600‐800 mm.
• 9001,100 m: Подрачје со студена континентална клима, со средна годишна температура од 70C до 80C и просечна годишна сума на врнежи од 800‐900 mm.
• 1,1001,300m: Подрачје со подгорска континентална планинска клима, со средна годишна
температура од 5.50C до 70C и просечна годишна сума на врнежи од 900‐1,250 mm.
• 1,3001,650m: Подрачје со горска континентално планинска клима, со средна годишна температура од 30C до 5.50C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 1,6502,250m: Подрачје со субалпска клима, со средна годишна температура од ‐10C до 30C и
просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 2,2502,764m: Подрачје со алпска клима, со средна годишна температура од ‐50C до ‐10C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.

Според резултатите од климатските сценарија, просечниот пораст на температурата на територијата на Република Северна Македонија ќе се движи во опсегот меѓу 1.2 °C до 2025 година, 2.3 °C до 2050 година, 3.5 °C до 2075 година и 5.1 °C до 2100 година. Според определени емисиони сценарија за климатските промени на територијата на Заштитеното Подрачје Маврово, се очекува пораст на врнежите во зимскиот период до крајот на 21 век кој би можел да достигне до 6%, а во сите други сезони е проектирано опаѓање на врнежите. Најинтензивно намалување на врнежите од ‐16% се очекува во летниот период.

 

ПАТЕКИ ЗА ПЛАНИНСКИ РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО

Општи напомени

На територијата на Националниот парк Маврово се наоѓаат голем број патеки кои можат да се користат за пешачење и планински велосипедизам. Тие се со различна тежина, должина и степен на употребливост. Патеките што се содржани во овој информативен материјал се наменети за рекреативен планински туризам и истите се стандардизирани и категоризирани од страна на Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина согласно со  меѓународните критериуми.

Овие патеки се дел од културното и цивилизациско наследство на Република Македонија. За нивното одржување и инфраструктурно уредување се грижи ЈУ Национален Парк ‘‘Маврово‘‘ со стручна асистенција на професионални водачи од Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина.

ЈУ Национален Парк ‘‘Маврово‘‘ не превзема одговорност за личната безбедност на корисниците на патеките, а за безбедно движење по истите препорачува задолжително почитување на правилата за движење и престој во планина, користење комплетна опрема и ангажирање професионален водач во планина со валидна лиценца за работа. Ако сакате вашата рекреација да биде вистинско уживање, не заминувајте на турата без ранец, соодветни планинарски чевли, сад за течност, заштитна облека за дожд или снег, стапови за пешачење, резервна облека, прибор за прва помош. Доколку се одлучите за планински велосипедизам, покрај претходно посочената опрема, препорачуваме задолжително користење заштитен шлем, а ве потсетуваме дека вашиот велосипед треба да биде во целосна техничка исправност.

При движењето во зоната на пасишта ќе наидете на стада овци кои се придружувани од кучиња – чувари кои во вакви ситуации реагираат заштитнички кон стадото, манифестирајки привидна агресија кон посетителот. Меѓутоа кучињата не се агрсивни, туку само си ја вршат својата работа да го заштитуваат стадото и при средба со нив потребно е смирено да се реагира и да се почека да се појави овчарот. Обично при првата комуникација што ќе ја направите со овчарот кучињата се смируваат. Не треба да реагирате со страв и агресија или непотребно да им се приближувате на стадата и кучињата.

ЈУ Национален Парк Маврово ги моли посетителите за грижливо однесување кон природните и културните вредности во паркот со цел нивно зачувување за идните генерации.

Дополнителни информации може да се добијат во Туристичко информативниот центар на Националниот парк Маврово на тел: (042) 489 425

ПАТЕКИ ЗА ПЕШАЧЕЊЕ

Патеки во Мавровската котлина и на планината Бистра

Инфо Центар – Врв Кожа – Врбен

Убава рекреативна патека со прекрасни панорами над Мавровската котлина и регионот на Горна река. Може да се комбинира со патеката (патот) до село Врбен. Подлогата е пријатна за газење сочинета главно од земја и трева. Патеката е маркирана. Вдолж патеката има неколку извори со вода, меѓутоа заради нивната непостојаност, најдобро е да се наполни вода во Маврови Анови. Од врвот на Кожа патеката води до над селото Врбен и правејки круг околу планината повторно се враќа во Маврови Анови. Постои опција од врвот да се продолжи до културно историскиот локалитет Манастирот Света Петка или до сафари паркот во месноста Бунец. Вдолж патеката на повеќе места има клупи за одмор, но нема засолништа и угостителски објекти.

