previous arrow
next arrow
Slider

Пештера Слатински извор

Споменикот на природа „Слатински Извор“ е лоциран во западните делови на Северна Македонија, во Поречкиот Басен (сл. 1). Западно се падините на планината Песјак (Јошков Камен, 1917 m), а на исток е планината Даутица (2178 m). Заштитеното подрачје е во сливот на Слатинска Река, лева притока на река Треска.

Границите на споменикот на природа „Слатински Извор“ се: влив на Слатинска Река во Треска, на запад границата се протега по северните падини на ридовите Кале (664 m) и Гребенец (722 m) и се спушта до Маркоска Река. Оттука се протега во северозападен правец по источните падини на Габер, навлегува во долината на Крушеска Река и води на север по безимен дол, до почетокот на неговото формирање. Потоа границата го менува правецот и води на исток кон месноста Трноец, сече колски пат и избива на кота 751 m. Понатаму се спушта на колски пат и продолжува да води во источен правец до месноста Крстови, каде скршнува на североисток и избива на кота 748 m. Одовде се спушта на колски пат и се протега во источен правец по сртот на Баба и избива на кота 713 m, па се протега на југ до крајот на сртот на Баба, свртува на исток и се спушта до дното на левиот брег на реката Треска. Тука границата го менува правецот и води кон југ, каде завршува на почетната точка на вливот на Слатинска Река во Треска (сл. 2).

Локација

Пештерата Слатински Извор се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на околу 100 m пред нејзиниот влив во река Треска. Влезот е на надморска височина од 495 m.

Морфометрија на пештерата

Пештерата Слатински Извор има два влеза  меѓу себе оддалечени околу 10 m. Првиот има ширина 1 m и височина 0,7 m и од него истекува изворот Слатински Извор. Вториот е сув и е со ширина 0,5 m и височина 0,4 m.

Пештерските канали се ориентирани кон северозапад и се распоредени на едно ниво. Нивната форма и големина се условени од пукнатините кои биле проширени со подземните води. Всушност пештерските канали припаѓаат на пукнатински или кањонски канали. Првите се формирани долж вертикални или накосени пукнатини и истите се прави, тесни и на места со поголема височина. Вторите се тесни и кривоидни, предиспонирани од накосени пукнатини или пак подземниот воден тек се има пробиено низ матичната карпа. Генерално ширината на пештерските канали е 1-3 m, со поголема височина (5-10 m) на места каде има вертикални пукнатини. На некои места тие се речиси непроодни поради пештерските украси кои ги имаат скоро затворено. Најголемата пештерска сала е т.н. Голема сала, на околу 650 m од влезотна пештерта. Нејзината должина е 55 m, најголемата широчина 25 m и најголемата височина 15 m (Колчаковски & Алоски, 1984). Останатите пештерски сали се со помали димензии (3-5 m должина, 2-3 m широчина и различна височина во зависност од поставеноста на пукнатините), чија заедничка карактеристика се сурнатите карпести блокови на подот. Вкупната должина на пештерата Слатински Извор изнесува 3932 m (Carlin, 2003). Според поставеноста на пештерските канали (Palmer,1991) пештерата припаѓа на групата разгранети пештери.

Хидрографски карактеристики на пештерата

Пештерата Слатински Извор е изворска пештера. Низ дел од пештерските канали тече подземен речен тек. Речното корито е всечено во песокливо-глинести седименти и истото е со широчина од 0,75 m (влезен дел на пештера) до 2,1 m (800 m од влез на пештера).На околу 1150 m, 1650 m и 2300m од влезот на пештерата, во три споредни канали, широчината на речното корито е 0,5 m, 0,6 m и 1 m, соодветно. При анализа на протокот на вода низ пештерата е евидентирано дека истиот зависи од хидролошката состојба на површинските речни текови (Крушеска, Маркоска и Слатинска Река), односно од врнежите. Така за време на влажниот период од годината кога водостојот на површинските текови е висок и водостојот во подземниот речен тек е висок. Тогаш може да настане и излевање на водата од речното корито, за што доказ се глинестите возвишенија од двете страни на коритото. Во овие периоди влегувањето во пештерата е можно само со нуркање. Спротивно, во сувиот период од годината водостојот на подземниот речен тек е понизок.

Евидентирано е дека дел од водата од подземниот речен тек се губи или во речниот нанос или во помали споредни пештерски канали. Притоа, во летниот период од годината кога низ пештерата протекува помало количество на вода, во подземниот речен тек вода има само до околу 30 m од влезот на пештерата. Тогаш и изворот Слатински Извор пресушува.

