[rev_slider_vc alias=”smolari”]
[vc_empty_space][vc_text_separator title=”Инфо” color=”black”]

Смоларскиот водопад е сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

Повеќе

Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри, а воедно и единствен водопад од оваа големина кој е активен во текот на целата година.

Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но ова село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски Водопад. За да дојдете до водопадот, треба да патувате по тесен, кривулест пат и да ја намалите брзината бидејќи тракторите и запрежните возила се карактеристични за оваа област. Овде главното занимање е земјоделството.

На патот кон водопадот ќе наидете на мал пазар од каде можете да купите локални производи. Се верува дека планината Беласица крие и уште неколку недопрени водопади до кои речиси е невозможно да се стигне, но звукот од нивното жуборење ќе го чуете како одекнува од страните на планината.

Затвори

[vc_empty_space]
Локација:

Планина Беласица, блиску до с.Смолари, општина Ново Село, Република С. Македонија

Координати:

41.365816, 22.900095

Краток опис:

Смоларскиот водопад е сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

[vc_single_image image=”3283″ img_size=”medium” alignment=”center”][vc_empty_space][vc_text_separator title=”Мени” color=”black”]
[vc_text_separator title=”На Инстаграм” color=”black”]

[instalink id=”5″]

[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”Воздушно видео” color=”black”][vc_empty_space][veso_video_lightbox link_style=”play_button” textalign=”text-center” play_button_color=”#81d742″ video_url=”https://vimeo.com/313530314″]
[vc_empty_space height=”52px”][vc_text_separator title=”360 Фото” color=”black”][vc_single_image image=”2551″ alignment=”center” enable_animation_pro=””][vc_empty_space height=”52px”]
Мени
Welcome!
This is specific platform inside the Nature.mk platform, called web shop. Here where interested citizens and stakeholders have the opportunity use this platform to buy and sell characteristic products and souvenirs from specificic PA in our country (such as entrance fees, souvenirs, specific products from the particular protected area).
Добредојдовте!
Тука е предвидена специјална веб продавница во рамки на Националниот Атлас на заштитени подрачја-nature.mk, каде сите заинтересирани страни (жители во рамки на заштитените подрачја, национални паркови итн.) имаат можност да ги понудат (продаваат/купуваат) своите карактеристични продукти од нивните заштитени подрачја (како влезници, сувенири, специфични производи за одреденото заштитени подрачје).