Кружна тура над Леуново

Одлична повеќенаменска патека над селото Леуново. Ги задоволува апетите на сите посетители, од рековалесценти и лесни рекреативци до спортски ориентирани рекреативци и и спортисти на подготовки, како и возачи на планински велосипеди. Всушност тоа е шумско технички пат кој може да се користи во текот на целата година. Од Април до Ноември патот е сув и е добар за пешачење, трчање и планински велосипедизам, а од Декември до Март може да се користи за турно и нордијско скијање. Патот е маркиран, и заради тоа што станува збор за шумско технички пат, ориентацијата воопшто не е проблем. Подлогата е удобна за движење како за пешачење, така и за возење велосипед. Заради тоа што е поставена во шумскиот појас, движењето е пријатно во текот на целиот ден. Извори со вода за пиење има на две места, но патот минува и покрај повеќе потоци. Нема технички тежини.

Ниќифорово – Врв Сандакташ

Стара патека која што претставува дел од културното наследство на паркот бидејки за неа се врзани обичаи, настани и легенди кои потекнуваат од културната традиција на локалното население. Патеката започнува од центарот на селото Ниќифорово и се движи покрај Петилепска река до местото Петти леб, каде што се наоѓа истоимениот извор со една од најубавите води за пиење во паркот. Од таму се продолжува по маркирана патека кон врвот Сандакташ (1981 м). Првиот дел на патеката, од Ниќифорово до Петти леб е во шума, а вториот дел од изворот кон врвот Сандакташ е во зоната на пасишта каде има можност за уживање во убави пејсажи и панорами. Патеката е маркирана и во најголемиот дел лесна за следење. Во услови на магла, на потегот од Петти леб до врвот Сандакташ потребно е внимателно движење и следење на маркацијата. Подлогата вдолж целата патека е мека и пријатна за движење. Доколку се најдете во паркот на 9 Август, денот на Светителот Пантелејмон и ден кога Ниќифорово ја празнува селската слава, задолжително поминете ја оваа тура за да уживате во неповторливо доживување и да слушнете за традициите на регионот директно од устите на локалното население. Техничките тежини се незначителни, а убавините и квалитетот на патеката непроценливи. Вода за пиење има во селото и кај изворот Петти леб.

Кружна патека над Маврово

Одлична ‘‘дневна доза‘‘ за умерените рекреативци кои се сместени во селото Маврово и околината. Поголемиот дел од патеката е во шума заради што може да се минува во било кој период од денот и за време на летните месеци. Лесна е за ориентација со следење на маркациите и патоказите што се поставени вдолж патеката. На неколку места патеката ја пресекуваат планински потоци, меѓутоа најдобро е вода за пиење да се наполни во Маврово.

Маврово – Чавкарник

Ова е патека со интересна историска вредност бидејки е поврзана со традициите и обичаите на локалното население. Патеката стартува од ски центарот во Маврово и завршува кај месноста Чавкарник, во близина на бачилото. Почетокот се протега низ шумскиот појас, а завршниот дел е во зоната на пасишта каде што може да се ужива во неповторливи панорами и пејсажи. Подлогата главно е земја и пријатна за движење. Вода за пиење има кај бачилото. Од бачилото може да се продолжи кон ски терените или пак кон месноста Пети Леб или врвот Сандакташ. При комбинирање на патеката со другите патеки во регионот, задолжително е користење на мапа.

 

Маврово – Врв Меденица – Галичник

Сериозен предизвик за добро подготвените планинари. Патеката е поставена главно на отворен простор и пружа многу убави пејсажи и панорами над Мавровското езеро, планината Бистра и долината на реката Радика. Патеката е маркирана, меѓутоа заради тоа што станува збор за движење во зоната на пасишта, задолжително е користење на мапа. Препорачуваме и ангажирање на професионален водач во планина. Подлогата во најголемиот дел е мека и движењето по неа е пријатно. На неколку места патеката се спојува со патишта за моторни возила, што дава можност за различно креирање на должината на турата. Денивелациите во качување главно се распоредени на почетокот на патеката и после пресекувањето на асфалтниот пат за селото Галичник се до врвот Меденица (2163м). Од врвот кон селото Галичник има спуштање со висинска разлика од околу 750 метри, меѓутоа со равномерен распоред и во најголемиот дел по мека подлога. Вода за пиење има само на едно место (месност Бошкова чешма), па затоа е потребно да се понесат течности во доволни количини (најмалку два литри по човек).