На околу 1500 m од влезот на пештерата има пештерско езеро чие ниво осцилира во зависност од приливот на вода.

Морфогенеза на пештерата

Поставеноста на пештерските канали и микро релјефните форми во пештерата (нивна ориентација и големина) може да дадат приближна слика за потеклото и еволуцијата на пештерата. Така пештерата Слатински Извор има т.н. понорско прихранување, а само еден дел од пештерските канали се формирани со поплавни води.

Докази за понорското прихранување, односно за формирање на пештерските канали со речен тек кој потекнува од површински водотек, а кој навлегува во внатрешноста на карбонатните маси преку понор се: разгранетиот тип на пештерски канали, евидентираните кањонски канали, микро формите чинии, речните седименти и пештерските украси формирани од вода прокапница. Дополнителен доказ за постоење и подземен речен тек и во геолошкото минато се трагите од ниво на воден хоризонт кои на пештерските ѕидови се на височина од 0,9 m и 0,13 m од подот. Меѓу двете нивоа се евидентирани форми чинии кои настануваат со вртложна ерозија од подземни текови. Нивната должината е 7 cm. Овие податоци покажуваaт дека некогашниот речен тек бил со поголема брзина на движење отколку денешниот. Извршеното хидрогеолошко трасирање е дополнителен доказ за понорското прихранување на пештерата Слатински Извор.

Дел од пештерските канали се формирани со поплавни води. За тоа говорат микроформите тавански џебови, тавански канали и лавиринт од тавански канали, како и седиментите со различна големина и дел од таваните кои се предиспонирани со пукнатини. Таванските џебови се застапени на таванот каде се вкрстуваат повеќе пукнатини. Нивната големина е приближно еднаква. На места каде висината на таванот е мала се евидентирани тавански каналии лавиринт од тавански канали. Овие форми настануваат во канали кои биле исполнети со седименти, притоа водениот тек движејќи се над нив имал силен притисок врз карпата и на тој начин ги формирал овие форми (Slabe, 1995). Сурнатите блокови во пештерските проширувања се доказ за механичката ерозија, но воедно и ја отежнуваат реконструкцијата на минатото на пештерата.

Пештерски седименти

Седиментите кои се застапени во пештерата се карактеристични за активна речна пештера. Тие се претставени со алохтон и автохтон материјал. Најголеми пештерски седименти се карпестите блокови кои се сурнати од таванот на пештерата како резултат на ерозија или тектонски движења.Тие се наоѓаат во речиси секое поголемо пештерско проширување, но најизразени се на околу 800 m од влезот на пештерата, во Големата сала. Нивната тежина е поголема од 1 t, должината е од 10-12 m, а ширината од 4-5 m. Во коритото на подземниот речен тек има песоклив материјал составен од кварц, мусковит и мали парчиња на кварц-серицитски шкрилци. Нивните зрна се поголеми од 1.5 mm. Потеклото на овој материјал е од некарбонатни терени (Колчаковски & Алоски, 1984), а во пештерата се внесени од алогениот речен тек. Од влезот на пештерата до околу 500 m во внатрешноста доминантно се застапени песоци и глини со големината на зрна до 0.2 mm. На неколку места, од двете страни на речното корито, има глинести возвишенија кои се формирани во услови на поплави.

Пештерските украси се посебен вид седименти. Применета е класификацијата на Palmer (2007) според која пештерските украси се поделени во зависност од природата на водата која ги формирала, вклучувајќи ја нивната форма и начинот на формирање. Во групата басенски седименти припаѓаат травертински басени и камени полици. Травертинските басени се груби и порозни форми од калцит. Формирани се на рабовите од пештерските басени, а со вода се полнат од вода прокапница. Камените полици сепештерски украси од калцит кои се формирани на брегот на пештерските басени. Тие се индикатор за нивото на водата во пештерските басени од минатото (Hill &Forti, 1997) бидејќи се формираат непосредно над водното ниво. Дебелината на камените полици во пештерата е неколку сантиметри и се со бела бојадо жолта боја. Месечевите камени полици  се подтип на камените полици. Тие се кружни пештерски украси чии испакнати делови укажуваат на местата каде водата течела во плитките басени со стоечка, мирна вода.

Украсите формирани од вода прокапница или вода што тече ја сочинуваат сталактити, цевчести сталактити, сталагмити, столбови и драперии. Тие се формирани долж пукнатини по таванот и ѕидовите или на подот од пештерата. Застапени се низ целата пештера. Истражувањата покажуваат дека овие украси се активни и се формираат дури и во сувиот период од годината. Ова покажува дека во карбонатната маса над пештерата има резерви на вода кои се дополнуваат во влажниот период од годината, со врнежи или со топење на снегот. Бојата на оваа група украси е претежно бела, па потоа црвена и жолта.

