previous arrow
next arrow
Slider

Парк Гази Баба

Гази Баба — вештачки подигната шума, која од своето формирање до денес, станала вистинска биоценоза со сите свои атрибути. Се наоѓа во центарот на Скопје, сместена на истоимениот рид. Поради нејзиното огромно значење, со Одлука на Градот Скопје шумата е заштитена како „карактеристичен пејсаж”. Карактеристичниот пејсаж Гази Баба како заштитено подрачје е под ингеренции на Градот Скопје а со него стопанисува јавното претпријатие Паркови и зеленило. Во 2015 година шумата е прогласена за споменик на природата.

Парк-шумата на север се граничи со општината Бутел, населбата Бутел 2, на исток со општината Гази Баба, населбата Железара и населбата Автокоманда, на југ со Природно-Математичкиот факултет, Студентскиот дом „Стив Наумов“, Шумарскиот факултет и Земјоделскиот факултет и на запад со општината Чаир. Карактеристичнот пејсаж Гази Баба е оформен во педесетите години на 20 век со првенствена и единствена намена- санитарно-хигиенсака заштита од емисиите од поранешната Железарница и нивно спречување да се дисперзираат кон внатрешноста на градот кој тогаш бил со значително помали димензии. Меѓутоа сега шумата се наоѓа во центарот на градот, а нејзината основна санитарно-хигиенска функција е надополнета и со културно-воспитната и туристичко-рекреативната функција.

Вкупната површина на карактеристичниот пејсаж Гази Баба изнесува 102,44 хектари. Тука се јавуваат голем број на разновидни лисјарски и четинарски видови на дрвја и грмушки а најраспространети се црниот бор, јасенот, дабот и други.

Значењето на шумата Гази Баба изразено во бројки на годишно ниво е дека таа:

  • врзува 1.323,6 тони јагленороден диоксид;
  • ослободува 970,64 тони кислород;
  • филтрира 5.294 тони прашина;
  • абсорбира 8.824 килограми сулфур диоксид од воздухот и истот толку јаглероден моноксид и азотни оксиди;
  • Локација:

    Општина Гази Баба

  • Координати:

  • Површина:

    102 ha

[instalink id=”20″]

Воздушно Видео

360 Фото

Галерија

Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).