Галичник – Врв Говедарник

Пријатна патека која што води кон врвот Говедарник (2011 м). За време на искачувањето ќе имате можност да уживате во прекрасната панорама над Галичник и поширокиот регион над Долна река и Дебарската котлина. До излезот од карпестиот теснец патеката е видлива и лесна за следење, а од таму движењето кон врвот на Говедарник е со свртување во десно со следење на маркациите и планинската падина. Најголемите денивелации се совладуваат пред карпестиот теснец и во почетниот дел од падината на Говедарник. Подлогата на патеката е од земја, карпа, камен и алпска трева. Техничките тежини се умерени. Потребно е внимателно движење низ карпестиот теснец. Најсигурна вода за пиење е во селото Галичник.

 

Галичник – Јанче

Една од историските патеки во регионот. Патеката е стара, колку и самитe селa и многу нешта од оваа патека се поврзани со историјата на Галичник и Јанче. За време на движењето по патеката пред туристот се отвораат едни од најубавите панорами во регионот. Патеката е видлива, лесна за следење и истата е маркирана. На патеката се наоѓа извор со вода таканареченото Софиино чешмиче. Многу пријатна патека која што поврзува две важни историски места во регионот. Подлогата е главно земја, на места со камен. Нема посебни технички тежини.

 

Селце – Суво поле – Галичник

Убава патека што поврзува две прекрасни села и минува низ живописното Суво поле. Патеката се протега од селото Селце преку Суво поле до пред селото Галичник. Во долниот дел е поставена над Јадовска река, а потоа се искачува кон Суво поле, а од таму кон селото Галичник. Делумно е поставена во шума, а делумно во зоната на пасишта. Патеката е видлива, маркирана и лесна за следење. Потребно е внимание при излегување на првите ливади покрај Јадовска река, каде што треба да се заврти во лево кон Суво поле. Подлогата е земја и камен, но пријатна за движење. Вода има кај бачилото на Суво поле, но најдобро е да се понесе од чешмите во Селце или Галичник, каде што извираат едни од најубавите води за пиење во паркот. Техничките тежини се умерени.

 

ГОРНА РЕКА

Патеки за пешачење во регионот на Горна река

Трница – Врбен

Многу интересна патека над кањонот на Мавровска река што ќе ве одведе од Трница до селото Врбен или обратно, зависно од појдовната точка. Може да се комбинира со патеките што водат за Богдево со што се овозможува креирање на кружна тура со подолго времетраење и прошетка низ поширока област од паркот. Патеката е маркирана и во најголемиот дел лесна за следење. Подлогата е земја, на места каменеста, меѓутоа главно е пријатна за движење. Делумно е поставена во шума, а делумно минува низ оголени предели. Техничките тежини се мали. Вода за пиење има во Трница и во Врбен.

 

Трница – Богдево

Многу убава патека која од Трница ќе ве одведе до селото Богдево. Преку остатоците од старата селска архитектура ќе можете да се запознаете со културното наследство и духовното богатство на Горно реканскиот регион. Патеката започнува од планинската куќа и кампот на Националниот парк Маврово во Трница, минува преку асфалтниот пат Маврово – Дебар и Мавровска река и се качува покрај напуштеното село Трница и Трничката шума кон селото Богдево. Почетокот на патеката е низ ливади, долниот дел се протега низ шума со ниска вегетација, а горниот дел е сместен во густа шума. Совладувањето на денивелациите главно е во првата половина од патеката. На околу еден километар пред селото Богдево патеката се спојува со шумскиот пат од Врбен за Богдево. Техничките тежини се мали. Вода за пиење има во Трница и во Богдево. Планинарењето може да се комбинира и со посета на селото Врбен, така што ќе се направи кружна тура чиј што почеток и крај ќе бидат во Трница. Изобилува со убави пејсажи и панорами.