Хелектитите се претставници на украсите кои настануваат од капиларна вода. Тие немаат вертикална ориентација, туку се со неправилна, искривена, ексцентрична форма. Овие украси се формирани на таванот од пештерата или на веќе формирани сталактити, на места каде има изразено струење на воздух. Тие се со бела боја.

Украсите кои се настанати со процесот на евапорација се претставени со пештерски корали и корални сталактити. Пештерските корали се мали тркалезни украси кои наликуваат на карфиол. Евидентираните корали припаѓаат на типот подводни корали, формирани во некогашните пештерски басени. Коралите кои се лоцирани под камените полици имаат белузлава боја, а оние кои се во фосилниот речен тек од 1500-1700 m во пештерата се со кафена боја. Највпечатливи украси во пештерата претставуваат крушковидните или коралните сталактити. Пештерата Слатински Извор е единствената пештера во Република Северна Македонијаво која се евидентирани ваков вид украси. Тие настануваат кога веќе формираните сталактити ќе се најдат под вода во пештерските басени и кога на нивниот врв се таложи калцит и притоа се формира нов украс со топчеста форма (Hill &Forti, 1997). Всушност станува збор за два вида на украси: сталактити врз кои подоцна се формираат подводни корали. Овие украси се наоѓаат на околу 2 km од влезот на пештерата и се со кафена боја.

Значење на пештерата

Пештерата Слатински Извор е единствената пештера од Република Северна Македонија која се наоѓа на Привремената листа на УНЕСКО.

Поради геоморфолошките и биолошките особености на пештерата истата е прогласена за заштитено подрачје со категорија Споменик на природа (сл. весник бр. 23 од 24.02.2011). Притоа во зоната на строга заштита припаѓа пештерата, а во заштитениот појас припаѓа пошироката надворешна околина на пештерата. Улогата на заштитениот појас е да ја заштити зоната на строга заштита од заканите кои потекнуваат надвор од подрачјето на природното наследство.

По применетата категоризација на Колчаковски (1993) заснована според природните компоненти (локација, должина на пештера, морфологија на пештерски канали, хидрографски особености, пештерски украси, рецентна фауна, палеонтолошки наоди) пештерата Слатински Извор припаѓа на највисоката категорија – природни реткости (Петреска, 2008). Врз основа на извршената категоризација може да се утврди и намената на пештерата. Така, користејќи ја класификацијата за намена на спелеолошките објекти од Студијата за заштита на природното наследство за Просторниот план на Република Северна Македонија(1999) пештерата Слатински Извор може да има: научно-истражувачка, студиско-демонстративна и еколошка намена (Петреска, 2007).

  • Локација:

    с. Слатина во областа Порече

  • Координати:

  • Должина:

    4 km

[instalink id=”17″]

Настанување на пештери

МИНЕРАЛИ

Минералите што учествуваат во градбата на карпите се нарекуваат петрогени минерали. Најважни петрогени минерали кои учествуваат во градбата на карбонатните карпи се карбонатите. Карбонатите се соли на јаглеродната киселина. Минералите од оваа група настануваат со излачување и таложење од топли и студени раствори и води, како и со процесите на дезинтеграција на магматските минерали кои содржат калциум и магнезиум. Карбонатите се најмногу застапени кај седиментните карпи и тоа како главни состојки. Поважни петрогени минерали се калцит и доломит.

Според хемискиот состав калцитот е калциум карбонат. Кристализира хексагонално. Во карпите најчесто се појавува во вид на зрна или правилни ромбоедри. Цепливоста му е убаво изразена. Бојата може да биде млечно бела, бела, сива, жолтеникава, а може да биде безбоен или бистар како стакло. Најмногу е застапен во мермерите, варовниците и лапорците.

Доломитот според хемискиот состав е карбонат на калциум и магнезиум. Кристализира хексагонално. Најчесто се јавува како ромбоедарски кристали или во форма на зрна. Цепливоста му е совршена. Бојата е различна, но најчесто е жолта или бела. Настанува со преобразба со замена на дел од калциумот со магнезиум. Како битна состојка се појавува кај седиментните карпи: доломитски варовници, доломитски мермери и др.

