previous arrow
next arrow
Slider

НП Пелистер

На југозападниот дел на Република Северна Македонија Преспанската котлина на запад и Пелагониската на исток е сместена планината Баба, со највисокиот врв Пелистер – 2.601 метри.

Легендата за настанувањето на името на Баба Планина е запишана од диовчанецот Сотир Петревски („Автобиографија“ во машинопис.) Преданието вели дека некогаш живеела некоја баба која имала кози, па кога изминал месецот март, бабата ги истерала козите да пасат во планината, велејќи: „Циц кози на планина, прднете марту на брадина“. Март, навреден од бабата, позајмил од април три дена. Во тие три дена наврнало толку многу снег и фатил голем студ, што бабата и козите замрзнале и оттогаш планината ја завикале Баба.

Планината Баба, често меѓу народот се нарекува и Пелистер (старомакедонски: Пелистера· – гулаб), иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според површината која ја зафаќа (436 км2) таа е тринаесетта најголема, а според височината (Пелистер, 2.601 м) трета највисока планина во Република Македонија.

Националниот парк „Пелистер“ се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 17.150 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно богатство во Македонија, но со ревидирање тој е повторно прогласен за национален парк, а неговата територија е зголемена за околу 6.500 ха со Закон во декември 2007 година. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав.

READ MORE

НП Пелистер, се наоѓа меѓу Пелагонија на исток и Преспанската Котлина на запад. Овој парк, всушност, претставува хорст помеѓу овие две котлини, поточно помеѓу Битолското Поле на исток и Ресенското Поле и Преспанското Езеро на запад. Северната граница на Баба планина пак, е превалецот Ѓавато (1.169 м), кој ја одвојува од планината Бигла, како и малата Цапарска Котлина. На југ, НП Пелистер продолжува во Грција се до превалецот Бигла (1.505 м), кој ја одвојува планината Баба од Нередската Планина (Вич, 2.125 м), лоцирана во Грција. Преку нејзиниот јужен дел, односно преку врвот ‘Ржана (2.334 м), се протега западниот дел на македонско-грчката граница. Приближно 65% од планинскиот масив на Баба се наоѓаат на територијата на Република С. Македонија, додека 35% на територијата на Грција. Баба има правец на протегање од север кон југ, а исто така, се карактеризира со симетричен изглед, бидејќи планинското било е подеднакво оддалечено и од Преспанската Котлина и од Пелагонија. По својата тектонска положба и составот на карпите Баба и припаѓа на геотектонската целина Западномакедонска зона. Масивот на Баба е најјужниот дел на Родопскиот планински систем со алпски карактер. Планинското било е голо, извиено, нерасчленето и има должина од 25 км.

Испресечена е со повеќе надолжни, како и попречни раседи, кои формирале повеќе блокови на неа. Главната тектонска дислокација се протега на источната страна, на која се наоѓаат и минерални извори. На североисток, оваа дислокација се спојува со длабински расед, кој претставува граница помеѓу западниот дел од Р.С.Македонија и Пелагониската зона. Расед со меридијански правец на протегање поминува покрај западниот раб и ја одвојува од Преспанската котлина. На северната страна се наоѓа севернопелистерскиот расед. НП Пелистер и Баба како планина е поделена на повеќе гребени. Главниот гребен започнува на север со врвот Вртешка, а на југ завршува на територијата на Грција. Овој гребен ги разделува Јадранскиот и Егејскиот речен слив. На исток и запад од главниот гребен се раздвојуваат повеќе споредни гребени, кои се издвоени меѓусебно со речни долини. Од врвовите Пелистер, Козји Камен и Широка, издвоените гребени стрмно се спуштаат кон север до малата Цапарска Котлина. На исток, има постепено спуштање на гребените на Неолица и Дебели Рид кон долината на Драгор и Братиндолска Река. На запад, пак, поважни гребени се Марушица, ‘Ржана и Порта, кои стрмно се спуштаат во долината на Брајчинска Река.

Релјефот е разновиден. На височина од 1.660 до 1.900 м се наоѓаат зарамнети делови, расчленети со повеќе паралелни долини. Камените реки се карактеристичен рејлефен облик на Пелистер и тие се протегаат на висичониа од 1.300 до 2.000 м. Тие се најизразени на северната страна на возвишението Црвена Стена и над месноста Копанки. Од флувијалните релјефни облици застапени се плавините. Понатаму, постои појас од плавини на северното, источното и западното подножје. На нив се наоѓаат повеќе села: Драгош, Велушина, Бистрица, Буково, Лавци, Трново, Магарево, Кажани, Крани итн.