 

Трница – Сенце

Една од патеките кои мора да се посетат. Нуди комбинација од рекреација, уживање во културните вредности и природните убавини на паркот. Посетата на селата Беличица и Сенце преставува патување низ времето, а движењето во зоната на пасишта и пределот околу Сенечките езера нуди прекрасни панорами, пејсажи и фантастична природа. Тежината е средна. Патеката е маркирана и главно лесна за следење, меѓутоа во услови на магла и намалена видливост потребна е зголемена внимателност. Подлогата е пријатна за движење. Вода за пиење има на неколку места вдолж патеката, но најдобро е да се наполни во Беличица или во Сенце. Од Сенце кон Трница може да се користи превоз или пак да се оди по патеката за село Волковија, а од таму за Трница, со што се прави кружна тура над Трница. Многу убава патека.

 

Сенце – Волковија – Трница

Идеална тура за љубителите на планинарењето низ диви предели. Патеката е сместена на карпестите падини на кањонот на Радика обраснати со густа борова шума. По целата должина на патеката се отвора прекрасна глетка кон масивот на планината Кораб. Денивелациите главно се над селото Сенце. Патеката е видлива и маркирана, меѓутоа потребно е внимателно движење заради карактерот на рељефот. Подлогата е земја и на места камен. Вода за пиење најдборо да се користи во Сенце, Волковија или Трница. Техничките тежини се умерени.

 

ДОЛНА РЕКА И МАЛА РЕКА

Патеки за пешачење во регионот на Долна река и Мала река

Патека до водопадот Дуф

Патеката води до една од најголемите туристички атракции во Националниот парк Маврово, водопадот Дуф. Стартот е во близина на старата селска џамија. На почетокот на патеката има инфо табла како и патокази. Целата патека до водопадот е маркирана, лесна за следење и добро обезбедена. Најголемиот дел од патеката е поставена во шума и во сенките под високите карпи, така да може да се минува во било кој период од денот. Подлогата е комбинирана, делумно земја, а во поголемиот дел карпеста. Техничките тежини се значителни, меѓутоа на сите деликатни места се поставени заштитни огради и мостови. Вода за пиење има насекаде. Потребно е внимателно движење. Мали деца не смеат да се движат по патеката без придружба од родителите. Ова е патека до една од локациите во паркот ‘‘кои мора да се посетат‘‘.

 

Скудриње Врв Крчин – Битуше

Ова е сериозен планинарски предизвик кој овозможува движење низ еден од најубавите предели на паркот. Патеката може да започне од селата Битуше или Скудриње, зависно до местото на престој. Во горниот дел се протега по највисоките делови на планината Крчин, при што постои опција и за искачување на врвот Голем Крчин (2341 м). Врвот може да биде искачен за околу еден час по маркирана патека што започнува од  бачилото и Црквичката кои се наоѓаат во подножјето на врвот. Многу убава патека, преполна со пејсажи, панорамски места и прекрасни природни и рељефни форми. Во најголемиот дел патеката е добро видлива, маркирана и лесна за следење. Подлогата е земја, трева и камен и главно е пријатна за движење. Во долните делови е поставена во шума, а од 1700 метри и повисоко во зоната на пасишта. На три до четири места има извори со вода за пиење. Течничките тежини се умерени до средни.

 

 

Скудриње – Кале

Повеќенаменска патека за различни категории на туристи. Погодна е за пешачење, трчање и возење планински велоиспед. Содржи комбинација на спортски и културно историски вредности. На крајот на патеката се наоѓа археолошкиот локалитет Кале. Првиот дел од патеката се протега по улиците низ селото Скудриње, а на излезот од селото, кај спортските терени, продолжува по широк земјен пат, главно поставен во шума. Патеката е маркирана. Вода за пиење има во селото Скудриње и уште на две места вдолж патеката. Техничките тежини се мали, со исклучок на последната секвенца, искачувањето на локалитетот Кале каде што движењето е по стрмен карпест терен.

 

Скудриње – Присојница – Аџиевци – Ростуше

Стара комуникациска патека што ги поврзувала четирите Долнорекански села. Патеката е интересна, а минувањето низ селата и дава дополнителна вредност. Лесна е за следење и истата е маркирана. Подлогата е главно пријатна за движење, а по состав се менува од козја патека до шумско технички пат и афалт. Вода за пиење има во селата. Техничките тежини се мали.

 

Лазорополе – Врв Соколица

Лесна и убава патека погодна за сите категории на туристи. Најголемиот дел од патеката е поставен во шума, па затоа може да се минува во било кој период од денот. Пред врвот Соколица (1471 м) постои мала Црква посветена на Свети Спас. Глетката од врвот го остава посетителот без здив. Подлогата е мека и многу пријатна за движење како и целата патека. Ова е кратка тура која задолжително треба да се направи. Вода за пиење има во селото. Техничките тежини се незначителни со исклучок на последните десетина метри под врвот каде што е неопходно внимателно движење заради карпестиот терен.