КАРБОНАТНИ КАРПИ

Варовници

Варовниците се седиментни карпи кои по хемискиот состав се калциум карбонат. Изградени се од минералот калцит (CaCO3) кој е обично застапен преку 95%. Често се присутни и примеси на манган, железо, глина, песок, магнесиум и др. Според видот на примесите се издвојуваат повеќе вариетети: глиновити варовници (глинени минерали до 50%), песокливи варовници (зрна на кварц и лискун), доломитични варовници (содржина на MgCO3од 10-40%), железовити варовници (лимонит или хематит), битуминозни варовници или “смрдливи” варовници (количество на органски материи).

Структурата на варовниците е кристалесто зрнеста (минералните зрна меѓу себе се непосредно сраснати), оолитска (минералните состојки се тркалезни или елипсоидни чиј средишен дел е претставен со зрно песок или фосил), органогена (изградена од остатоци од животинско и растително потекло).

Текстурата е масивна (минералните честички немаат одредена просторна ориентација, па карпестата маса има едноличен изглед) или слоевита (се издвојуваат плочести делови, пластови со јасно издвоени пластови површини).

Бојата им варира во широки граници од сивобела, преку сива, сина, руменикава, зеленикава до црна, што зависи од присутните примеси.

Генетски гледано варовниците настануваат на повеќе начини:

  1. Најголеми маси настануваат со таложење на скелети и оклопи на изумрени макро и микроорганизми изградени од калциум карбонат (корали, брахиоподи, амонити, цефалоподи, нумулити) таложени во океанските и морските простори и езерски животни и седиментациони средини.
  2. Варовниците настануваат и по хемиски пат со таложење на калциум карбонат во морска вода без учество на органска материја или со губење јагленова киселина од вода која содржи растворен калциум хидрокарбонат.
  3. Варовниците настануваат со таложење морски алги кои содржат поголеми количества калциум карбонат (диплопори, литотамниски алги).
  4. Варовниците настануваат и како механички талози од порано распаднатите и преталожени парчиња од варовници.

Доломити

Доломитите се карбонатни карпи изградени од минералот доломите CaMg (CO3)2 кој е застапен и до 45-50%. Може да содржат многу примеси, посебно калцит и глиновити минерали, гипс, анхидрит, опал, органски материи и.т.н. Од варовниците со кои имаат големи сличности доломитите се разликуваат во послабата растворливост во солна киселина (NCl) и механички полесно се распаѓаат во ровка маса слична на песок наречена доломитски грус или доломитски песок.

Структурата е зрнеста (минералните зрна меѓу себе се цементирани со некоја природна врзива материја).

Текстурата е масивна до слоевита.

Бојата им е најчесто млечнобела, а поради примесите може да биде и сива, жолтеникава, руменикава до темносива.

Доломитите настануваат на повеќе начини:

  1. Со процесот на доломитизација, т.е. замена на дел од калциумовата супстанца кај варовниците со магнезиумова супстанца.
  2. Примарно од раствори со таложење на двојни соли CaCO3 и MgCO3 како хемиски седименти.

Мермери

Мермерите се масивни пара метаморфни карпи кои настануваат со метаморфоза на варовници и доломити. Минералошки се изградени од минералот калцит-калцитски мермери или доломит-доломитски мермери. Покрај овие минерали може да се појават и други споредни минерали како кварц, лискун, хлорит, графит, епидот, фелдспати, магнетит и др. Доколку содржат лискуни, таквите мермери се викаат циполини.

Структурата кај мермерите е гранобластична (минералните состојки имаат иста големина и приближно изиметриски состав).

Текстурата е масивна (рамномерен распоред на минералните состојки во карпата) и поретко шкрилава или лентеста.

Бојата им е мошне разновидна и варира од бела до црна. Наполно чистите мермери имаат бела боја. Присутните примеси ги бојат мермерите во сива, сина, зелена, жолтеникава, црвена боја.

Мермерите се доста распространети карпи во земјината кора. Најчесто се јавуваат во вид на големи маси или како леќи со различна големина во терените изградени од кристалести шкрилци.

РАСТВОРАЊЕ НА КАРБОНАТНИТЕ КАРПИ

За карстната морфогенеза најбитна особеност на карбонатните карпи е нивната растворливост во вода. Растворањето се врши во чиста, но особено во вода која содржи јаглена киселина (H2CO3). Количеството на карбонатните карпи кои се раствораат во чиста вода се релативно мали. Еден литар вода раствора 11-16 мгр карбонат. Тоа значи дека чистата вода е заситена ако содржи 12-15 мгр карбонати во 1 л. Но кога во водата се наоѓа растворена јагленова киселина тогаш нејзината растворувачка моќ повеќекратно се зголемува (1 л вода може да раствори дури 1 г карбонати). При содржина на јагленовата киселина од само 1 мгр/л, растворањето на карбонатот во водата се зголемува на 50-60 мгр/л. Јагленовата киселина настанува на тој начин што атмосферската вода (H2O) го апсорбира јаглеродниот диоксид (CO2) од воздухот и така создава благ раствор на јагленова киселина (H2CO3).

