[rev_slider_vc alias=”ohrid”]
[vc_empty_space][vc_text_separator title=”Инфо” color=”black”]

Денес, во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро. Можеби, единствено Тангањика во Африка и Титикака во Јужна Америка настанале во ист геолошки период.

Охридското Езеро и според начинот на својот настанок претставува интересна реткост. Тоа настанало со вертикално пропаѓање на почвата. Релативно мал број езера настанале на ваков начин. Меѓу другите, така настанало и најдлабокото Бајкалско Езеро во Сибир, во Русија, кое е стотина пати поголемо од Охридското Езеро. Водите на двете езера ги населува сличен ендемичен растителен и животински свет.

Охридското Езеро е сместено во котлина која од сите страни е опкружена со планини чии врвови често надминуваат 2000 метри надморска височина. На источната страна се наоѓаат планините Петрино и Галичица, со врвот Магаро (2255 м). Планината Галичица ја дели Охридската и Преспанската котлина. На јужното крајбрежје на езерото се наоѓаат албанските планини.

Охридското Езеро со право заслужува назив – македонско слатководно море, и тоа не само поради топлата сина боја, која е поинтензивна и од небесното синило, туку и поради големината, бидејќи зафаќа површина од 358 км2.

Повеќе

Помислуваме дека пред нас се наоѓа голем морски залив или пак истргнато парче морска широчина, фрлено меѓу релативно високите планини на надморска височина од 695 метри. А над езерото, на неговиот северен брег како посебен декор се издигнува древниот Охрид, сместен на двоен рид, чија највисока точка – Самуиловата крепост, се наоѓа на околу 800 метри надморска височина.

Речиси правилниот елипсовиден облик на езерото овозможува од безброј места, со поглед да се опфати целата негова живописна модросина површина. Од манастирот Свети Наум па сè до селото Радожда на спротивниот брег, по водата се протега невидлива гранична меѓа, којашто езерото го дели на два дела. Две третини од неговата површина и припаѓаат на Република С. Македонија, а една третина на Република Албанија.

Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна – од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км. од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151м.

За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег. Најголемиот број извори се подземни притоци од соседното Преспанско Езеро, кое се наоѓа на поголема надморска височина, а исто така е создадено со тектонско поместување на почвата.

Најпознати извори се охридските Студенчишта или пак уште попознати како Билјанини извори, кои се наоѓаат во непосредна близина на градот. Силни извори има околу манастирот Свети Наум (29 км јужно од Охрид). Овие извори излегуваат од варовитите спили во подножјето на планината Галичица. Најпрвин водата се собира во едно живописно езерце, кое во текот на своето постоење формирало и две мали живописни островчиња. Кристално бистрата вода од езерцето преку една куса и брза рекичка се влева во Охридското Езеро.

Кај Струга (14 км од Охрид) водата на Охридското Езеро истекува низ реката Црн Дрим, која, во Албанија, се влева во Јадранското Море.

Од најстари времиња бреговите на Охридското Езеро биле густо населени. Во текот на подоцнежните векови, покрај многубројните помали, главно рибарски села, израснале и три големи населби: Охрид и Струга на македонската, и Поградец на албанската територија.

Со својата единствена флора и фауна, Охридското Езеро претставува еден од најголемите биолошки резервати на Европа.  Уште првите научни истражувања, кои во Охридското Езеро беа вршени во текот на XIX век, открија дека во него, како едно од најстарите езера на нашата планета, се зачувал прастар жив свет кој во други места воопшто не постои или пак се среќава само во форма на фосили.

Затвори

[vc_empty_space]
Подводна археологија

Под водите на Охридското Езеро се наоѓаат археолошки резерви од праисторијата, наваму. Кон крајот на ХХ век од страна на охридски нуркачи откриени се неколку наколни праисториски живеалишта во месноста Градиште кај селото Пештани.

Најголемото подводно археолошко наоѓалиште во Македонија беше откриено од група струшки рибари, кон средината на осумдесеттите години на ХХ век во Врбник кај Струга.

Со епохалното археолошко откритие кај населбата “Охридати” во крајбрежниот појас на Охридското Езеро, уште еднаш се потврдува дека под водите на Охридското Езеро се наоѓаат археолошки резерви од периодот на праисторијата па наваму.

Крајбрежниот простор кај Охридското Езеро од хотелот Палас до населбата “Охридати”, лежи на остатоци од неколку наколни населби од времето на неолитот па сè до крајот на бронзеното време. Сите нови куќи се изградени врз остатоци од наколни живеалишта во овој крајбрежен дел од центарот на Охрид.

Флора и фауна

Охридското Езеро е синоним за ендемична и разновидна флора и фауна и голем број реликтни и ендемични организми. Како групи најбогати со ендемични организми и воедно најистражувани групи на организми се  дијатомеите  (силикатни алги,  Bacillariophyta ), харите (група од зелените алги,  Charophyta ), потоа  планариите (сплескани црви,  Turbellaria ),  мекотелите  (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 видови се ендемични. Тие се:

Пастрмки

  • Охридска пастрмка –  (Salmo letnica)
  • Охридска белвица – (Acantholingua ohridana)
  • Охридски клен – (Leuciscus cephalus albus)
  • Мало грунче – (Phoxinus phoxinus colchicus)
  • Охридска писа –  (Scardinius erythrophthalmus scardafa)
  • Плашица – (Alburnus albidus alborella)
  • Мало плашиче – (Alburnoides bipunctatus ochridanus)
  • Крап – (Cyprinus carpio)
  • Вретенушка – (Nemacheilus barbatulus sturanyi)

Бели риби

  • Охридски грунец – (Rutilus rubidio ochridanus)
  • Моранец – (Pachychilon pictum)
  • Мало рипче – (Phoxinellus minutus)
  • Охридски скобуст – (Chondrostoma nasus ohridanus)
  • Дујак – (Gobio ohridanus)
  • Мрена – (Barbus meridionalis petenyi)
  • Охридска штипалка – (Cobitis taenia meridionalis)

Јагули

  • Јагула – (Anguilla anguilla)
Клима

Климата околу Охридското езеро е класифицирана како локално-континентална. Средната тепмература околу овој природен базен достигнува до 11,4 Целзиусови степени. Додека, средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во текот на месецот август.
Најниска средна месечна температура изнесува 1,5 степени во јануари , додека -17,2 степени е апсолутниот минимум откога постои мерењето. Просечната вредност на врнежи во охридскиот басен приближно изнесува 759 mm. Карактеристичен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима, додека за време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Минимални се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во текот на летото. Утрата покрај најголемото наше езеро се карактеризираат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу поразлични попладне кога јужните и југоисточните
ветрови ја менуваат стабилноста. Средната брзина на ветер во охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е минимално околу 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, а во крајбрежните слоеви дури и до 26°C.

[vc_single_image image=”2080″ style=”vc_box_border_circle” border_color=”green”][vc_empty_space][vc_text_separator title=”Menu” color=”black”]
[vc_text_separator title=”On Instagram” color=”black”]

[instalink id=”2″]

[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”Aerial Video” color=”black”][veso_video_lightbox link_style=”play_button” textalign=”text-center” play_button_color=”#81d742″ video_url=”https://vimeo.com/301890364″][vc_empty_space height=”52px”]
[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”360 Photo” color=”black”][vc_single_image image=”2551″ alignment=”center”]
Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).