 

Лазорополе – Елен Скок

Стара и многу убава патека со историско значење. Во минатото тоа била главната комуникација на селото Лазорополе со долината на реката Радика. Движењето е низ убава букова и дабова шума со пријатна подлога. Под местото Вртешка кај Гарски мост патеката се спојува со асфалтниот пат за Бошков мост. Од таму до мостот Елен Скок има околу 20 минути пешачење. Патеката е маркирана и лесна за следење. Многу убава вода за пиење има кај чешмата Липовник, на околу петнаесет минути од Лазорополе. Техничките тежини се умерени.

 

Лазорополе – Росоки

Прекрасна патека со големо историско значење. Минува низ историските локалитети Главино село и Калина дупка, за кои се врзани важни преданија од историјата на мијаците. Патеката е поставена во шума. Во горната половина на патеката се наоѓаат историските локалитети Главино село, а педесетина метри над Главино село се наоѓа пештерата Калина дупка. Многу важни настани од историјата на мијаците и селото Лазорополе се случиле на оваа локација. Патеката е видлива, маркирана и лесна за следење. Потребно е поголемо внимание на излезот од Главино село во правец кон Росоки. Вода за пиење има кај локалитетите Главино село и Калина дупка. Техничките тежини се умерени.

 

ПАТЕКИ ЗА ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Врбенска патека

Ова е една од патеките  во паркот кои ‘‘мора да се видат‘‘. Перфкетен распоред на денивелации и квалитет на подлогата со многу убави пејсажи и панорами. Покрај тоа, патот минува низ убавото село Врбен, како и покрај сафари паркот на националниот парк Маврово, со што минувањето на патеката нема да биде само ‘‘обично‘‘ возење туку и можност за уживање во културните и природните вредности на паркот. Патот е комбинација на асфалт, макадам и земјен шумски пат и истиот е лесен за следење и ориентација. Вдолж патот има поставено маркации и патокази. Дел од патот е во шумскиот појас, а дел во зоната на пасишта. Вода за пиење има на неколку места, но најдобро е да се користи вода во Маврови Анови или селото Врбен. Техничките тежини се умерени.

 

Горно реканска патека

Сериозна патека за физички добро подоготвени велосипедисти. Почетокот е кај инфо центарот на Националниот парк Маврово и се протега низ многу убави предели со прекрасни панорами над Горно реканскиот крај. Патеката минува низ три села со автентична архитектура и диви предели богати со разновиден биодиверзитет. Најголемиот дел од патеката е поставен по широк шумски пат со цврста подлога, кој е лесен за следење и ориентација и маркиран со знаци и патокази. Вода за пиење има на повеќе места. Угостителски објекти има покрај Мавровското езеро и во селото Трница. Техничките тежини се умерени.

 

Патека по пејсажите

Една од најубавите патеки за планински велосипедизам во Националниот парк Маврово. Како што кажува нејзиното име, патеката нуди фантастично велосипедско искуство со уживање во најубавите пејсажи и панорами во паркот. Стартната точка е веднаш над селото Леуново кај месноста Студенче, каде што и формално завршува оваа кружна патека. Меѓутоа, со оглед на тоа што во паркот има развиена мрежа на патеки за планински велосипедизам, почетокот и крајот на турата може да се адаптираат според желбите и податоците од мапата. Најголемиот дел од патеката се протега по цврст и широк земјен пат кој во делот од селото Леуново до меснсота Батковица, како и од месноста Царевец до Маврово, се наоѓа во шума, а останатиот дел е во зоната на пасишта каде што доминираат убави пејсажи и панорами. Дел од патеката се поклопува со локалните асфалтни патишта. Ориентацијата по патеката е лесна и вдолж истата има голем број маркации и патокази кои јасно го покажуваат патот. На четири до пет места вдолж патеката има вода за пиење. Угостителски објекти има само покрај Мавровоското езеро. Техничките тежини се умерени.

 

Патека по Батковица

Патеката по Батковица преставува кратка варијанта на Патеката по пејсажите или на Шумската авантура. Почетокот е кај местото Студенче, над селото Леуново и преку месноста Батковица се спушта повторно надолу кон асфалтниот пат околу Мавровското езеро и кај месноста Пејчино речиште, во близина на западниот крај од селото Леуново излегува на асфалтот. Патот е земјен, широк и лесен за следење, обележан со маркации и патокази. Вода за пиење најдобро е да се користи кај месноста Студенче. Техничките тежини се умерени.