H2O+ CO2= H2CO3

Јагленовата киселина ја напаѓа карбонатната карпа-калциум монокарбонат и ја претвора во кисел калциум карбонат, или калциум бикарбонат кој е крајно растворлив во вода.

H2CO3+ CaCO3=Ca(HCO3)2

Како хемиско соединение калциум бикарбонатот е непостојан бидејќи во него јагленовата киселина е мошне лабилна. Таа од соединението лесно се губи со евапорација на H2O или со губитокот на CO2, без разлика дали тоа се случува во океанските, морските или езерските басени, или пак во коритата на површинските и подземните реки.

Има повеќе причини за губење на CO2: зголемување на температурата на водата, нејзино распрскување, намалување на атмосферскиот притисок и негова асимилација од растенијата. Со зголемување на температурата на водата се намалува содржината на CO2. Тоа предизвикува лачење на карбонат во растворот на калциум бикарботатот. При распрскување на водата кај слаповите и водопадите на површинските и подземните реки се ослободува CO2, а со тоа од растворот се лачи Ca(HCO3)2. Со намалување на воздушниот притисок доаѓа до опаѓање на парцијалниот притисок на CO2 во водниот раствор. Тој се ослободува, а се лачи CaCO3. Влијанието на растенијата се манифестира преку асимилација, т.е. со земање на CO2 од водата. Ваквото таложење на карбонатот се разликува од неговото директно лачење од водата. Секој од наведените причинители предизвикува обратен процес. Од растворот се лачи неутрален калциум карбонат кој не се раствора во вода. Тоа се споменатите травертин и бигор.

Ca(HCO3)2= H2O+ CO2+ CaCO3

За растворање на карбонатните карпи од најголемо значење е количеството на CO2 во водата на атмосферските врнежи. Колку е поголемо неговото количество поголема е и растворувачката моќ на водата. Количеството на CO2 во водата директно зависи од парцијалниот притисок на овој гас во атмосферата и од температурата на водата. Парцијалниот притисок на CO2 во атмосферата е мал и изнесува 0.02%. Сепак тоа е доволно 1 л вода да може да раствори 64 мг/л карбонат. Тоа е 4 пати повеќе од количеството што може да го раствори 1 л чиста дестилирана вода (16 мг/л). Меѓутоа треба да се напомене дека содржината на CO2 во почвата покриена со вегетација е значително поголема. Температурата на водата влијае директно врз содржината на CO2. На 20°C водата содржи 2 пати помалку CO2 отколку на 0°C (0°C еден литар вода содржи 1.01 мг/л CO2, додека на 20°C само 0.52 мг/л). Поради тоа ладната вода раствора поголеми количества карбонати отколку топлата. На температуре од 4°C 1л вода раствора 119.7 мг/л, на 14°Ц околку 105, а на 20°C само 95.6 мг/л. Водата што се впива во растреситата почва, во допир со корењата на растенијата добива значителни количества CO2, што зависи и од почвената температура. Постоењето вегетација и дебел почвен супстрат, богат со хумус и др. органски киселини овозможува 1 л дождовница да апсорбира дури 1.5г CO2. Топлата и влажна клима го смалуваат количеството апсорбиран CO2од воздухот. Но бујната вегетација во ваквите климатски услови со трулење на растенијата создава агресивна јагленова киселина чија растворувачка моќ е 100 пати поголема од растворувачката моќ на јагленовата киселина што јаи ма во дождовницата. Со тоа во потполнос се компензира негативното влијание на повисоките температуре врз ефектот на растворањето на карбонатните карпи, односно се јавува интензивен процес на карстификација.

Како краен продукт на растворањето на карбонатните карпи се јавува резидијалната глина или црвеница (terra rossa). Таа е нерастворлив остаток на карбонатните карпи. Во чистите варовници има само 0.3-0.5 % нерастворливи состојки. Црвеницата се состои од силициски кварц (SiO2) и оксиди на железо (Fe2O3). Тие заедно ја сочинуваат глината.

Underground erosive karsts forms

The underground erosive karsts forms are evolving because of the ravage of the rocks:

– solving action of the water (corrosion)

– mechanic action of the water (erosion)

– combination of previous ways

Precipice

Precipices are underground carst forms which entrance is on the surface of the terrain, and they are lowered down through vertical or oblique canal. It’s very important that the height distance between the entrance and the bottom is larger than the distance of the horizontal canals inside. It means that precipices can have horizontal canals, subordinated like scales. Just like the main canals, they can be founded through cracks, fault lines or rock layers.