Исто така, застапени се и глацијални релјефни форми, кои потекнуваат од плеистоценот, кога на високите делови на Баба се наоѓале глечери. Од глацијалните форми, застапени се циркови и морени. Циркови има на надморска височина над 2000 м, а два од нив се исполнети со вода – Големото и Малото Езеро, кои од народот се наречени Пелистерски Очи. Големото Езеро се наоѓа на 2218 м н.в., со должина 233 м, широчина 162 м и длабочина 14.5 м. Малото Езеро се наоѓа на 2180 м н.в. и е со размери – 79 м должина, 68 м широчина и 2.6 м длабочина. Нивните басени се преградени со морени. Други карактеристични релјефни облици на Баба се камените мориња и слизнатите блокови.

Постојат 24 врвови повисоки од 2000 метри. Најзначајни врвови се:

 

Пелистер (2.601 м)

Илинден (2.542 м)

Стив (2.468 м)

Ветерница (2.420 м)

Муза (2.351 м)

‘Ржана/Бојаџиев Врв (2.334 м)

Широка (2.218 м)

Грива (2.193 м)

Козји Камен (2.182 м)

Висока Чука (2.182 м)

Бела Вода (2.156 м) (во Грција)

Скрково (2.140 м)

Вртешка (2.010 м)

Бабин Заб (1.850 м)

Од некои од овие врвови се гледа огромна површина – Солунска Глава на север, Пелагонија и Кајмакчалан на исток, на југ и југозапад погледот допира до грчко-албанските предели, а на запад до Преспанското Езеро, Галичица и Јабланица.

Close

Флора и фауна:

Од растителните заедници најголемо пространство заземаат моликовите шуми кои како чиста заедница се среќаваат на површина од 1174 ха, а се среќаваат и моликово-елови, моликово-букови, моликово-букови-елови, букови и дабово-букови шуми. Од флористичките елементи особено значајно е присуството на петоигличестиот бор молика (Pinus peuce) – автохтон реликт со терциерна старост кој расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров, а на планината Баба го достигнува својот еколошки оптимум на развој, простирајќи се на висина од 1000 до преку 2200 м. Во високиот планински дел се среќаваат ендемичните растенија: пелистерска качунка (Crocus peristericus ), полегнатиот каранфил (Dianthus myrtinervius), пази-куќа (Sempervivum octopodes) и пелистерска небесна роса (Alchemilla pelisterica).

Од фауната посебно внимание заслужуваат: мечката (Ursus arctos), срната (Capreolus capreolus), рисот (Lynx Lynx), дивокозата (Rupicapra rupicapra), обичниот елен (Cervus elaphus), дивата свиња (Susscrofa), еребицата камењарка (Alectoris qraeca), златниот орел (Aquila chrystaetos), карпестиот лазач (Tichodroma muraria) и црвеноклуната галица (Pyrrhocorax pyrrchocorax). Од рибите значајно е присуството на ендемичната пелистерска пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus). Освен овие животни постојат и многу други видови на растенија, габи, членконоги, риби, влекачи, птици, цицачи итн., од кои некои се ендемични. НП Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се локални ендемити. Од ‘рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влечуги, 91 вид птици и 35 видови цицачи.

Фауна:

  • Salmo trutta peristericus (more specifically trout)
  • Salmo trutta pelagonicus (trout)
  • Iliodromus peristericus (Ostracodes)
  • Eucypris diebeli
  • Niphragus pancici peristericus (Amphipod Crab) -Great Lake
  • Arcticocampus macedonicus (Harpacticoid crab)
  • Brachydesmus peristerensis (Pelister Centrum)
  • Alpaeus macedonica (Hardwood Insects)
  • Cychrus attenuatus peristericus (Hardwood Insects)
  • Duvaliotes peristericus (Hardwood Insects)
  • Platyduvalius macedonicus (Hardwood Insects)
  • Trechus hajeki (hardwood insects)
  • Scythris crypta (small butterflies)
  • Scythris similis (small butterflies)
  • Hadena clara macedonica (Night Butterfly)

Флора:

  • Alchemilla peristerica (Pelister Sky)
  • Sempervivum octopodes (one of the two endemic species of house-keeping)
  • Jovibarba heuffelii var (one of the two endemic species of house-keeping)
  • Crocus pelistericus (Pelister hornbeam)
  • Festuca pelisterica

Климата на Пелистер е планинска и како таква погодна е за развој на планински туризам (зимски и летен). Туризмот започнал да се развива меѓу Првата и Втората светска војна. На падините на планината се изградени повеќе туристичко рекреативни, планинарски и спортски објекти. Најатрактивен е хотелот Молика, додека постојат и планинарските домови Копанки и Големо Езеро. На самиот врв се наоѓа и антенскиот предавател на Националната телевизија, постои работна организација со капацитет за сметување на 200-300 дечиња, жичница од Бегова Чешма до Копанки, ски лифтови, неколку туристички капацитети на работни организации, а над селото Нижополе зимско-летен рекреативен центар на ХМС “Стрежево”‚ со хотелско сместување, посебна жичница и скијачка патека.

  • Локација:

    Југо-западен дел на Северна Република Македонија

  • Координати:

  • Макс. висина:

    2.601 m

[instalink id=”2″]

Воздушно видео

360 Фото

Галерија

Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).