 

Патека од Маврово до Кичиница преку Царевец

Многу интересна патека низ убави шумски предели која може да се комбинира со другите патеки во регионот. Заради поставеноста во шумскиот појас може да се вози во било кој период од денот. Почетокот на патеката е по асфалтниот пат од Маврово за селото Галичник, и пред месноста Царевец се напушта асфалтот вртејки во десно од каде што започнува возење по широк и лесен за следење шумски пат. Вдолж патот има маркации и патокази. Вода за пиење има на две места и најдобро е да се користи водата од чешмата покрај асфалтниот пат за Галичник. Техничките тежини се умерени.

 

Патека од Маврово преку Бистра до Лазорополе

Уште една од патеките кои го брендираат Националниот парк Маврово како дестинација за планински велосипедизам. Ова е патека која мора да се проба како заради спортски, така и заради естетски причини. Одличните пејсажи и панорами, широкиот пат и удобната подлога, традиционалната архитектура и минувањето покрај неколку бачила кои имаат не само сточарско туку и културно историско значење и даваат на патеката атрибут на ‘‘тура која не смее да се пропушти‘‘. Патеката започнува пред инфо центарот во Маврови Анови и по асфалтниот пат за селото Галичник се протега до месноста Царевец каде што се напушта асфалтот и возењето продолжува низ пределот на пасишта. Неколку километри пред селото Лазорополе, кај месноста Бачилиште патеката повторно влегува во шумскиот појас. Патот е широк, главно земјен, лесен за следење и маркиран со добро видливи знаци и патокази. Дефинитивно една од најубавите патеки во паркот и во Македонија воопшто. Вода за пиење има на неколку места. Техничките тежини се умерени.

 

Патека од инфо центар до Галичник и Селце

Прекрасна патека која што се протега низ неколку области во паркот. Започнува пред инфо центарот на Националниот парк Маврово и се протега по асфалтниот пат за селото Галичник. Пред Галичник, кај фудбалското игралиште, се напушта асфалтот и се вози по широк и лесен за следење шумски пат кој води кон селото Селце. Од Селце по асфалт патеката води надолу кон патот од селото Тресонче кон Бошков Мост, од каде што може да се прават различни комбинации на движење или по истиот пат да се вратите назад. Патот е маркиран. Вода за пиење има на неколку места и сите се фантастични. Доколку сакате да уживате во традиционална архитектура посетете ги селата Галичник и Селце. Ви препорачуваме задолжителен одмор покрај селската чешма во Селце. Угостителски објекти има покрај Мавровското езеро и во селото Галичник. Течничките тежини се умерени. На неколку места на земјениот пат од Галичник до Селце потребно е внимателно возење.

 

Кружна патека околу Лазорополе

Убав тренинг за спортисти и предизвик за рекреативците. Во време од околу два часа се минуваат најубавите предели на Малореканскиот регион. Патеката започнува од центарот на Лазорополе и се протега по земјен пат до селото Тресонче од каде што возењето продолжува по афалтен пат покрај Тресонечка и Росочка река до Гарски мост, каде што се врти во лево кон Лазорополе. Патеката може да се комбинира со други патеки за планински велосипедизам во паркот, зависно од желбите и можностите, со задолжително користење на мапа. Патот е широк, маркиран и лесен за следење. Вода за пиење има на повеќе места. Угостителски објекти има во селото Лазорополе. Техничките тежини се умерени.

 

Манастир Св. Јован Бигорски

Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа по течението на прекрасната Радика,  на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште.

 

Историја на манастирот

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во 16 век манастирот бил разрушен а од целиот комплекс останал само како малата црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил  првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор.

Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Општи информации

Иконостас

Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Тој бил изработен од страна на Петре Филипов – Гарката од селото Гари. Него го правеле занаетчијските раце на Петре Филипов – Гарката од селото Гари. Заедно со брат му Марко Филипов, Макариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој во периодот од 1829 до 1835година, успевајќи да создадат прекрасна артистичка дрвена постапка.

Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони – празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Јован Крстител и Пресвета Богородица.