The evolving of the precipices is conditional from the karst and mechanic erosion.  The surface water is sinking in to the earth through cracks inside the carbonate mass, and it’s dissolving it, means that is expanding the cracks. With the expanding of the cracks, the surface water is no longer flowing, it become underground flowing. That is why there is a strong underground circulation of the water in the underground, a mechanical erosion of the underground flows occurred.

Depend of the impact of the karst or mechanical erosion of the water, we can allocate different types: karst precipice, crumble precipice, vigled, caverns etc.

Karst precipices

Karst precipices are establishing only because of the karst erosion, by dissolving the cracks. They are dry precipices, there aren’t any underground flows.

They are divided in two groups, dzvekari and abyss. This type of dividing is based on the morphological differences of the canals, their dimensions and how they extend.

Dzvekari are shallow precipices, which on the end has small cave hall.

Abysses are characterized with simple vertical canal with considerable depth, that on the end narrows that much, so they are impassable cracks.

Crumbled precipices

Crumbled precipices are evolving with crumbling of the rock layers. The karst erosion disturbs their stability, especially if there is a big emptiness in the underground. On the bottom a ruin rock material can be noted. Crumbled precipices are combination of corrosive process and mechanical demolition which is caused by the corrosion. Also, water flows can be noted on the bottom.

Vigled

Vigleds are precipices on the cave ceiling. Through them caves are connected with the surface. The corrosion erodes the layers along the cracks and relatively short vertical canals are formed. Through them the day light breaks.

Caverns

Caverns are precipices where the water from the surface flows is lost. The corrosion helped with the mechanical erosion of the water that is flowing in to the earth and with the material that is inserting (sand, gravel). Caverns can be: pernament, periodic and fossil.

Caves

Caves are underground karst forms which have vertical entrance. The cave canals inside the carbonate mass are horizontal or slightly sloping.

In the big caves canals can be deployed on different levels, each level represent different stadium of the morphological evolution of the cave (the lowest level is the newest). According to the genetic classification there are two types: cavelets and straight caves.

Cavelets

Cavelets are short caves in which there is a day light through the end. Usually you can find them on the sides of the ravines, on the bases section or on the level of the riverbeds. The entrance is usually polished with corrosive action of the atmosphere water and has slightly hollow form. The real caveletes are out of the impact of the mechanic and chemical erosion. They are dry; there aren’t any underground water flows.

Straight caves

Straight caves are long and usually with outspread underground canals that are expend deep in the inside of the carbonate mass. Every larger systems of cave canals evolved with chemical and mechanical erosion of the underground water flows that now or in the past where flowing there.

According to the outspread of the underground cave canals they can be: simple and complex caves. Simple caves have only one more or less simple canal. Complex caves are outspread systems of underground canals that are deployed on few levels.

Depends if there is a water flow in the caves, there can be river caves and dry caves.

River caves

Through the river caves an underground river is flowing, which is outspread like the surface river. The underground river is flowing through cascades and waterfalls, through narrows and siphons or they are connecting with small lakes. According to their hydrographical function there can be, cavern and siphoned caves. Cavern cavesrepresented caverns on the surface watercourses. Siphoned caves are cave canals from where underground water flows are going out on the surface, or were going out in the past, in a form of a spring head. They are also called spring head caves. Depends of the underground water flow regime, river caves can be permanent and periodical. Permanent river caves are the ones, where there is a permanent river flow. Periodical river caves are the ones, where the underground river flow only appears in the humid part of the year.

Dry caves

Dry caves, today, are out of the hydrographical function. Because of the disappearing of the cave river, the building of the cave with mechanical erosion is stopped. Further morphological evolution is connected with the action of the water drops and with demolition of the cave ceilings.

Cave ornaments are formed with secretion of the carbonate from the water solution.  Because the carbon acid in the water solution has labile compound, from where the carbon dioxide is easily lost. As a consequence of that, a neutral calcium carbonate is excreted.

– Depends of the influx of water in the underground mass, there are two types of cave ornaments.

– Ornaments that are formed with droppings of water from the cave ceiling and walls (stalactites, stalagmites, cave columns);

– Ornaments formed with flowing of the water (cave travertine, cave draperies, rim stone pools, travertine pools).

Cave Ornaments

Stalactites

Stalactites are cave ornaments that are characteristic for the cave ceiling from where they are hanging in different forms. The real stalactites (the first type) are evolving with growing so called calcite tubes (macaroni). From the water that is fulfilled with calcium bicarbonate, which is circulating through a lot of small cracks in the cave, the water is setting free CO2 because of the pressure, temperature or damp change. Because of the ruined balance in the dilution (in the water drop) which is forming in the end of the crack, it comes to sedimentation of calcium carbonate that looks like a thin ring on the contact with the rock. As time goes by this process is going on, so the calcite tubes can grow more than 1m.  The walls of the calcite tubes are thinner less than half a millimetre, and the diameter is usually 5 mm, the same size as the water drop diameter. In the caves with a lot of moister and water, on the outside side of the tube, a thin layer of water is forming, from which CaCO3 is detached and as a result of this process, stalactites are growing wide. For these type stalactites a coupe like a ring with initial tube in the middle is characteristic. With other additional processes the stalactites can be formed in various weird forms and dimensions. If the central tube is plugged, the water through cracks in the stalactite can reach out, and it can form different eccentric shapes.  As secondary shapes, stalactites can form different sphere forms so called coralloid. Their evolving is explained with excreting CaCO3 from the thin layer of water around   small core (such as dust, or small pieces of rocks). Coralloid can be formed on all of the others cave ornaments and canals.

The second types of the stalactites are consequence of the slow flowing on the thin layer and water drops through the sagging surface in the cave canal. On its way to the place where the drop is tearing up from the sagging surface, the drop is leaving a thin layer with CaCO3 and that’s how the stalactites are growing asymmetrically. These types of stalactites don’t have initial tube in them.

The layers on the stalactites are very thin (less than 1/10 mm) and usually can be recognized by their color.

Stalagmites

Stalagmites are cave ornaments which are characteristic for the cave floor. Their origin is from the water that is dropping in to the cave area. Water drops can come from stalactites or from various cracks. While they are falling, they lose CO2, and became fulfilled with calcium bicarbonate. At the moment of falling (when drops are hitting solid area) the process of setting free CO2 is increasing, and concentric rings (CaCO3) are sediment. With this process stalagmites are growing.

When the water drops are falling from small high, the formed layers of calcite are bulge up, and how the height is growing up layers get shape like a plate. This is explained with the bigger kinetic energy from the drop blast and the much bigger fragmentation to the edge of the stalagmite. Dimensions and forms of the stalagmites depend of the ceiling height and the amount of stalactites, from where the water is dropping.

Cave columns

Cave columns are evolving with adhesion of the stalactites and stalagmites. Later on, the thin layer or other flashes of water are flowing into the sides of the cave column, and form different kinds of shapes around its surface. Sometimes cave columns are growing so wide, they can close some cave canals.

Cave draperies

Draperies origin because of the  lane moving of the water drops, that leave behind thin layer of excrete CaCO3 through the sagging wall or cave ceiling. Depends of the way how and where the water drops are flowing, they can create different forms that looks like curtains. That’s way for this forms you can use draperies or curtains. The layers on the drapery can have different color, which gives very beautiful effect. If you hit them, they produce various sounds and tones, which is way they are also called pipe organs.

Cave travertine (slivovi)

Travertine is a usual form of excrete calcium carbonate in to the caves. They are formed because of the slow flowing of the thin layer of water or the water drops. Usually they cover big surfaces. They can also be created through the cave walls, the big ruined blocks or already formed ornaments. Depends of the amount of the water that is flowing, and the age , this ornaments can have different sizes, very thin layer or few meters wide, which can close cave canals. Their structure is stratified, and depends of the relief of the surface they can have different forms.

Rim stone pools

Just like in the surface rivers, which are supersaturated with the calcium bicarbonate dilution, also the underground rivers after they encounter a barricade or curve can extract layers of freestone and travertine. Later, it comes to accumulation, creating bulwark and makes small lakes, which are also known as rim stone pools, on the sagging surfaces in the cave canals. These pools are usually under the cave travertine (slivovite?), but sometimes can be spread through the hall bottom of the cave.

Helictites

Helictites are cave ornaments which are growing in various directions, and they do not obey to the force of the gravity. The name “helictites” is from a Greek word, which means spirally twisting. These ornaments are also called eccentric ornaments. They grow on the cave ceiling, walls or cave ornaments. When they are forming from the bottom to up, they are called heligmites. Helictites are evolving as a result of the slow circulation of the water through cracks and with excreting a crystal calcite on the top of the crack. While the water flow don’t produce drops, on the top of the helictite crystals would be created, that are following the rule of crystallization, not the gravity rule. This is how irregular shapes with different size and width are formed. Another factor that impinges the forming of these ornaments is the air circulation in the caves.