Икона на Јован Крстител

Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Во 16 век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот а иконата мистериозно исчезнала за да потоа уште помистериозно се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека третата рака е благословувачка и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца.

Манастирски комплекс

Во манастирскиот комплекс има отворено „Галерија на икони“. Во галеријата има изложено околу седумдесетина икони и истите датираат од 12 век, 13 век и 19 век. Галеријата започнала со икони од првата половина на 17 век, и се проследени со христовиот живот од благовештението, од рожденството, крштевање Христово, преображение, влегувањето во Ерусалим, распнувањето, воскресението, вознесението и успението на Пресвета Богородица.

Во притворот на црквата во 1871 година се наоѓале фреските на “Св. Климент Охридски”,”Св. Наум”,”Св. Јован Владимир”,”Св.Св. Кирил и Методиј”,”Св. цар Борис”и “Св. цар Иван Шишман бугарски”. Според бугарскиот новинар Светослав Терзиев, денес имињата на бугарските владетели Борис и Иван Шишман се преправени во Стефан Дечански и Лазар Хребељановиќ, за време на српската окупација на Македонија 1913-1941 година.

Во манастирот “Свети Јован Бигорски” има остатоци од црквата што потекнува од 16 век, односно од 17 век и 18 век, од која се уште се чуваат големите икони. Најстарите, поточно од 16 век се реставрираат во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Занимливости

Во овој комплекс е снимен македонскиот филм Мис Стон.

Пожарот во манастирот

На 30 септември 2009 година во манастирскиот комплекс избувна пожар при што целосно изгоре стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта

Мост “Елен Скок”

Мостот е изграден на Мала Река, на околу шестотини метри од месноста Бошков Мост во близина на регионалниот пат Гостивар-Дебар.

Според кажувањата на локалното население и легендите, мостот бил изграден пред 3-4 века во спомен на загинувањето на еден волшебен и прекрасен елен. На планината Стогово, во непосредна близина на селото Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледал, сфатил дека еленот со топлиот поглед и ставот како да го моли да не пука, да не го убива. Ловџијата бил маѓепсан, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали, а тој со главата го гушкал и го изразил своето пријателство.Така ловџијата и еленот се спријателиле и секој ден се дружеле. За средбите со еленот ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат. Го сретнале и се обиделе да го фатат. Но, еленот почнал да бега и за да не стане плен на непознатите, се обидел да ја прескокне реката. Но, не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, селаните на Могорче, кои биле прочуени мајстори, го соѕидале овој мост со невообичаена градба и архитектура.

Стара џамија во с. Ростуше

Наспроти релативно големата концентрација на христијански сакрални објекти културното наследство кое ги опфаќа исламските споменици покажува драстично поредуциран обем. За нив во архивската документација на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата,постојат за жал само оскудни информации, кои заедно со недостатокот од соодветен истражувачки третман и непостоење на релевантна стручна литература, го оневозможуваат нивното вреднување во контекст на општиот придонес на исламското наследство за културната слика на општина Маврово и Ростуше.

Според локалното население и некои тефтери кои се пронајдени (дел од нив сеуште стојат во просториите на џамијата) објектот е стар преку 350 години. Несоодветното третирање на џамијата и занемарувањето на нејзината културно историска вредност придонесе врз истата да се направат повеќе неадекватни градежни зафати со што во голема мерка се промени нејзиниот надорешен – оригинален изглед.

Пред извесен период во непосредна близина на џамијата е изградено мало минаре за чија што изградба беше искористен бигор- камен од реновираната селска џамија во с. Ростуше. Еден дел од овој бигор се искористи и во изградбата на новите делови во манастирот Св. Јован Бигорски додека пак  Бигорскиот Манастир и православните верници со финансиска помош ја помогнаа изградбата на новата џамија во с. Ростуше. Со ова уште еднаш се потврдува добриот соживот на локалното население кое има различни религиозни погледи.

 Археолошки локалитет   Св. “Никола„

Локалитетот претставува некропола од доцниот среден век.

Се наоѓа во с.Маврово во близина на потопената црквата св “Никола“  веднаш под патот, каде што покрај црквата, за време на летниот период кога нивото на водата во мавровско езеро е помало се гледаат и камени плочи од гробови и архаични крстови од бигор.

  • Локација:

    Западно од планината Бистра што се наоѓа јужно од планината Кораб

  • Координати:

  • Површина:

    11.750 ha

[instalink id=”9″]

Воздушно видео

360 Фото

Галерија

Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).