Corals (popcorns)

Corals are cave ornaments that can be in various irregular forms, which are showing up on the cave walls and other cave ornaments. They have sediment and concentric construction, and in the center, where is the contact with the surface where they are formed, sometimes there is an initial particle. They evolve only in places that have high moister. Corals are very represented in the cave canals.

Hieroglyphics

Hieroglyphics are forms that look like a hieroglyphic letters. They can be found on the cave walls and on the other already formed ornaments. There are two kinds of them: accumulative and erosive. The accumulative one, are formed when the dust will sediment above the thin layer of water, that looks like a line, after that, in the dry period it will solidify, and is forming bulging line forms. The erosive ones are grooves with small depth and width, which are also formed on the lines where a thin layer of water is flowing.

Cave ornaments colour

On the cave ornaments we can notice a lot of colours. Their colour depends of few factors: format and amount of metal kations into the water, oxidation condition, crystal dimension (the little calcite crystals are white, and the big one are usually yellow), presence of different organic substance (guano, smoke, carbon) and the vegetation of the terrene above.   Although in the most cases the format of the metal ions has the most important roll for the different colours on the cave ornaments. So, if the water that drops has presence of iron, oxides, hematite, the lime colour on the cave ornaments will be yellow, yellow – white, orange, red; presence of manganese give black, grey or blue colour; presence of cuprum give blue, blue-green and green colour; sulphur, yellow colour; nickel colours the ornaments in yellow or light green colour and the presence of clay, dust in the water, gives brown and red colour.  Organic materials such as guano, humus and fulvic acids are colouring the cave ornaments in red, dark red, orange, black and yellow colour.

Methods for ascertainment the age of the cave ornaments

Today, for ascertainment the age of the cave ornaments are used different kind of methods, but only two of them can provide us with relevant information. With the first method we can find out the procentual presence of isotope carbon 14C in the sediment calcium carbonate on the cave ornaments. With this method we can confirm age of 38000-48000 years, with a 10% chance for a mistake and assumption that the lime stone where the cave is formatted, does not contain isotope 14C , because it’s old enough concerning the period  of half disintegration of the isotope which is 5570 years. The other method is by assessing the format of the radioactive isotopes of uran and thorium, and the max age that can be confirmed is 35000-40000 years. For this method to be successful we need a sample that is compact, without any admixtures and crystallized like calcite, not like aragonite. The chance for mistake is maximum 5 %. Both of these methods are very expensive and that is the reason why in a single cave in Republic of Macedonia the age of cave ornaments is not ascertainment.

Cave Fauna

Во пештерите, според Латтингер и Твртковиц (1986),  постојат повеќе биотопи, односно заедници на жив свет кои се населени во:

  • полумрачните влезови каде живиот свет се сменува во зависност од годишното време;
  • внатрешните делови на пештерите каде на ѕидовите, пештерските украси и пукнатините живеат најтипичните копнени подземни организми;
  • глинената подлога во која живеат автотрофни бактерии многу важни за исхраната на подземните организми кога се во фаза на кукла;
  • гуано (измет од лилјаци) кој е воедно и најхранливиот супстрат во подземјето;
  • тенките слоеви на вода кои се преливаат по пештерските ѕидови и украси;
  • брзите подземни води;
  • површината на заматените води;
  • дното на мирните води каде живеат типични подземни водни животни;
  • просторите помеѓу честиците песок и шљунак во водните наноси.

Организмите чиј цел животен циклус е врзан исклучиво за подземјето се нарекуваат троглобити (Troglobites). Тие се одликуваат со потполно губење на пигментот, закржлавени очи и значително подолги пипалки и сетилни влакна.

  • Троглофили (Troglophiles) се површински организми кои во подземјето поминуваат еден дел од годината (некои примероци може да останат поврзани со подземјето и целиот животен циклус) или пак то аим служи како засолниште и привремено живеалиште. Вакви организми се: мечки, лилјаци, пештерски гулаби, пештерски скакулци и др.
  • Троглоксени (Trogloxenes) се животни кои во подземјето доспеваат случајно или пак се пасивно внесени со вода. Јасна граница меѓу троглофилите и троглоксените понекогаш  етешко да се определи.

Во подземните карстни облици може да се сретнат и бактерии и билки. Бактериите се особено застапени во гуаното, глинената подлога и во внесените органски остатоци. Печурките живеат во тлото или се паразити на инсектите, а во посетуваните пештери се развиваат од внесените спори. Растенијата се среќаваат во влезните делови каде има доволно светлина за асимилација, а се претставени со: мов (Bryophyta), лишаи (Lichenes) и папрати (Filicales).

Воздушно видео

360 Фото

Галерија

Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).